Поврзете се со нас

Шоу Биз

Марко Михајловиќ – младиот клавијатурист од Србија со нови музички хоризонти

Објавено

на

Марко Михајловиќ е име кое сè почесто се спомнува на музичката сцена на Балканот. Овој талентиран музичар од Србија, кој е познат по својот виртуозен стил на свирење клавијатура, полека но сигурно го пробива патот кон поширока регионална и меѓународна афирмација.

Неговата страст кон музиката започнува уште од најрана возраст, но токму преку соработките со реномирани музички продуценти и артисти тој се наметнува како сериозен професионалец во светот на модерната поп и естрадна сцена. Како активен соработник на BRMA Music – продуцентска куќа во Србија, која сѐ повеќе се наметнува како лидер во областа на професионалната аудиопродукција за Korg клавијатури. Марко продолжува да ја гради својата кариера со цврст фокус на иновација и оригиналност.

Во последниот период, Михајловиќ остварува блиска соработка со Продукција Зона М1 и Марјан Тасевски, кој делува како негов официјален менаџер за територијата на Македонија. Тасевски, го препознава потенцијалот и уметничкиот карактер на Михајловиќ и веќе активно работи на нови проекти за кои, според неофицијални извори, се очекува да бидат вистинско освежување на регионалната сцена.

Реклама
Во Твоја Зона

Иако деталите за нивната идна работа сè уште се држат во тајност, она што може да се забележи е дека оваа соработка ветува значајни и креативни поместувања во сферата на современата музика. Интеграцијата на српската и македонската музичка сцена преку вакви иницијативи е повеќе од добредојдена – таа создава мостови помеѓу талентираните уметници и пошироката публика.

Сè на сè, Марко Михајловиќ е уметник кој вреди да се следи – неговата посветеност, соработките со врвни професионалци и неговата визија за иднината се сигурен знак дека најдоброто допрва следи.

Реклама
Во Твоја Зона
Продолжи со читање
Реклама Во Твоја Зона

Шоу Биз

ДЕЈАН БЛАЖЕВСКИ – ЧОВЕКОТ КОЈ РЕЧИСИ ТРИ ДЕЦЕНИИ СОЗДАВА НОЌЕН ЖИВОТ, ОД „РОТМАНС“ ДО ДЕНЕШНИОТ POOL BAR

Објавено

на

Од

Некои места не се паметат само по музиката, забавите и добрата атмосфера, туку и по луѓето кои стојат зад нив. А кога станува збор за Дејан Блажевски, станува збор за човек кој уште од деведесеттите години знае што значи да се создаде место на кое луѓето со задоволство се враќаат. Урбан боем со менаџерски дух, човек со чувство за добра забава и препознатлив социјален ритам, кој речиси три децении успешно ја одржува приказната за едно место кое со годините го менува името, но не и својот дух.

Приказната започнува уште во 1995 година, кога под името „Ротманс“ овој кафич станува едно од местата каде младите се собираат, се дружат и создаваат спомени. Тоа беа времиња кога добрата музика, друштвото и вистинската атмосфера беа доволна причина за една незаборавна вечер. Се организираа забави, зад пултот застануваа диџеи, а меѓу нив и Марјан Тасевски, познат како DJ Мац од Радио Зона М1, кој со своите музички сетови беше дел од тогашната забавна приказна.

„Ротманс“ не беше само кафич, туку место на генерации, место на дружења, познанства, симпатии и ноќи кои и денес сигурно будат убави спомени кај оние кои биле дел од таа приказна.

Реклама
Во Твоја Зона

Но, времето носи промени, а вистинските луѓе знаат како да ги препознаат и да ги претворат во нови можности. Така, Дејан Блажевски, со своето долгогодишно искуство, чувство за угостителство и менаџерски инстинкт, ја продолжува приказната, но во едно ново, современо издание – Pool bar.

Денес, Pool bar е место кое има свој препознатлив забавен ритам и публика, простор во кој викендите се резервирани за добра музика, дружење и позитивна енергија. Петочните и саботните вечери редовно носат нови поводи за излегување, а програмата е осмислена така што секој може да пронајде нешто за себе. Од забави со диџеи и караоке вечери до хуманитарни настани, Pool bar покажува дека доброто поминување не мора да значи само забава, туку може да има и хумана димензија.

Она што ја прави оваа приказна интересна е континуитетот. Од времето кога „Ротманс“ ги собираше младите под звуците на тогашните музички хитови, па сè до денешниот Pool bar, идејата останува иста , да се создаде место каде луѓето ќе доаѓаат со насмевка, ќе се забавуваат и ќе си заминуваат со желба повторно да се вратат.

Реклама
Во Твоја Зона

А зад таа приказна стои Дејан Блажевски, човек кој не ја гледа угостителската работа само како бизнис, туку и како можност да создава амбиент, да поврзува луѓе и да биде дел од нивните убави моменти, да се опстои толку години во светот на угостителството не е случајност. Потребни се искуство, истрајност, чувство за публика и способност постојано да се следи духот на времето.

Од „Ротманс“ до Pool bar постојат речиси три децении музика, дружење, забавен и ноќен живот, а Дејан Блажевски и понатаму продолжува да ја пишува својата приказна, со истата идеја дека најдобрите вечери се оние во кои добрата музика, вистинското друштво и позитивната енергија се на едно место.

Реклама
Во Твоја Зона
Продолжи со читање
Реклама Во Твоја Зона
Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
Реклама

ПОПУЛАРНИ