Поврзете се со нас

Шоу Биз

Вчера вечер прекинато финалето на Ѕвездите на Гранд

Објавено

на

Со оглед на ситуацијата во Белград и уличните немири, синоќа, во тек на емитувањето на финалето на Ѕвездите на Гранд, после првиот круг, во кој сите натпреварувачи се претставија, продукцијата реши да ја прекине финалната вечер.

Со најава за вонредни вести натпреварувањето беше прекинато, а во вонредните вести се известуваше за инцидентите на улиците во кои била нападната и полицијата.

Реклама

Водителката Ана Севиќ кажа дека продукцијата се одлучила на овој чекор, затоа што не е фер натпреварувачите од Србија да бидат оштетени, затоа што емисијата не се емитувала во цела Србија.

Исто така најави дека натпреварувањето продолжува следната сабота, со тоа што емисијата ќе се емитува низ цела Србија и сите натпреварувачи ќе имаат еднаков третман и шанса за победа.

Реклама

Македонскиот финалист во Ѕвездите на Гранд, Никола Станишиќ рече дека му е жал што е прекинато натпреварувањето, но така морало да биде бидејќи низ Белград се случувал хаос. Исто така нагласи дека гласовите кои публиката вчера ги дала за него ќе важат и наредната сабота, за кога е презакажано продолжувањето на натпреварот.

Реклама
Продолжи со читање
Реклама

Шоу Биз

Сека Алексиќ и Раста на иста сцена во Арена „Јане Сандански“

Објавено

на

Од

Скопје на 14 март 2026 година ќе биде центар на регионалната музичка сцена. Во сабота, во Арена „Јане Сандански“, публиката ќе има можност да присуствува на вистински музички спектакл на кој за првпат на иста сцена ќе настапат две големи ѕвезди – Сека Алексиќ и Раста.

Организаторите најавуваат вечер исполнета со врвна продукција, моќен звук и светлосно шоу, како и сет-листи составени од најголемите хитови на двајцата артисти. Концертот ветува спој на силни емоции, балади и препознатливата енергија на Сека Алексиќ, надополнети со урбаниот ритам и модерниот музички израз на Раста.

Овој музички настан се очекува да привлече илјадници посетители од земјава и регионот, кои ќе ја наполнат арената и ќе создадат атмосфера што долго ќе се памети. Комбинацијата на две различни, но подеднакво моќни музички естетики, според најавите, ќе понуди уникатно концертно доживување за сите генерации.

Реклама

Влезниците наскоро ќе бидат пуштени во продажба преку платформите www.vleznica.mk, www.karti.com.mk и www.ticketx.com.mk.

14 март 2026 – датум што љубителите на добрата музика веќе го заокружуваат во своите календари.

Реклама
Продолжи со читање
Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
Реклама

ПОПУЛАРНИ