Поврзете се со нас

Шоу Биз

Три вечери исполнети со песна, оро и традиција – Успешно заврши Меѓународниот фолклорен фестивал „Гази Баба 2026“

Објавено

на

Со три незаборавни фестивалски вечери исполнети со песна, оро, традиција и заедништво, успешно заврши Меѓународниот фолклорен фестивал „Гази Баба 2026“, кој уште еднаш ја потврди својата важност како една од најзначајните културни манифестации во Општина Гази Баба. Екипата на Естрада.мк беше присутна на сите фестивалски вечери и ја проследи атмосферата, богатата програма и настапите на домашните и странските ансамбли.

Фестивалот започна со свечено отворање на плоштадот во населбата Автокоманда, каде што бројни посетители уживаа во богатата програма и настапите на фолклорните ансамбли. Втората фестивалска вечер се одржа во Домот на културата „11 Октомври“ во населбата Ченто, каде традицијата, песната и играта повторно беа во центарот на вниманието. Завршната вечер се одржа на платото пред Кино Маџари, каде фестивалот беше заокружен со спектакуларна програма, силни емоции и голем број посетители.

Во текот на трите фестивалски денови, Гази Баба беше вистински центар на културната размена, угостувајќи фолклорни ансамбли од Македонија, Романија, Австралија, Србија, Турција, Полска и Русија. Секој ансамбл ја претстави автентичноста на својата земја преку традиционалните носии, музика, песни и ора, испраќајќи порака дека фолклорот е универзален јазик кој ги поврзува народите и културите.

Посебен белег на фестивалот дадоа граѓаните на Гази Баба и Скопје, кои во голем број присуствуваа на сите три фестивалски вечери. Исполнетите плоштади, преполните трибини, долгите аплаузи и насмевките на публиката беа најубавата потврда дека ваквите културни настани имаат посебно место во животот на заедницата и претставуваат значаен придонес во зачувувањето и промоцијата на традиционалните вредности.

По успешното затворање на фестивалот, градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски, упати искрена благодарност до сите учесници и посетители кои беа дел од оваа значајна културна манифестација.

Реклама
Во Твоја Зона

Голема благодарност до сите учесници кои со своите настапи ни подарија незаборавни моменти, но најголема благодарност до моите сограѓани кои во голем број беа дел од фестивалските вечери.

Меѓународниот фолклорен фестивал „Гази Баба 2026“ уште еднаш покажа дека традицијата не е само спомен од минатото, туку живо богатство кое ги поврзува луѓето, ги зближува различните култури и создава нови пријателства. Трите фестивалски вечери оставија прекрасни спомени и силна порака дека македонската култура, песна и оро ќе продолжат гордо да се негуваат и пренесуваат на идните генерации.

Реклама
Во Твоја Зона
Продолжи со читање
Реклама Во Твоја Зона

Шоу Биз

Штипска Пастрмајлијада 2026 – Два дена уживање, повеќе од 30 угостители и големи музички имиња

Објавено

на

Од

Штип и годинава се подготвува за едно од најпосетените гастрономско-забавни случувања во земјава. На 18 и 19 септември, градот повторно ќе биде домаќин на „Пастрмајлијада 2026“, манифестација која одамна ја надмина локалната традиција и прерасна во препознатлив настан за посетители од цела Македонија и регионот.

Овогодишното издание ќе се одвива на две локации – шеталиштето „Ванчо Прќе“ и Градскиот стадион. На двете места ќе има можност за дегустација на штипската пастрмајлија, а продажбата ќе се одвива преку унифицирани објекти, поставени неколку дена пред почетокот на манифестацијата. Новиот концепт е дел од настојувањето организацијата да биде пофункционална и попрегледна за гостите.

Програмата започнува во петок од 13 часот, со традиционалното сечење на џиновската штипска пастрмајлија, по што следуваат настапи на културно-уметнички друштва, диџеј-програма и музички настапи. На шеталиштето „Ванчо Прќе“ ќе настапат Лара Ивановска, Таско и српската пејачка Сара Јо.

Централната концертна вечер е закажана на Градскиот стадион, каде публиката ќе има можност да ужива во настапите на Јован Јованов и Елвир Мехиќ, а главната ѕвезда на вечерта ќе биде познатиот српски пејач Жељко Јоксимовиќ.

Покрај музичката програма, во фокусот останува она по што Штип е надалеку препознатлив – пастрмајлијата. За подготовката и понудата на специјалитетот ќе се погрижат повеќе од 30 угостители, а организаторите најавуваат дека цената ќе остане 250 денари, и покрај зголемените трошоци.

Реклама
Во Твоја Зона

За полесно пристигнување и движење на очекуваните илјадници посетители, ќе бидат обезбедени дополнителни паркинг-површини, а во текот на манифестацијата ќе има и измени во сообраќајниот режим.

Со спојот на традиционалниот вкус, музиката и гостопримството, „Пастрмајлијада 2026“ и годинава го потврдува Штип како град во кој добрата храна и добрата забава одат заедно.

Реклама
Во Твоја Зона

18 и 19 септември – Штип ве очекува на Пастрмајлијада 2026!

Реклама
Во Твоја Зона
Продолжи со читање
Реклама
Реклама
Реклама Во Твоја Зона
Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
Реклама

ПОПУЛАРНИ