Шоу Биз
Грандиозен концерт на 1 ноември во чест на роденденот на Бора Чорба
На 1 ноември, токму на денот кога легендарниот Бора Чорба го слави својот роденден, арената „Борис Трајковски“ во Скопје ќе се претвори во центар на најголемото славење на рокенрол духот во регионот. Публиката ја очекува незаборавна вечер исполнета со енергија, страст и вистински звук на гитари.
На сцената ќе настапат некои од најголемите имиња на балканската рок сцена – Влатко Стефановски Трио, легендарната Рибља Чорба, како и популарната Галија. Настанот ќе биде вистински празник за сите љубители на автентичниот рокенрол звук, кој со децении го обликува музичкиот идентитет на овие простори.
Организаторите најавуваат многу изненадувања и специјален гостин, чиј настап се чува во тајност, но ветуваат дека ќе донесе дополнителна магија на вечерта.
Концертот се очекува да биде еден од најпосетените музички настани оваа есен во Македонија, а билетите веќе се бараат повеќе од очекуваното.
Арената „Борис Трајковски“ ќе блесне во полн сјај на 1 ноември – вечер кога Скопје ќе пулсира во ритамот на рокенролот.
Шоу Биз
Антониа Гиговска повторно во трендинг модерната „Чукај, чукај“ стана хит
Што е ново кај Антониа Гиговска? Популарната македонска пејачка деновиве повторно е во центарот на вниманието со нов музички проект кој веќе ги освојува социјалните мрежи и помладата публика. Станува збор за модерна преработка на легендарниот хит „Чукај, чукај“, кој го отпеа заедно со Благица Павловска.
Две генерации од македонската музичка сцена ги здружија силите за да му дадат нов живот на еден од најпознатите домашни хитови. Новата верзија носи современ звук и динамичен ритам, комбинирајќи поп и фолк елементи во стил кој лесно допира и до младата публика.

Во проектот се приклучува и сопругот на Гиговска, Роберт Спасенцовски – Џокер, кој внесува дополнителна енергија со својот рап дел. Зад музичката реализација стојат Дарко Димитров и Медо Цун, додека аранжманот е создаден во соработка со Дамир Имери.

Песната за кратко време стана омилена меѓу младите, а коментарите на социјалните мрежи покажуваат дека публиката одлично ја прифати новата верзија. Многумина коментираат дека проектот успешно ја спојува носталгијата на старите хитови со модерниот музички правец.
Видеоспотот е реализиран во современ стил со впечатлива визуелна приказна, а целиот тим работел на тоа проектот да добие урбан и модерен изглед.

По објавувањето, Гиговска испрати емотивна порака до својата публика, повикувајќи ги луѓето повеќе да се смеат, да простуваат и да живеат со срце, истакнувајќи дека токму таква е пораката што ја носи „Чукај, чукај“. И воедно најави дека со оваа песна, го најавува својот нов албум ,,Жена” и останатите 5 песни кои треба да излезат, како што рече таа – наскоро.

Слободниот простор, од песна до песна Антонија го потполнува како бренд лице на женскиот ракометен клуб ЖРК Атлетик, спојувајќи ја музиката со спортот. А нам ни останува да почекаме за уживањето во нејзините нови песни.
-
Шоу Бизпред 2 месециМала ѕвезда со голем глас – Ива Пауновиќ чекори сигурно кон музичкиот врв!
-
Народнапред 2 неделиДарко Билбиловски претстави нова песна исполнета со емоција – „Само да си моја“
-
Шоу Бизпред 4 неделиЗошто македонската музика „тапка во место“ и како легендите како Александар Сариевски го чуваат идентитетот
-
Шоу Бизпред 1 месец„Позитив бенд“ – музика, еуфорија, енергија – гаранција за добра забава
-
Некатегоризиранопред 1 месецМладата Викторија Ефтимова го претстави новиот сингл „Идеали“
-
Шоу Бизпред 3 месециСека Алексиќ и Раста на иста сцена во Арена „Јане Сандански“
-
Народнапред 3 неделиВаска Илиева – гласот што ја претвори македонската песна во идентитет
-
Шоу Бизпред 2 неделиЗона М1 се слуша и под вода – нова можност за пораки од дијаспората
