Шоу Биз
Културното лето 2025 во Ѓорче Петров завршува со петдневен спектакл
По повеќенеделната програма исполнета со концерти, детски претстави и забавни содржини, годинешното Културно лето 2025 во општина Ѓорче Петров влегува во својата завршна фаза. Финалето ќе трае цели пет дена и ветува уште побогата и поразновидна програма која ќе ги задоволи сите вкусови – од љубителите на фолклорот, преку младите кои бараат добра забава, па сѐ до најмладата публика.
Програмата започнува во среда, на 17 септември, кога на платото пред „Тинекс“ ќе настапат македонски фолк ѕвезди со песни од фестивалот „Гоце фест“. Почетокот е во 19:00 часот.

Четврток, 18 септември, е резервиран за стартот на тридневниот пивски фестивал „Октобарфест“ во реонскиот парк на Ѓорче Петров. Настанот ќе го отвори женскиот хор „Фрида“ под водство на Сузана Турунџиева. Потоа следуваат настапи на „Контра план“ и популарното дуо „Куку леле“, додека вечерта ќе ја заокружи ДЈ Александар Јордановски.

Забавата продолжува и во петок, 19 септември, со настапи на Даниел Дан, проектот „Пауза за ракија“ и рок концертот на Дани Димитровска.

Саботата, 20 септември, носи богата програма уште од пладне – детски концерт на гудачкиот квартет на Пламенка Трајковска и претставата на „Фамилија Металковци“. Вечерниот дел ќе го исполнат „Макбрас“, „Acoustic Solutions“, Огнен Здравковски, а за големото финале ќе настапат 2Бона.

Последниот ден, недела, 21 септември, е посветен на традицијата. Со почеток во 12:00 часот ќе се одржи манифестацијата „На гости во Ханриево“ во организација на ЕФЗ „Седум осмини“, со настапи на фолклорни ансамбли и културно-уметнички друштва. Завршницата на целото Културно лето ќе биде во знакот на филмот – со „Бунт на куклите“ и „Хај – Фај“ во рамки на проектот „Летно кино во Ѓорче“.


Со ваков раскошен распоред, Културното лето 2025 во Ѓорче Петров уште еднаш ја потврдува својата улога како еден од најзначајните културни настани во Скопје, кој истовремено нуди традиција, уметност и забава за сите генерации.
Шоу Биз
ПРВАТА ПЕСНА Е ТУКА – ДЕЈАН СТЕВАНОВ СО „МАГИЧЕН КРУГ“ ЗАПОЧНУВА НОВО МУЗИЧКО ПОГЛАВЈЕ
На македонската музичка сцена пристигнува нова музичка приказна! Дејан Стеванов денеска премиерно го претставува своето музичко првенче, песната „Магичен круг“, со која го прави првиот официјален чекор кон поширока музичка афирмација. Песната промотивно денеска се пушта во етерот на Радио Зона М1, од каде што започнува нејзиниот пат до слушателите и љубителите на добрата музика.
Станува збор за песна зад која застанува проверена авторска и продукциска екипа. Музиката и текстот се дело на Баже Темелков, аранжманот и продукцијата ги потпишува Саше Младеновски, додека со својот пратечки вокал песната ја збогатува Емилија Иванова. „Магичен круг“ е снимена во студиото на Саше Младеновски, каде што е создадена и финалната звучна приказна на оваа композиција.

Инаку, Дејан Стеванов не е непознат за публиката кога станува збор за живите настапи. Активно настапува по клубови, кафани и на приватни прослави, каде што со својата енергија, музика и непосредна комуникација со публиката знае да направи одлична атмосфера и незаборавни забави.
Со „Магичен круг“ Дејан сега прави чекор повеќе, од настапите во живо кон сопствена музичка приказна, оставајќи го својот прв авторски музички печат.
Секој почеток носи посебна возбуда, но и можност за нови успеси. За Дејан Стеванов ова е почеток на едно ново музичко поглавје, а останува да видиме колку брзо „Магичен круг“ ќе го освои патот до срцата на слушателите.




Со „Магичен круг“ Дејан Стеванов не само што го потврдува своето музичко присуство на музичката сцена, туку испраќа јасна порака дека е подготвен за нови предизвици, нови настапи и освојување на публиката и со сопствена музика. Првото музичко првенче е тука, а амбициите се насочени кон многу повеќе од еден музички почеток!
Публиката што веќе го познава од неговите настапи сега има можност да го запознае и преку неговата прва песна. А кој знае, можеби токму „Магичен круг“ ќе биде композицијата со која името на Дејан Стеванов сè почесто ќе се слуша на музичките фреквенции и насекаде каде што се бара добра песна и вистинска забава!
Слушнете ја, запознајте ја и поддржете ја новата музичка приказна на Дејан Стеванов! „Магичен круг“ денеска премиерно во етерот на Радио Зона М1 затоа што секоја голема музичка приказна започнува со една прва песна!
-
Шоу Бизпред 8 месециМала ѕвезда со голем глас – Ива Пауновиќ чекори сигурно кон музичкиот врв!
-
Народнапред 6 месециДарко Билбиловски претстави нова песна исполнета со емоција – „Само да си моја“
-
Шоу Бизпред 7 месециЗошто македонската музика „тапка во место“ и како легендите како Александар Сариевски го чуваат идентитетот
-
Шоу Бизпред 4 месециЅвездени носталгии тема – Горчлива чаша 14.07.2026
-
Шоу Бизпред 7 месеци„Позитив бенд“ – музика, еуфорија, енергија – гаранција за добра забава
-
Шоу Бизпред 6 месециКога ќе се спојат Илчо Париси и Спасе Антевски атмосферата станува спектакл!
-
Некатегоризиранопред 7 месециМладата Викторија Ефтимова го претстави новиот сингл „Идеали“
-
Шоу Бизпред 4 месециЅвездени носталгии тема – Гламур 07.07.2026
