Поврзете се со нас

Народна

Наум Петрески снима нов музички проект – дали се работи нова песна или за легендарна песна во нов аранжман?

Објавено

на

Македонскиот естраден уметник Наум Петрески моментално со своите пријатели одмара во живописното село Радожда, но тоа не значи дека музата го оставила. Пред неколку дена, тој преку својот Фејсбук профил најави дека работи на нов музички проект, оставајќи многу од своите следбеници во исчекување и претпоставки.

Иако не сподели многу детали, статусот што го објави предизвика бројни реакции и шпекулации. Некои фанови веруваат дека станува збор за целосно нова песна, додека други, според содржината на објавата, се сомневаат дека Петрески снима повторно некоја од своите легендарни нумери – овојпат во нов, современ аранжман.

„Снимање на песна, легенда во ново руво,“ напиша пејачот. Токму таа изјава ги наведе многумина да помислат дека станува збор за обновена верзија на некоја стара, добро позната песна со која Петрески оставил трага на македонската музичка сцена.

Реклама
Во Твоја Зона

Инаку, Наум Петрески е познат по својата љубов кон традицијата и често умеел да им даде нов живот на изворните македонски песни преку модерни аранжмани. Дали тоа е случај и сега – останува да видиме.

И Естрада.мк со нетрпение очекува да види за што се работи и резултатот да го сподели со своите читатели.

Реклама
Во Твоја Зона
Продолжи со читање
Реклама Во Твоја Зона

Народна

Љупчо Јовановски – Бубе – Години кариера, безброј настапи и публика која го сака

Објавено

на

Од

Македонската фолк сцена има свои препознатливи имиња, музичари кои не се појавуваат само за да отпеат песна, туку знаат да направат вистинска атмосфера. Еден од нив е Љупчо Јовановски – Бубе, пејач и музичар со долгогодишно искуство, кој и денес активно настапува и ја одржува блиската врска со публиката.

Бубе своето музичко образование го стекнал на Факултетот за музичка уметност во Скопје, каде што дипломирал, а неговиот животен пат низ годините го однел и далеку од Македонија. Тој извесен период живеел и работел со семејството во Австралија, но животот повторно го враќа во Македонија каде и се враќа и на љубовта кон музиката и домашната сцена.

По враќањето продолжува активно да се занимава со музика, а зад себе има настапи на повеќе фестивали, меѓу кои и Тумба Фест и Охрид Фест, фестивалски сцени кои низ годините беа важен дел од македонската забавна и фолк музика.

Публиката го препознава и по неговите песни „Кумановска брука“, „Насмевни се за збогум“, „Ноќва е лом“ и „Војна и љубов“, песни кои се дел од неговиот музички печат и кои продолжуваат да живеат меѓу љубителите на македонската фолк музика.

Реклама
Во Твоја Зона

Но, она по што Бубе особено го препознава неговата публика е живиот настап. Без разлика дали станува збор за ресторан, клуб или друга прослава, неговите настапи се исполнети со музика, расположение и директна комуникација со публиката. А токму тоа е нешто што не се учи само во музичките училишта – потребно е искуство, чувство за публика и способност од обичен настап да се направи вечер за паметење.

Со својот карактеристичен пристап, богат репертоар и долгогодишно сценско искуство, Љупчо Јовановски – Бубе и понатаму е активен на македонската музичка сцена. Настапите во локалите се неговата секојдневна средба со публиката, а кога Бубе ќе застане пред микрофонот, очигледно е дека вечерта не е резервирана само за слушање музика, туку за песна, дружење и добра забава до последниот рефрен.

И додека музичките трендови се менуваат, имињата кои зад себе имаат години работа, искуство и љубов кон сцената остануваат препознатливи. А Љупчо Јовановски – Бубе продолжува токму по тој пат со музика, настапи и публика која знае што може да очекува кога тој ќе го земе микрофонот.

Реклама
Во Твоја Зона
Продолжи со читање
Реклама
Реклама
Реклама Во Твоја Зона
Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
Реклама

ПОПУЛАРНИ