Поврзете се со нас

Шоу Биз

Скопје повторно пулсира во ритамот на регионот – Седмото издание на Скопскиот градски фестивал носи премиери и нови музички соработки

Објавено

на

Од 18 до 25 септември, Скопје ќе биде домаќин на седмото издание на „Скопскиот градски фестивал“, манифестација која и годинава ја става авторската музика, регионалната соработка и новите уметнички идеи во центарот на вниманието.

Фестивалот носи уметници од шест земји – Македонија, Словенија, Албанија, Грција, Црна Гора и Бугарија, а програмата е исполнета со премиерни изведби, нови музички средби и проекти што ги поврзуваат различните музички традиции.

Меѓу најавените настапи е концертот на Васко Атанасовски и „Полифонија“, кои ќе понудат авторска музика и звук инспириран од балканската музичка традиција.

Посебно внимание привлекува и соработката меѓу Мартин Ѓаконовски, Gent Rushi и Thanos Stavridis. Тројцата музичари создаваат ново дело специјално за фестивалот, кое премиерно ќе биде изведено во Скопје.

Реклама
Во Твоја Зона

Во програмата се најавени и настапите на Милјана Николиќ со проектот „Балкански композитори“, како и самостоен концерт на Мухамед Ибрахими. Публиката ќе има можност да ја проследи и концертната промоција на албумот „Beyond The Silence“ на Антонио Илиоски и Јана Василева Лолова.

Фестивалската програма ќе донесе музика и на отворено. На 20 септември, на летната сцена „Лепеза“ во Градскиот парк, ќе настапи младата скопска група „Фрекфенција“, составена од ученици од основно училиште.

Реклама
Во Твоја Зона

Со својата седма фестивалска приказна, „Скопскиот градски фестивал“ продолжува да го збогатува културниот живот на Скопје, отворајќи простор за нови музички изрази, авторски проекти и соработки што го поврзуваат регионот преку уметноста.

Реклама
Во Твоја Зона
Продолжи со читање
Реклама Во Твоја Зона

Шоу Биз

ДЕЈАН БЛАЖЕВСКИ – ЧОВЕКОТ КОЈ РЕЧИСИ ТРИ ДЕЦЕНИИ СОЗДАВА НОЌЕН ЖИВОТ, ОД „РОТМАНС“ ДО ДЕНЕШНИОТ POOL BAR

Објавено

на

Од

Некои места не се паметат само по музиката, забавите и добрата атмосфера, туку и по луѓето кои стојат зад нив. А кога станува збор за Дејан Блажевски, станува збор за човек кој уште од деведесеттите години знае што значи да се создаде место на кое луѓето со задоволство се враќаат. Урбан боем со менаџерски дух, човек со чувство за добра забава и препознатлив социјален ритам, кој речиси три децении успешно ја одржува приказната за едно место кое со годините го менува името, но не и својот дух.

Приказната започнува уште во 1995 година, кога под името „Ротманс“ овој кафич станува едно од местата каде младите се собираат, се дружат и создаваат спомени. Тоа беа времиња кога добрата музика, друштвото и вистинската атмосфера беа доволна причина за една незаборавна вечер. Се организираа забави, зад пултот застануваа диџеи, а меѓу нив и Марјан Тасевски, познат како DJ Мац од Радио Зона М1, кој со своите музички сетови беше дел од тогашната забавна приказна.

„Ротманс“ не беше само кафич, туку место на генерации, место на дружења, познанства, симпатии и ноќи кои и денес сигурно будат убави спомени кај оние кои биле дел од таа приказна.

Реклама
Во Твоја Зона

Но, времето носи промени, а вистинските луѓе знаат како да ги препознаат и да ги претворат во нови можности. Така, Дејан Блажевски, со своето долгогодишно искуство, чувство за угостителство и менаџерски инстинкт, ја продолжува приказната, но во едно ново, современо издание – Pool bar.

Денес, Pool bar е место кое има свој препознатлив забавен ритам и публика, простор во кој викендите се резервирани за добра музика, дружење и позитивна енергија. Петочните и саботните вечери редовно носат нови поводи за излегување, а програмата е осмислена така што секој може да пронајде нешто за себе. Од забави со диџеи и караоке вечери до хуманитарни настани, Pool bar покажува дека доброто поминување не мора да значи само забава, туку може да има и хумана димензија.

Она што ја прави оваа приказна интересна е континуитетот. Од времето кога „Ротманс“ ги собираше младите под звуците на тогашните музички хитови, па сè до денешниот Pool bar, идејата останува иста , да се создаде место каде луѓето ќе доаѓаат со насмевка, ќе се забавуваат и ќе си заминуваат со желба повторно да се вратат.

Реклама
Во Твоја Зона

А зад таа приказна стои Дејан Блажевски, човек кој не ја гледа угостителската работа само како бизнис, туку и како можност да создава амбиент, да поврзува луѓе и да биде дел од нивните убави моменти, да се опстои толку години во светот на угостителството не е случајност. Потребни се искуство, истрајност, чувство за публика и способност постојано да се следи духот на времето.

Од „Ротманс“ до Pool bar постојат речиси три децении музика, дружење, забавен и ноќен живот, а Дејан Блажевски и понатаму продолжува да ја пишува својата приказна, со истата идеја дека најдобрите вечери се оние во кои добрата музика, вистинското друштво и позитивната енергија се на едно место.

Реклама
Во Твоја Зона
Продолжи со читање
Реклама Во Твоја Зона
Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
Реклама

ПОПУЛАРНИ