Поврзете се со нас

ЗАБАВНА

Нокаут со нов видео запис

Објавено

на

Вчера Нокаут ја промовираше својата нова песна именувана како ,,Никој освен тебе”. Песната е вистински стиховен и музички подарок за сите оние кои веруваат во моќта на емоциите и на љубовта, текст кој добро ја доловува естетиката на Нокаут и нивната тенденција да создаваат песни со силна емоционална тежина.

Музиката, текстот и аранжманот се дело на фронтменот Никола Перевски – Пере, кој и продолжува да докажува дека една од носечките фигури на македонската поп – рок музичка сцена. Дарко Димитров се погрижи за миксот, постпродукцијата и мастерингот. Режисер на видео записот е Стефан Рајхл, монтажата е на Александар Пауновски – Леце, а постпродукцијата на Кристијан Теодоров.

Реклама

Видео записот е визуално минималистички, но со фокус на чувствата што песната ги носи – љубов, посветеност и интимност.

Самиот видео запис содржи скромни, интимни кадри од фронтменот Пере – насочени кон публиката и се чувствува емоционалниот набој на песната. Може да се види и чуе професионална обработка на звукот, типична за соработката со Дарко Димитров – чист кристален звук и добро балансиран микс. Монтажата и визуелниот стил ги поврзуваат музичката и естетската димензија, создавајќи атмосфера која ги нагласува текстот и мелодијата.

Реклама

За сите љубители на македонската музика, оваа песна и спот се одличен пример за тоа како модерно, квалитетно продукциско ниво може да оди рака под рака со емотивна и искрена изведба, а Нокаут уште еднаш покажаа дека се едни од клучните фигури на Македонската музичка сцена.

Реклама
Продолжи со читање
Реклама

ЗАБАВНА

Ретро спектакл во Скопје – „Forever Young 2025“

Објавено

на

Од

На 28 ноември (петок), во модерниот Event Expo Center кај новата железничка станица, скопјани ќе имаат можност да уживаат во незаборавна ретро журка насловена „Forever Young 2025“ – настан посветен на генерациите кои пораснаа, но никогаш не престанаа да бидат млади во душата.

Настанот е замислен како враќање во времето кога владееја диско ритмовите, кога танцувањето беше стил на живот, а забавата траеше до раните утрински часови. „Forever Young 2025“ ќе биде вечер исполнета со музички хитови од 70-тите, 80-тите и 90-тите, со многу светла, енергија и носталгија.

Организатор на журката е познатиот музички и моден менаџер Милорад Цаиќ – Цајо, човек кој со децении стои зад многу музички проекти и забави во регионот, гарантирајќи автентична атмосфера и врвно искуство.

Картите се веќе во продажба преку:

Реклама
  • kupikarta.com
  • продажната мрежа на Розе Веро 2
  • Литература.мк
  • Агенција ЈК Травел

Организаторите најавуваат ретро вечер која ќе ве врати во времето на младоста, во времето на безгрижните излегувања, вистинската музика и незаборавните моменти.

Подгответе се за носталгија и вистинска диско забава, да блеснеме повторно во ретро ритам.

Реклама
Продолжи со читање
Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
Реклама

ПОПУЛАРНИ