Шоу Биз
Заврши јубилејното издание на ‘Макфест’ – четири децении македонска песна
Со свечената вечер посветена на јубилејот од 40 години постоење, во Штип заврши овогодинешното издание на фестивалот на забавни мелодии „Макфест“. Во три фестивалски вечери, на сцената настапија повеќе генерации уметници – од дебитанти до легенди на македонската музика, обединувајќи ја традицијата и современиот звук.
Вечер на младите надежи
Првата фестивалска вечер, традиционално посветена на младите таленти, беше наречена „Вечер на младите надежи“. Настапија нови и помалку афирмирани изведувачи, кои се претставија со авторски композиции и современ музички израз.
Отворањето на фестивалот му беше доверено на Влатко Иљачев – Валдера, со баладата „Сега збогум“. Во продолжение настапија Стефан Ефремов, Агни Авшар, Елена Наумова, Катерина Јовановиќ, Санела Шукриевска, како и гостин од Хрватска – Дино Петриќ. Првата вечер потврди дека „Макфест“ и понатаму останува платформа за промоција на млади музички имиња.
Втората фестивалска вечер
Втората вечер беше исполнета со настапи на дваесет изведувачи, распределени во четири блока. Меѓу учесниците беа Дино Периќ, Дорис Ди, Марија Атанасова, Јанг Дади, Мартинијан Кириловски, Јуле Николовска, Лара Иванова, Коки Јанков, Павле Камилоски, Димитар Андоновски, како и Зоран Ванев, Тамара Волчевска, Зоран Илиев, Дејан Тасев и Симона Поповска.
Фестивалската програма ги обедини младите изведувачи и познатите имиња на домашната сцена. Посебно признание беше доделено на Антонија Гиговска, чиишто минатогодишен хит „Жена“ беше прогласен за најслушана песна меѓу двете изданија на фестивалот.
Свечена вечер по повод јубилејот
Завршната, трета фестивалска вечер беше посветена на јубилејните 40 години од „Макфест“. Настанот започна со емотивно видео-презентација, преку која беа прикажани архивски снимки од почетоците на фестивалот и најзначајните моменти во неговата историја.
Свечената програма ја отвори Трајче Манев, победник на второто издание во 1987 година, со песната „Осамен“. Потоа настапија Росана, која ја изведе легендарната „Самба во Штип“, Питер Џон Босе, Силви Бенд, Сашо Гигов – Гиш, Олгица Христовска, Дарко Андонов, Емил Канаваро и Мики Џафер.
Во продолжение беа изведени и неколку од најпознатите фестивалски хитови, меѓу кои „Твоите очи сине“ во изведба на Тања Кочовска и „Таму каде што си“ на Ристо Самарџиев.
Свечената вечер беше проследена од голем број медиуми и новинари, а меѓу присутните беше и известувач од „Зона М1 Радио“, Биљана Коцева Алексовска која за Естрада.мк ги пренесе информациите, ја пренесе атмосферата и впечатоците од јубилејното издание.
Признание за основачот и заслужните уметници
Во еден од најемотивните моменти на вечерта, беше оддадена почит на основачот на фестивалот, Стојан Троицки. Во име на Општина Штип, градоначалникот Иван Јорданов му врачи плакета за особен придонес и развој на „Макфест“.
Признанија беа доделени и на Кирил Панајотов, Трајче Јованов (постхумно) и Александар Арсовски, кој како оперативен директор во последните години придонесе за модернизација и нова енергија на фестивалот.
Актуелниот уметнички директор Роберт Саздов им врачи благодарници на сите поранешни уметнички директори, меѓу кои Кирил Милев, Славе Димитров, Љупчо Мирковски, Валентино Скендеровски, Драган Мијалковски, Владимир Дојчиновски и други.
Финале со спој на генерации
Последниот блок настапи ги обедини традиционалниот и современиот звук: Бојана Скендеровски со „Немам одбрана“, Јован Јованов со „Магија“ и дуетот „Ти ме сакаш“ со Маја Саздановска, Ламбе Алабаковски со „Не планирам“, како и Пајак и Лара со песната „Бела“.
Со овие настапи се заокружи јубилејното издание на фестивалот. „Макфест“ и годинава потврди дека останува најзначајната музичка сцена во Македонија, што четири децении го негува домашниот звук и создава спој меѓу минатото, сегашноста и иднината на македонската песна.
Шоу Биз
Со емоции и почит – Александар Јосифовски со ковер на „Кому да запеам“
Со огромна почит кон македонската музичка традиција и длабока емоција, Александар Јосифовски кој го освои регионот по учеството во Ѕвездите на Гранд, каде го освои високото второ место, на својот Фејсбук профил ни го претстави својот најнов музички проект – ковер верзија на легендарната песна „Кому да запеам“, првично изведена од незаборавниот Благоја Грујовски.

Јосифовски не крие дека станува збор за една од неговите најомилени композиции, песна која, како што вели, не е само музика, туку вистинско сведоштво за едно време, една генерација и емоции што не стареат. Токму затоа, овој проект е замислен како искрен омаж за човекот и делото што оставиле длабока трага во македонската музичка историја.
Авторскиот тим зад ова безвременско музичко дело е составен од големи имиња: текстот е дело на велемајсторот Огнен Неделковски, музиката ја потпишува легендарниот музички творец Григор Копров, додека аранжманот е на музичкиот великан Дамир Имери. Комбинацијата на нивниот талент создаде песна која и денес, со ист интензитет, допира до срцата на слушателите.
Со својата интерпретација, Александар Јосифовски се обидува да ја пренесе истата тежина и убавина што ја носи оваа легендарна композиција, притоа внесувајќи личен печат и современа сензибилност, но без да ја наруши нејзината автентичност.
„За Благоја. За времето што го одбележа. За песните што живеат засекогаш“, порачува Јосифовски, потврдувајќи дека вистинската музика нема рок на траење, туку продолжува да живее низ нови гласови и нови генерации.
-
Шоу Бизпред 2 месеци„Аска 2“ доаѓа на 2 декември – нов музички бум од Теа Таировиќ
-
Шоу Бизпред 2 месециРадио Зона М1 во блесок и сјај го одбележа својот 32-ри роденден – ноќ исполнета со музика, емоции и вистински гламур
-
Народнапред 1 неделаВладимир Поповски ја оживеа „Непокорни Македонци“ – песна што зборува во името на народот
-
Шоу Бизпред 5 месециНа 18-ти септември село Булачани ќе чука „во ритам на хуманоста“ со голем концерт
-
Шоу Бизпред 2 месециРадио Зона М1 – 32 години музичка приказна што не престанува да пулсира
-
Народнапред 2 неделиЛени Партикова со прес-конференција го најави концертот и новиот албум „Горда сум Македонка“
-
Шоу Бизпред 3 неделиСо емоции и почит – Александар Јосифовски со ковер на „Кому да запеам“
-
Шоу Бизпред 1 месецНова кавер-приказна од младиот вокал Никола Милосковски – Емотивната балада „Лутка“ доби нова душа
