ЗАБАВНА
„Оваа недела не е во ред да пееме“: Владо Георгиев го помести својот концерт во Скопје за 24-ти април
Владо Георгиев својот концерт во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје, закажан за 20 март (петок), го помести и го презакажа во нов термин – 24-ти април.
До поместување на концертот дојде поради, како што самиот Владо вели, „пропуст на неговиот организационен тим“, кој не бил информиран дека во седмицата кога требаше да се одржи скопскиот концерт се паѓа годишнината од катастрофата во Кочани.

„Оваа недела не е во ред да пееме. Барем јас така мислам. Се извинувам, ама навистина не е во ред. Се гледаме на 24 април, ве чекам онака, господски“ – порача Владо Георгиев на својата македонска публика во кусата изјава при неговиот вчерашен престој во Скопје.
Дополнително, денот на самиот концерт се паѓал на верскиот празник Рамазан Бајрам, што за пејачот било уште една причина за поместување на одржувањето за 24-ти април.
„Со нетрпение го очекуваме доаѓањето и настапот на Владо Георгиев во Скопје и се извинуваме за поместувањето на концертот. Ви ветуваме незаборавна забава и вечер за која долго ќе се зборува“ – порачуваат организаторите, со напомена дека:
- Купените влезници ќе важат и за новиот датум – 24 април.
- Оние што сакаат да ги вратат купените влезници, односно бараат поврат на средствата, тоа ќе можат да го направат на местото каде што влезницата е купена.
Електронските влезници купени преку сајтот www.ddtickets.com може да се рефундираат со испраќање барање на е-меил: office@ddtickets.rs, при што треба да се наведе бројот на трансакцијата.
Поврат на средствата за влезниците купени физички на одредено продажно место се врши на самото место каде што се купени.
ЗАБАВНА
Компас бенд носат летна магија со новиот сингл „Баобаб“
Летото е резервирано за добра музика, позитивна енергија и песни кои освежуваат, а токму таква е најновата музичка приказна на Компас бенд. Популарниот бенд деновиве ја промовираше новата песна „Баобаб“, динамична и заразно ритмична нумера која уште на прво слушање го привлекува вниманието.
Зад „Баобаб“ стои добро познатото авторско име Зоран Рудан – Цеки, кој ги потпишува текстот, музиката и аранжманот. Со својот препознатлив музички сензибилитет, Цеки создаде песна која совршено ја доловува безгрижната летна атмосфера и носи модерен звук што лесно останува во глава.
Освен што плени со својата мелодија, „Баобаб“ доби и впечатлива визуелна приказна. Видеоспотот е снимен на една од најромантичните и најатрактивните светски дестинации, преубавиот грчки остров Санторини. Белите куќи, сините куполи, тесните улички и спектакуларните погледи кон Егејското Море создаваат совршена сценографија која одлично се вклопува со ведриот и летен дух на песната.







Со „Баобаб“, Компас бенд уште еднаш покажуваат дека знаат како да ја погодат атмосферата и вкусот на публиката. Лесниот ритам, модерната продукција и заразниот рефрен ја прават песната идеален избор за летните патувања, забави и долги вечери покрај море.
Бендот и овој пат останува верен на својот препознатлив музички стил, но истовремено носи свежина која ветува дека „Баобаб“ ќе биде едно од најинтересните домашни изданија ова лето.
Ако се суди според првите реакции на социјалните мрежи, публиката веќе ја прифати новата песна со воодушевување. Нема сомнеж дека „Баобаб“ има сè што е потребно да стане неизбежен дел од летните музички плејлисти.
Во продолжение, погледнете го новиот видеоспот и препуштете се на летната магија што ја носат Компас бенд.
-
Шоу Бизпред 4 месециМала ѕвезда со голем глас – Ива Пауновиќ чекори сигурно кон музичкиот врв!
-
Народнапред 3 месециДарко Билбиловски претстави нова песна исполнета со емоција – „Само да си моја“
-
Шоу Бизпред 3 месециЗошто македонската музика „тапка во место“ и како легендите како Александар Сариевски го чуваат идентитетот
-
Шоу Бизпред 2 неделиЅвездени носталгии тема – Горчлива чаша 14.07.2026
-
Шоу Бизпред 4 месеци„Позитив бенд“ – музика, еуфорија, енергија – гаранција за добра забава
-
Шоу Бизпред 2 месециКога ќе се спојат Илчо Париси и Спасе Антевски атмосферата станува спектакл!
-
Некатегоризиранопред 4 месециМладата Викторија Ефтимова го претстави новиот сингл „Идеали“
-
Шоу Бизпред 2 неделиЅвездени носталгии тема – Гламур 07.07.2026
