Шоу Биз
Дали Тина Русева доби најубав роденденски подарок на сцената на „The Voice of Germany“
Некои родендени се слават со торта и свеќи – но за Тина Русева, роденденот дојде со сцена, светла, микрофон и музичка битка!
На 23 октомври, токму на нејзиниот роденден, талентираната пејачка повторно се искачи на сцената на „The Voice of Germany“, каде што настапи во возбудливата фаза на Battles.
Настапот беше емитуван во живо на ProSieben во 20:15 часот, а Тина со својот моќен вокал и сценска енергија успеа да ги освои и публиката и менторите, обезбедувајќи си место во следната фаза – Teamfights! 💪🔥
„Не можев да посакам подобар подарок за роденден,“ напиша Тина во својата објава на социјалните мрежи, додавајќи дека чувството да се настапува на ваква сцена токму на роденден е нешто незаборавно.

Со ова, Тина Русева продолжува успешно да го гради својот пат во една од најгледаните музички емисии во Германија, а нејзината поддршка од македонската публика расте секој ден. 🇲🇰❤️
Естрада.мк и посакува многу успех во претстојните Teamfights и да ја слушаме уште долго на големите сцени!
Шоу Биз
Со емоции и почит – Александар Јосифовски со ковер на „Кому да запеам“
Со огромна почит кон македонската музичка традиција и длабока емоција, Александар Јосифовски кој го освои регионот по учеството во Ѕвездите на Гранд, каде го освои високото второ место, на својот Фејсбук профил ни го претстави својот најнов музички проект – ковер верзија на легендарната песна „Кому да запеам“, првично изведена од незаборавниот Благоја Грујовски.

Јосифовски не крие дека станува збор за една од неговите најомилени композиции, песна која, како што вели, не е само музика, туку вистинско сведоштво за едно време, една генерација и емоции што не стареат. Токму затоа, овој проект е замислен како искрен омаж за човекот и делото што оставиле длабока трага во македонската музичка историја.
Авторскиот тим зад ова безвременско музичко дело е составен од големи имиња: текстот е дело на велемајсторот Огнен Неделковски, музиката ја потпишува легендарниот музички творец Григор Копров, додека аранжманот е на музичкиот великан Дамир Имери. Комбинацијата на нивниот талент создаде песна која и денес, со ист интензитет, допира до срцата на слушателите.
Со својата интерпретација, Александар Јосифовски се обидува да ја пренесе истата тежина и убавина што ја носи оваа легендарна композиција, притоа внесувајќи личен печат и современа сензибилност, но без да ја наруши нејзината автентичност.
„За Благоја. За времето што го одбележа. За песните што живеат засекогаш“, порачува Јосифовски, потврдувајќи дека вистинската музика нема рок на траење, туку продолжува да живее низ нови гласови и нови генерации.
-
Шоу Бизпред 2 месеци„Аска 2“ доаѓа на 2 декември – нов музички бум од Теа Таировиќ
-
Шоу Бизпред 2 месециРадио Зона М1 во блесок и сјај го одбележа својот 32-ри роденден – ноќ исполнета со музика, емоции и вистински гламур
-
Народнапред 1 неделаВладимир Поповски ја оживеа „Непокорни Македонци“ – песна што зборува во името на народот
-
Шоу Бизпред 5 месециНа 18-ти септември село Булачани ќе чука „во ритам на хуманоста“ со голем концерт
-
Шоу Бизпред 2 месециРадио Зона М1 – 32 години музичка приказна што не престанува да пулсира
-
Народнапред 2 неделиЛени Партикова со прес-конференција го најави концертот и новиот албум „Горда сум Македонка“
-
Шоу Бизпред 3 неделиСо емоции и почит – Александар Јосифовски со ковер на „Кому да запеам“
-
Шоу Бизпред 1 месецНова кавер-приказна од младиот вокал Никола Милосковски – Емотивната балада „Лутка“ доби нова душа
