Поврзете се со нас

Шоу Биз

Никола Станишиќ победник во Звездите на Гранд

Објавено

на

Никола Станишиќ, нашиот млад и талентиран пеач, вчера вечер го освои првото место на престижното музичко шоу „Звезде Гранда“ и стана нова ѕвезда на балканската музичка сцена. Со својот уникатен вокал и емотивни изведби, тој ја воодушеви публиката и жирито, а неговата победа е само почеток на светла кариера.

Во самото финале беа вкупно 20 кандидати, трето место му припадна на Зоран Ружиќ – Ферари, второто место на Елвис Мешиновиќ и првото место со освоени вкупно 138.714 гласови го освои Никола Станишиќ чиј ментор беше Светлана Ражнатовиќ.

Реклама
Во Твоја Зона

Неговите изведби низ целиот тек на оваа сезона беа одраз на љубовта кон музиката и желбата да се допре до срцето на слушателите. Со своите изведби, во кои претендираа македонските песни, Никола го задржуваше вниманието на публиката, а со тоа и нивните гласови во текот на финалната вечер.

По прогласувањето на победата Никола не можеше да ја сокрие својата среќа и пред камерите зборуваше со голема возбуда. Се обрати и неговата менторка Цеца, која откри дека Никола после трагедијата во Кочани сакал да се откаже од натпреварувањето, таа рече

,,Кога се случи трагедијата во Македонија, Никола сакаше да се откаже. Ми се јави на телефон и рече – Не можам да продолжам, имам трагедија во фамилијата. Јас бев таа што го убеди да се врати, едноставно му објаснив дека ништо не може да ја смени таа ситуација, тоа е нешто што го потресе цел Балкан, а тој може со својата песна и талент да ги допре срцата”

Реклама
Во Твоја Зона

Понатаму Цеца откри дека верувала во Никола уште од првиот ден, неговиот талент и харизма ја освојувале пбликата и стручното жири, а сега на крајот од се, му посака успешна кариера.

Како победник на оваа сезона Никола Станишиќ добива автомобил, песна со комплетен маркетинг и за прв пат оваа година доби специјална плакета во спомен на основачот на Звезде гранда Саша Поповиќ. Плакетата му ја врачи лично Сузана Јовановиќ, сопругата на Саша Поповиќ

Естрада.мк му посакува успешна кариера на Никола.

Реклама
Во Твоја Зона
Продолжи со читање
Реклама Во Твоја Зона

Шоу Биз

Штипска Пастрмајлијада 2026 – Два дена уживање, повеќе од 30 угостители и големи музички имиња

Објавено

на

Од

Штип и годинава се подготвува за едно од најпосетените гастрономско-забавни случувања во земјава. На 18 и 19 септември, градот повторно ќе биде домаќин на „Пастрмајлијада 2026“, манифестација која одамна ја надмина локалната традиција и прерасна во препознатлив настан за посетители од цела Македонија и регионот.

Овогодишното издание ќе се одвива на две локации – шеталиштето „Ванчо Прќе“ и Градскиот стадион. На двете места ќе има можност за дегустација на штипската пастрмајлија, а продажбата ќе се одвива преку унифицирани објекти, поставени неколку дена пред почетокот на манифестацијата. Новиот концепт е дел од настојувањето организацијата да биде пофункционална и попрегледна за гостите.

Програмата започнува во петок од 13 часот, со традиционалното сечење на џиновската штипска пастрмајлија, по што следуваат настапи на културно-уметнички друштва, диџеј-програма и музички настапи. На шеталиштето „Ванчо Прќе“ ќе настапат Лара Ивановска, Таско и српската пејачка Сара Јо.

Централната концертна вечер е закажана на Градскиот стадион, каде публиката ќе има можност да ужива во настапите на Јован Јованов и Елвир Мехиќ, а главната ѕвезда на вечерта ќе биде познатиот српски пејач Жељко Јоксимовиќ.

Покрај музичката програма, во фокусот останува она по што Штип е надалеку препознатлив – пастрмајлијата. За подготовката и понудата на специјалитетот ќе се погрижат повеќе од 30 угостители, а организаторите најавуваат дека цената ќе остане 250 денари, и покрај зголемените трошоци.

Реклама
Во Твоја Зона

За полесно пристигнување и движење на очекуваните илјадници посетители, ќе бидат обезбедени дополнителни паркинг-површини, а во текот на манифестацијата ќе има и измени во сообраќајниот режим.

Со спојот на традиционалниот вкус, музиката и гостопримството, „Пастрмајлијада 2026“ и годинава го потврдува Штип како град во кој добрата храна и добрата забава одат заедно.

Реклама
Во Твоја Зона

18 и 19 септември – Штип ве очекува на Пастрмајлијада 2026!

Реклама
Во Твоја Зона
Продолжи со читање
Реклама
Реклама
Реклама Во Твоја Зона
Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
Реклама

ПОПУЛАРНИ