Поврзете се со нас

Народна

Солзи и емоции – Халид Бешлиќ објави песна за сопругата во најтешките моменти од животот

Објавено

на

Познатиот пејач Халид Бешлиќ и во овој тежок животен период ја покажа својата неисцрпна љубов кон музиката. Иако моментално се соочува со сериозни здравствени предизвици и е под лекарска нега во Сараево, тој вчера ја претстави својата најнова песна со наслов „Сејда“, дело на „Милиграм“.

Нумерата е емотивна посвета за неговата сопруга, а кај бројните обожаватели низ целиот регион предизвика силни реакции и искрени пораки за поддршка и побрзо закрепнување.

Халид и Сејда се заедно речиси половина век, и важат за еден од најскладните брачни парови на балканската естрада. Во текот на сите овие години заедно минувале низ радости и тешки искушенија, но нивната љубов и меѓусебна посветеност останале непроменети. Пејачот често нагласувал дека токму Сејда е неговата најголема потпора и темел на семејството.

Првпат се сретнале кон крајот на седумдесеттите години – Халид тогаш штотуку зачекорил на музичката сцена, а Сејда работела во фабрика за чоколадо. Судбината ги споила на една прослава за Денот на жената, каде што, во шега, Бешлиќ ја „побарал“ за жена. Она што започнало како шега, прераснало во љубовна приказна што трае и денес.

И покрај здравствената борба, Халид уште еднаш покажа дека музиката е неговиот најголем двигател, а песната „Сејда“ на многумина им донесе солзи во очите – како сведоштво за љубовта која трае цел живот.

Реклама
Во Твоја Зона
Продолжи со читање
Реклама Во Твоја Зона

Народна

,,Фолк Фест Роса“ слави 27 години – Една ноќ, многу хитови и незаборавни музички емоции!

Објавено

на

Од

Македонската фолк-музика има уште една причина за славење! Еден од фестивалите што оставија свој белег на домашната естрадна сцена, „Фолк Фест Роса“, годинава одбележува 27 години постоење, а големиот јубилеј ќе биде прославен на 9 ноември во Националната опера и балет во Скопје.

Под мотото „Една ноќ – многу хитови“, публиката ја очекува музичка вечер посветена на песните, емоциите и имињата што низ годините ја градат приказната на овој фестивал.

Од своето прво издание во 1999 година, „Фолк Фест Роса“ претставува дел од македонската музичка традиција, овозможувајќи им на афирмираните изведувачи, но и на новите музички надежи, да ја претстават својата песна пред публиката. Низ годините, фестивалската сцена ја споделувале бројни познати фолк-имиња, а дел од песните продолжиле да живеат и долго по нивните премиерни изведби.

Реклама
Во Твоја Зона

Јубилејната вечер е можност повторно да се потсетиме на музиката што буди спомени, на рефрените што се пеат во еден глас и на емоциите што само добрата народна песна може да ги пренесе. Фолкот е музика што ги спојува генерациите, раскажува приказни за љубовта, животот, радоста и тагата, а токму таа блискост со публиката е дел од неговата трајна вредност.

Очекувањата се дека и ова издание ќе донесе вечер исполнета со добра музика, познати естрадни имиња и вистински фестивалски дух. Имињата на учесниците и дополнителните детали за програмата се очекува да бидат објавувани во периодот што следува.

Реклама
Во Твоја Зона

27 години „Фолк Фест Роса“ – 27 години музика, традиција и хитови!

Големиот музички настан ќе се одржи на 9 ноември 2026 година, со почеток во 20 часот, во Националната опера и балет во Скопје. Влезниците се по цена од 400 денари и се достапни преку продажната мрежа на Karti.com.mk.

Реклама
Во Твоја Зона

За дополнителни информации, заинтересираните можат да се обратат на телефонскиот број 070 266 266.

Една вечер, многу хитови и 27 години музичка приказна што продолжува!

Реклама
Во Твоја Зона
Продолжи со читање
Реклама
Реклама
Реклама Во Твоја Зона
Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
Реклама

ПОПУЛАРНИ