Народна
„Каде сте Македончиња“ уште еднаш оживува – Андријана Јаневска со моќна изведба
Во рамки на проектот ,,Македонијо во срце те носиме”, нашата Андријана Јаневска го претстави своето ново препевање на легендарната песна ,,Каде сте македончиња”, емотивна композиција која длабоко го допира секој што ја слушнал.



Песната, која за прв пат ја испеа Александар Сарев во 1987 година на Фолк фест Валандово, е дело на Бранко Ѓоргиевски-Кецовски и претставува музички споменик за егзодусот на Македонците од Егејскиот дел на Македонија. Со своите зборови, песната ја пренесува болката на генерации кои биле присилени да ги напуштат своите домови, но и неизгасливата љубов кон татковината.



Во новата верзија, гласот на Андријана Јаневска ѝ дава свежа и современа интерпретација, притоа задржувајќи ја оригиналната сила на пораката. Музичкото видео, кое ја следи песната, е дополнето со архивски сцени и фотографии од бегалците од Егејска Македонија, потсетувајќи нè на вистинските луѓе и приказни зад стиховите.


Проектот ,,Македонијо во срце те носиме” има за цел да ги оживее и зачува македонските патриотски песни преку современи изведби, носејќи ги поблиску до помладите генерации и пренесувајќи ја историјата низ музика.


Со ова препевање, „Каде сте Македончиња“ уште еднаш оживува како глас на минатото што нè повикува да не заборавиме кои сме и да го чуваме нашето наследство.
Народна
Туѓината, емоцијата и Македонија во една песна – На 2 август излегува „Летај соколе“ на Горд Македонец и Стефанија Костадинова
На македонската музичка сцена се раѓа една нова, искрена и силно емотивна приказна, создадена од две млади личности кои ги спојува нешто многу поголемо од музиката, а тоа е љубовта кон Македонија и љубовта кон песната.
Димче Ѓорѓиовски, момчето кое стои зад препознатливиот профил „Горд Македонец“, за кого Естрада.мк веќе пишуваше, одамна не е само интернет лик. Тој стана симбол на млад човек кој со огромна страст ја промовира Македонија, нејзините традиции, песна, музика и корени. Во време кога многумина забораваат од каде потекнуваат, Димче со секоја своја објава потсетува дека македонскиот дух сè уште живее силно.
Од другата страна е младата и исклучително талентирана Стефанија Костадинова, девојка која има само 16 години, но зад себе веќе носи сериозна музичка приказна. Нејзината љубов кон музиката започнала уште на тригодишна возраст, а уште како дете чувствувала дека песната е нејзиниот животен пат. На само 12 години почнува да објавува видеа на социјалните мрежи, а токму таму нејзиниот талент почнува да привлекува внимание. Следуваат настапи на регионални и државни натпревари по соло пеење, каде што освојува бројни први места и признанија.





Големиот пресврт доаѓа во 2024 година, кога Стефанија учествува на „Македонско Талент Шоу“. Иако имала само 14 години, успева да победи и како награда ја добива својата прва авторска песна – „Заспана убавица“. Потоа настапува и на Art In Festival, каде што освојува фантастични 99 поени и прва награда, а нејзиниот талент ја носи и на престижното музичко натпреварување Hype Zvezde, каде што како најмлада натпреварувачка на само 16 години се пласира меѓу топ 20 финалистите.
И токму тука започнува приказната која деновиве привлекува огромно внимание. Димче и Стефанија ги спои нивниот нов дует „Летај соколе“, песна која носи силна емоција и порака што ќе ја почувствува секој Македонец, без разлика дали живее дома или далеку од татковината. Текстот е дело на Димче Ѓорѓиовски, музиката ја создава тој со делумна помош на AI технологија, додека видеоспотот е реализиран во соработка со Дејан Горгиев и Balkan Music TV. Мизиката е снимена во Д1 студио кај Јован Василевски од Тетово кој што направи Master&voc recording на песната. Димче исто така упатува благодарност до неговите помагатели ,,Македонско катче” од Скопје, до сите оние кои им помогнаа околу костимите и македонските народни носии, а тоа се: Дом на Култура ..Илинден” Демир Хисар, Академија “Еуроарт” и Ансамбл “Јанко Глигоров” Свети Николе.
Песната зборува за туѓината, разделбата, копнежот по родниот крај и судбината на Македонецот кој често мора да замине далеку, но никогаш не ја заборава својата земја. Во неа се испреплетуваат младешката енергија, патриотската емоција и современиот музички пристап, што ја прави уште поинтересна за публиката.
Стефанија не ја крие својата благодарност за оваа соработка и со искрени зборови вели: „Сакам да упатам едно огромно благодарам до човекот кој успеа да ме претстави како бисер пред македонскиот народ и човекот кој ми ја пружа најголемата поддршка, а тоа е Димче Ѓорѓиовски, уште познат како Горд Македонец. Баш ми е мило што го запознав и што ми ја пружи шансата да направиме македонски дует ‘Летај соколе’. Пресреќна сум. А во иднина ве очекуваат и нови соработки со него, односно нови проекти.“
Овие зборови јасно покажуваат дека меѓу нив не се раѓа само музичка соработка, туку и силна уметничка и човечка поддршка. Не е случајно што промоцијата на „Летај соколе“ е закажана за 2 август, ден со огромно историско и емоционално значење за македонскиот народ. Многумина веќе ја очекуваат песната како вистинска патриотска и емотивна музичка приказна која може да допре до срцата на Македонците ширум светот.
Стефанија испрати и искрена порака до своите поддржувачи: „Сакам јавно на сите да се заблагодарам за целата поддршка што ми ја пружате. Започнав од нула, а сега стигнав до 4700 следачи на Инстаграм. Ве сакам!“
Токму оваа скромност, искреност и благодарност ја прават уште поблиска до публиката. Во време кога младите често се губат во трендови без вредност, Димче Ѓорѓиовски и Стефанија Костадинова испраќаат поинаква порака, дека македонската песна, традиција и емоција сè уште имаат иднина.
Останува на 2 август да ја слушнеме „Летај соколе“ и да видиме дали оваа песна ќе стане новиот глас на младата генерација која сака да ја носи Македонија во срцето, каде и да се наоѓа. 🇲🇰🎶
-
Шоу Бизпред 4 месециМала ѕвезда со голем глас – Ива Пауновиќ чекори сигурно кон музичкиот врв!
-
Народнапред 3 месециДарко Билбиловски претстави нова песна исполнета со емоција – „Само да си моја“
-
Шоу Бизпред 4 месециЗошто македонската музика „тапка во место“ и како легендите како Александар Сариевски го чуваат идентитетот
-
Шоу Бизпред 3 неделиЅвездени носталгии тема – Горчлива чаша 14.07.2026
-
Шоу Бизпред 4 месеци„Позитив бенд“ – музика, еуфорија, енергија – гаранција за добра забава
-
Шоу Бизпред 3 месециКога ќе се спојат Илчо Париси и Спасе Антевски атмосферата станува спектакл!
-
Некатегоризиранопред 4 месециМладата Викторија Ефтимова го претстави новиот сингл „Идеали“
-
Шоу Бизпред 3 неделиЅвездени носталгии тема – Гламур 07.07.2026
