Поврзете се со нас

Некатегоризирано

Прочка во Љубанци и Кучевиште – „Љубански карневал“ и „Сурети“ со над 100 маскирани учесници

Објавено

на

По повод големиот христијански празник Прочка, и годинава на 22 февруари (недела), во селата Љубанци и Кучевиште ќе се одржат традиционалните манифестации „Љубански карневал“ и обредот под маски „Сурети“, кои се дел од локалното културно наследство и се пренесуваат од генерација на генерација.

Целта на организаторите е да се зачува традицијата на жителите од Љубанци, Прочка да ја одбележуваат под маски, преку карневал исполнет со симболика, хумор и народна традиција.

Организатор на настанот и оваа година е Здружението за заштита на културното наследство „Љубански карневал – Прочка“. Претседателот на здружението, Бојан Раевски, информира дека се пријавени над 100 учесници, а се очекува карневалот да го проследат неколку илјади посетители.

Реклама

Покрај мештаните од Љубанци, како и секоја година, ќе учествуваат и ученици од основните училишта во Општина Бутел, како и деца од локалната градинка.

Карневалската програма започнува во 10 часот, а финалното дефиле ќе се одржи во дворот на основното училиште „Гоце Делчев“, каде што ќе бидат прогласени најдобрите маски и ќе им бидат доделени парични награди.

Реклама

Меѓу најпрепознатливите традиционални маски се „љубанската свадба“, „кожите“ и „комитите“, но ќе има и бројни други креативни маски преку кои учесниците на сатиричен начин ќе ги прикажат секојдневните случувања и општествени појави.

Настанот, како и секоја година ќе биде збогатен и со музичка програма.

Реклама

Покровител на манифестацијата е Општина Бутел, а еден од медиумските покровители на настанот е и Радио Зона М1.

А „Сурети Кучевиште“ порачуваат дека без разлика на временските услови, традицијата продолжува и низ селото Кучевиште ќе продефилираат со своите маски и ќе ги исполнат улиците со позитивна енергија.

Реклама
Продолжи со читање
Реклама

Некатегоризирано

Дали јавноста претера со осудите за Сузана Гавазова ?

Објавено

на

Од

Поминаа неколку дена од последниот подкаст во кој Бојан Јовановски – Боки 13 се вклучи во живо заедно со јутјуберот Ритко и разговараше со Сузана Гавазова. Таа го прифати „предизвикот“ со намера да се направи забавна емисија за гледачите, но дали токму тоа ѝ донесе повеќе проблеми отколку интерес?

Дали јавноста беше премногу остра во критиките кон Гавазова, критики кои сеуште не стивнуваат? Дали навистина „се спуштила на ниско ниво“, „ги покажувала градите“ или „го навредила сопругот“, како што се коментираше? Или можеби ситуацијата беше претерано искривена и надувана заради уште еден медиумски скандал?

Се поставува прашањето: до кога ќе се креираат скандали во туѓи животи само за гледаност и бројки? Дали етичкото и моралното однесување треба да се сведат на улични провокации, само за да се добие уште еден клик или преглед?

Реклама

И дали токму овие вклучувања во живо се прават намерно во термини кога и Лазаров има подкаст, со цел да му се одземе гледаност, имајќи предвид дека медиумската „војна“ меѓу него и Бојан не е тајна?

Дали е етички и нормално во една емисија гостин да пуши цигара во студио, да се пие алкохол во живо, или зборот „бело“ да се користи како асоцијација за скап и „квалитетен“ подарок за роденден ? И конечно, дали е прифатливо да се доведе 80-годишна естрадна легенда во состојба на солзи, како што се случи со Лепа Лукиќ, иако подоцна беше упатено извинување?

Реклама

Во какви рамки остана професионалната етика, ако телефонските повици до јавни личности доаѓаат ненадејно, во доцни часови, само со цел да се создаде шоу?

Од друга страна, колку народот е навистина желен за „сеири“ и осуди? Дали публиката сака токму таква содржина, или пак само ѝ се сервира и таа ја прифаќа? Каде исчезна потребата да видиме нешто квалитетно, содржајно и вредно за гледање, нешто од кое може да се научи или извлече позитивна порака?

Реклама

Се поставува и уште едно прашање: како тоа не смета кога пејачките настапуваат по кафеани во речиси идентични, па и поразголени изданија, но станува „проблем“ кога Гавазова, која реално ништо не покажа, само накратко го спушти телефонот во делот на деколтето, кое и онака го гледате секојдневно на фотографии и настапи ? Дали критиките се доследни или селективни?

Додека дел од јавноста бараше „извинување до сопругот“, дали некој слушна колку пати Гавазова во истата емисија истакна дека го сака својот сопруг? Дали непромислен момент треба да биде причина за масовна осуда и омаловажување?

Реклама

Ден по подкастот, Гавазова јавно се извини на својот Фејсбук-профил, велејќи дека целата ситуација ја гледала исклучиво како забава и ништо повеќе, не помислувајќи дека од тоа ќе и се создаде хаос во животот. Дали ова извинување ќе ја смири јавноста или прашањата и понатаму остануваат отворени?

Се надеваме дека од ова ќе се извлечат поуки и од страна на Гавазова, и од страна на останатите јавни личности, а уште повеќе од самите креатори на вакви емисии.

Реклама

Во меѓувреме, празничната сезона се приближува. Веќе е познато дека Сузана Гавазова за дочекот на Новата година ќе настапи со група Круна во хотел Либеро во Делчево. Дали тоа ќе биде нејзиниот нов почеток далеку од скандалите?

Продолжи со читање
Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
Реклама

ПОПУЛАРНИ