Народна
Во рамки на проектот „Македонијо во срце те носиме“ Марија Спасовска ја препеа „Ја излези стара мајко“
Младата и талентирана Марија Спасовска има нова музичка приказна, своја интерпретација на македонската народна тема „Ја излези стара мајко“, како дел од реномираниот проект „Македонијо, во срце те носиме“. Овој проект, кој вклучува изведувачи во реинтерпретација на патриотски и народни песни, замислен е да ја оживее и приближи македонската музичка традиција до помладата генерација.

Спасовска, која е позната по учество на „Детската Евровизија“ и мјузиклот „Поточиња“, ја прифати поканата со големо воодушевување. „Ја излези стара мајко“ ѝ овозможува да го покаже својот длабок емоционален и вокален потенцијал. Потсетување на оригиналната емоција и бабинскиот топол дух, таа ја доловува со искрен глас и модерен аранжман од страна на маестро Николче Мицевски, кој е аранжер на целата музичка програма. Преку „Ја излези стара мајко“, таа се обидува да ја инспирира публиката да ја прегрне културната и историска нишка од минатото.



Со вакви реинтерпретации, младите слушатели добиваат можност да ја почувствуваат музичката култура, додека проектот ,,Македонијо во срце те носиме” придонесува и кон поддршка на локалните музички и хуманитарни активности

Со „Ја излези стара мајко“, Марија Спасовска не само што ја збогатува својата музичка кариера, туку ја продолжува важната мисија на проектот — да не потсети кои сме и од каде доаѓаме, низ магијата на музиката.
Народна
Љупчо Јовановски – Бубе – Години кариера, безброј настапи и публика која го сака
Македонската фолк сцена има свои препознатливи имиња, музичари кои не се појавуваат само за да отпеат песна, туку знаат да направат вистинска атмосфера. Еден од нив е Љупчо Јовановски – Бубе, пејач и музичар со долгогодишно искуство, кој и денес активно настапува и ја одржува блиската врска со публиката.
Бубе своето музичко образование го стекнал на Факултетот за музичка уметност во Скопје, каде што дипломирал, а неговиот животен пат низ годините го однел и далеку од Македонија. Тој извесен период живеел и работел со семејството во Австралија, но животот повторно го враќа во Македонија каде и се враќа и на љубовта кон музиката и домашната сцена.




По враќањето продолжува активно да се занимава со музика, а зад себе има настапи на повеќе фестивали, меѓу кои и Тумба Фест и Охрид Фест, фестивалски сцени кои низ годините беа важен дел од македонската забавна и фолк музика.
Публиката го препознава и по неговите песни „Кумановска брука“, „Насмевни се за збогум“, „Ноќва е лом“ и „Војна и љубов“, песни кои се дел од неговиот музички печат и кои продолжуваат да живеат меѓу љубителите на македонската фолк музика.



Но, она по што Бубе особено го препознава неговата публика е живиот настап. Без разлика дали станува збор за ресторан, клуб или друга прослава, неговите настапи се исполнети со музика, расположение и директна комуникација со публиката. А токму тоа е нешто што не се учи само во музичките училишта – потребно е искуство, чувство за публика и способност од обичен настап да се направи вечер за паметење.
Со својот карактеристичен пристап, богат репертоар и долгогодишно сценско искуство, Љупчо Јовановски – Бубе и понатаму е активен на македонската музичка сцена. Настапите во локалите се неговата секојдневна средба со публиката, а кога Бубе ќе застане пред микрофонот, очигледно е дека вечерта не е резервирана само за слушање музика, туку за песна, дружење и добра забава до последниот рефрен.
И додека музичките трендови се менуваат, имињата кои зад себе имаат години работа, искуство и љубов кон сцената остануваат препознатливи. А Љупчо Јовановски – Бубе продолжува токму по тој пат со музика, настапи и публика која знае што може да очекува кога тој ќе го земе микрофонот.
-
Шоу Бизпред 7 месециМала ѕвезда со голем глас – Ива Пауновиќ чекори сигурно кон музичкиот врв!
-
Народнапред 6 месециДарко Билбиловски претстави нова песна исполнета со емоција – „Само да си моја“
-
Шоу Бизпред 6 месециЗошто македонската музика „тапка во место“ и како легендите како Александар Сариевски го чуваат идентитетот
-
Шоу Бизпред 3 месециЅвездени носталгии тема – Горчлива чаша 14.07.2026
-
Шоу Бизпред 6 месеци„Позитив бенд“ – музика, еуфорија, енергија – гаранција за добра забава
-
Шоу Бизпред 5 месециКога ќе се спојат Илчо Париси и Спасе Антевски атмосферата станува спектакл!
-
Некатегоризиранопред 6 месециМладата Викторија Ефтимова го претстави новиот сингл „Идеали“
-
Шоу Бизпред 3 месециЅвездени носталгии тема – Гламур 07.07.2026
