Поврзете се со нас

Шоу Биз

ЈАКОВ ЈОЗИНОВИЌ ДОАЃА ВО СКОПЈЕ – РЕГИОНАЛНАТА СЕНЗАЦИЈА СО ПРВ КОНЦЕРТ ВО МАКЕДОНИЈА

Објавено

на

Регионално сè попопуларниот изведувач Јаков Јозиновиќ во рамки на својата турнеја за 2026 година, насловена „Ја за чуда летим“, за првпат ќе настапи пред македонската публика. Концертот е закажан за 9 април во Арена „Јане Сандански“ во Скопје.

Настапот во главниот град е дел од големата регионална турнеја што опфаќа повеќе значајни музички центри. Меѓу нив се концерт во Арена Загреб, серија од дури пет настапи во белградскиот Сава Центар, како и концерти во Нови Сад, Риека, Сплит, Осиек и Љубљана.

Турнејата доаѓа во период кога Јозиновиќ го најавува новото поглавје во својата кариера. Неодамна беше објавен и неговиот прв сингл „Поље ружа“, кој веќе привлекува внимание кај публиката и најавува свеж музички правец.

Со зад себе низа успешни и распродадени концерти низ регионот, Јаков Јозиновиќ се профилира како едно од највпечатливите нови имиња на музичката сцена. Неговиот настап во Скопје се очекува да предизвика голем интерес и да донесе уште едно силно концертно доживување за љубителите на современата музика.

Картите за предстојниот концер на Јаков Јозиновиќ се во продажба на МК Тикетс.

Реклама
Продолжи со читање
Реклама

Шоу Биз

25 години музика во една вечер – „Љубојна“ со јубилеен концерт во Скопје

Објавено

на

Од

Една од најпрепознатливите и најавтентични македонски музички групи, Љубојна, годинава одбележува значаен јубилеј – 25 години од своето постоење. По тој повод, бендот ја започнува 2026 година со голем целовечерен концерт во Скопје, со кој ќе прослави четврт век музичко творештво.

Јубилејниот концерт ќе се одржи на 29 март со почеток во 20 часот во Големата сала на Македонска филхармонија, каде публиката ќе има можност да ужива во богатата музичка приказна која „Љубојна“ ја создава веќе две и пол децении.

Во текот на годините, „Љубојна“ се изгради многу повеќе од музички состав, таа стана препознатлив културен феномен, кој со својот уникатен пристап, успеа да ѝ даде нов живот на традиционалната музика, претворајќи ја во модерен и космополитски звук што лесно комуницира со публиката.

Реклама

Препознатливиот звук на групата се создава преку спојот на различни музички стилови од фолк и џез, до поп, фанк и соул, збогатени со ориентални и етно елементи. Нивните настапи се познати по силната сценска енергија и страстната изведба, која често потсетува на енергијата на рок-бенд.

Централна фигура во музичката приказна на „Љубојна“ е вокалистката Вера Милошевска, чиј впечатлив вокал со години ја носи емоционалната тежина на нивните песни. Заедно со контрабасистот, композитор и продуцент Оливер Јосифовски, таа претставува столб на бендот и еден од главните двигатели на неговиот препознатлив стил.

Реклама

На концертот во Скопје публиката ќе има можност да слушне дел од најзначајните композиции од нивната кариера, изведени во автентичниот стил по кој бендот е познат. Настанот ветува вечер исполнета со силни емоции, богата музичка атмосфера и посебен сценски набој, а организаторите најавуваат и специјални гости чии имиња ќе бидат објавени наскоро.

Влезниците за концертот веќе се пуштени во продажба и можат да се набават онлајн и преку продажната мрежа на Мк Тикетс.

Реклама

Со овој концерт „Љубојна“ ќе го заокружи своето 25-годишното музичко патување, потврдувајќи уште еднаш дека нивната музика останува мост помеѓу традицијата и современиот звук.

Реклама
Продолжи со читање
Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
Реклама

ПОПУЛАРНИ