Народна
Од коренот до иднината, македонска песна во ново руво, проектот ,,Македонијо во срце те носиме” со своето второ издание
Проектот „Македонијо, во срце те носиме“ претставува музичка иницијатива чија главна цел е да се зачува, обнови и пренесе македонското народно музичко богатство на новите генерации. Преку современи аранжмани и интерпретации, македонските изведувачи препејуваат познати македонски народни песни, со што им се дава нов живот и се прави мост помеѓу традицијата и модерното време.
Целта на проектот е да се подигне свеста кај младите за значењето на македонската народна музика како дел од нашето културно наследство. Истовремено, се поттикнува љубовта кон татковината преку музика која зборува за македонските вредности, убавини и животот на нашиот народ низ историјата.
Овој проект своето второ издание го започна со Ламбе Алабаковски и песната ,,Како пиреј”, испеана 1994 година на Валандовскиот фестивал од страна Гоце Николовски, а за второто издание на проектот ,,Македонијо во срце те носиме” преработена во аранжман на Никола Мицевски.

Втората песна, со која продолжува овој проект е легендарната ,,Не кажувај либе добра ноќ” во изведба на Петранка Костадинова, Васка Илиева, дуетот Селимова – Желчевски и други македонски изведувачи, овој пат со новиот аранжман на Никола Мицевски ја отпеа Огнен Здравковски, еден од наследниците на самиот автор на песната Наско Џорлев.

Третиот препев му е препуштен на Миле Кузмановски. Тој со својата емотивна и моќна изведба ја препеа антологиската ,,Се собрале комитите”. Песна која е длабоко вкоренета во македонската традиција, македонското срце и душа.
Народната песна отсекогаш била носител на приказни, емоции и вредности кои се пренесувале од генерација на генерација. Со ваков проект, се создава простор младите да се поврзат со своето културно потекло на еден креативен и модерен начин. Освен тоа, се поттикнува уметничкиот израз, музичкиот развој и чувството на гордост кон сопствената земја.
Проектот „Македонијо, во срце те носиме” продолжува да ја реализира својата цел, а во периодот што следува, љубителите на македонската народна песна ќе имаат можност да уживаат во целосната збирка од проектот. Овој проект, е повеќе од музички проект – тоа е израз на љубов, почит и желба за зачувување на македонскиот идентитет преку уметноста. Преку силата на песната, младите им даваат глас на предците и ја пренесуваат нивната приказна низ ново време.
Народна
,,Фолк Фест Роса“ слави 27 години – Една ноќ, многу хитови и незаборавни музички емоции!
Македонската фолк-музика има уште една причина за славење! Еден од фестивалите што оставија свој белег на домашната естрадна сцена, „Фолк Фест Роса“, годинава одбележува 27 години постоење, а големиот јубилеј ќе биде прославен на 9 ноември во Националната опера и балет во Скопје.
Под мотото „Една ноќ – многу хитови“, публиката ја очекува музичка вечер посветена на песните, емоциите и имињата што низ годините ја градат приказната на овој фестивал.
Од своето прво издание во 1999 година, „Фолк Фест Роса“ претставува дел од македонската музичка традиција, овозможувајќи им на афирмираните изведувачи, но и на новите музички надежи, да ја претстават својата песна пред публиката. Низ годините, фестивалската сцена ја споделувале бројни познати фолк-имиња, а дел од песните продолжиле да живеат и долго по нивните премиерни изведби.
Јубилејната вечер е можност повторно да се потсетиме на музиката што буди спомени, на рефрените што се пеат во еден глас и на емоциите што само добрата народна песна може да ги пренесе. Фолкот е музика што ги спојува генерациите, раскажува приказни за љубовта, животот, радоста и тагата, а токму таа блискост со публиката е дел од неговата трајна вредност.
Очекувањата се дека и ова издание ќе донесе вечер исполнета со добра музика, познати естрадни имиња и вистински фестивалски дух. Имињата на учесниците и дополнителните детали за програмата се очекува да бидат објавувани во периодот што следува.
27 години „Фолк Фест Роса“ – 27 години музика, традиција и хитови!
Големиот музички настан ќе се одржи на 9 ноември 2026 година, со почеток во 20 часот, во Националната опера и балет во Скопје. Влезниците се по цена од 400 денари и се достапни преку продажната мрежа на Karti.com.mk.
За дополнителни информации, заинтересираните можат да се обратат на телефонскиот број 070 266 266.
Една вечер, многу хитови и 27 години музичка приказна што продолжува!
-
Шоу Бизпред 7 месециМала ѕвезда со голем глас – Ива Пауновиќ чекори сигурно кон музичкиот врв!
-
Народнапред 6 месециДарко Билбиловски претстави нова песна исполнета со емоција – „Само да си моја“
-
Шоу Бизпред 6 месециЗошто македонската музика „тапка во место“ и како легендите како Александар Сариевски го чуваат идентитетот
-
Шоу Бизпред 3 месециЅвездени носталгии тема – Горчлива чаша 14.07.2026
-
Шоу Бизпред 7 месеци„Позитив бенд“ – музика, еуфорија, енергија – гаранција за добра забава
-
Шоу Бизпред 5 месециКога ќе се спојат Илчо Париси и Спасе Антевски атмосферата станува спектакл!
-
Некатегоризиранопред 7 месециМладата Викторија Ефтимова го претстави новиот сингл „Идеали“
-
Шоу Бизпред 4 месециЅвездени носталгии тема – Гламур 07.07.2026
