Народна
Во рамки на проектот ,,Македонијо во срце те носиме” Спасен Сиљаноски со нова обработка на песната „Како што е таа чаша“
Во рамките на музичкиот проект „Македонијо во срце те носиме“, кој има за цел да ги оживее старите македонски народни песни преку нови аранжмани и современи изведувачи, вчера беше објавена четвртата песна од серијалот – „Како што е таа чаша“, во изведба на Сапсен Сиљаноски.
Познатиот пејач, кој неодамна се врати од краток одмор во Дубровник, оваа класична народна песна ја претстави во модерен, но емотивно автентичен аранжман. Со оваа изведба, Сиљаноски успеа да ја задржи душата на македонската традиција, додека истовремено ѝ внесе свежа енергија и современ звук.

Песната „Како што е таа чаша“ претставува дел од богатото културно наследство на Македонија. Како прв познат изведувач се смета легендарниот Александар Сариевски, чие име е нераскинливо поврзано со македонската народна музика. Подоцна, песната ја препеаја и големи имиња како Петранка Костадинова, Никола Бадев, како и дуетот Селимова–Желчевски и многу други, со што, секој на свој начин оставија трага врз оваа мелодиска и емотивна тема.

Изведбата на Сиљаноски е четврта по ред во рамки на проектот „Македонијо во срце те носиме“, кој има за цел преку современи артисти да го зачува и промовира македонскиот музички идентитет. Претходните три песни веќе добија позитивни критики.
Се разбира песната е пропратена со прекрасен видео запис во кој, Спасен Сиљаноски се појавува во автентично македонско амбиентално опкружување – чаша со вино, ноќна светлина и традиционални детали кои ја нагласуваат емоцијата на песната. Камерата фокусира на изразот на пејачот, додека топлиот аранжман ја придружува меланхолијата и длабочината на оваа стара македонска народна песна. Визуелната естетика е едноставна, но моќна – вистинско визуелно продолжение на музичката душа.

Проектот „Македонијо во срце те носиме“ е пример за успешно негување на музичката традиција. Секоја песна од проектот претставува мост меѓу минатото и сегашноста, создавајќи културен континуитет кој ја зачувува македонската душа.
Со секоја нова обработка, „Македонијо во срце те носиме“ продолжува да зближува генерации, култури и времиња – од Старите мајстори до новите интерпретатори, траејќи како мост помеѓу минатото и сегашноста на македонската музика.
Во очекување, сме на следната песна од проектот ,,Македонијо во срце те носиме”.
Народна
Анета Љумаковска со моќна нова песна „Жена“ – ода за силата, достоинството и емоцијата на современата жена!
Македонската пејачка Анета Љумаковска повторно го воодушеви својот круг на обожаватели со новиот сингл „Жена“, песна која уште од првото слушање допира длабоко во душата. Со моќна интерпретација и искрена емоција, Анета испраќа силна порака за жената како симбол на сила, љубов и достоинство, а нејзиниот глас во себе носи моќ, сила и гордост што е и таа една од тие жени.


Песната е дело на текстописецот Анита Даева, додека за музиката и аранжманот стои Дејан Момироски од XL Studio, кој успеал да создаде совршена емотивна мелодика што ја издигнува нумерата на едно повисоко уметничко ниво.


Посебен печат на проектот му дава и видеоспотот, кој е снимен низ познатите улици и места на Рим. Под режисерска палка на Art Studio – Дејан Ѓоргиев и Давид Стојковски, визуелната приказна ја следи емоцијата на песната, жена која минувала низ искушенија, но гордо и достоинствено стои исправена, како симбол на сила и љубов.

Анета со „Жена“ покажува дека нејзината музика е повеќе од звук, тоа е исповед, порака и инспирација за сите жени кои секојдневно се борат, љубат и простуваат, но никогаш не се предаваат.

Со оваа нумера, Љумакова уште еднаш докажа дека има уникатен вокал и стил што не може да се игнорира. „Жена“ е песна која не само се слуша, таа се чувствува со срце.
-
Некатегоризиранопред 1 недела„Аска 2“ доаѓа на 2 декември – нов музички бум од Теа Таировиќ
-
Шоу Бизпред 3 месециНа 18-ти септември село Булачани ќе чука „во ритам на хуманоста“ со голем концерт
-
Шоу Бизпред 3 месециНастапот на Раде Младеновски на Тумба Фест го потврди неговиот подем на македонската сцена
-
Шоу Бизпред 5 месециВодителката Биљана Коцева – Алексова на пат за Острог
-
Шоу Бизпред 5 месециИмпресиите на Бици по враќањето од Острошкиот манастир
-
Шоу Бизпред 4 месециМиро Костовски – Бизнисмен со срце, југоносталгичар со душа и човек кој знае да го слави живот
-
Шоу Бизпред 2 месециНино и Мац со голем исчекор – склучија договор со продукција ‘Зона М1’ и тргнуваат кон регионален успех!
-
Народнапред 3 неделиКој стои зад „Горд Македонец“
