Поврзете се со нас

Шоу Биз

Културното лето во Ѓорче Петров продолжува со богата програма од 4 до 7 септември

Објавено

на

Во населбата Ѓорче Петров, во централниот парк, од 22 август секој викенд се одвиваат разновидни културни, уметнички и забавни содржини во рамки на традиционалното „Културно лето 2025“. По успешниот продолжен викенд исполнет со бројни настани, забавата продолжува и овој викенд – од 4 до 7 септември.


Ден за најмладите – четврток, 4 септември

Програмата започнува во четврток, 4 септември, со ден посветен на најмладите. Од 18:00 часот, во централниот парк во Ѓорче, децата ќе имаат можност да пеат и се радуваат со изведбите на своите врсници од популарниот детски фестивал „Поточиња“. Веднаш потоа, од 19:00 часот, ќе следува настап на артистите од Фестивалот на уличен театар „Баскер фест“ кои ќе донесат магија, жонглерски атракции и многу насмевки.

„Базар во паркот“ – петок, 5 септември

Во петок од 18:00 часот започнува „Базарот во паркот во Ѓорче“, каде ќе бидат изложени уникатни ракотворби и домашни производи. Базарот ќе биде збогатен со музичка програма во која ќе настапат „Backdoor Band“ со кавер изведби, групата „Infusion Spanish“ со шпанска музика и DJ Carlito.

Реклама

Етно, џез и фламенко – сабота, 6 септември

Во сабота, базарот продолжува од 14:00 часот, а музичкиот дел ќе го украсат македонски етно бенд, духовитите „Brass Brothers“ со лимени инструменти, DJ Zero Gravity и специјален настап со традиционална шпанска фламенко музика.

„Звуците на традицијата“ – недела, 7 септември

Неделата е резервирана за настанот „Звуците на традицијата во Ѓорче“, организиран од здружението „Палиум“. Од 18:00 часот ќе започне манифестацијата „Зелникот на баба“, каде постарите жени заедно со најмладите девојчиња ќе замесат зелник, кој потоа ќе биде споделен со присутните. За најмладите е предвидена програма со уличниот забавувач Кристијан Бенито, а поетско читање ќе има Драгица Славеска.

Реклама

Во естрадно-музичкиот дел ќе настапат познатите фолк изведувачи Дарко Билбиловски, Милица Кузмановска и Душко Ѓеорѓиевски. Кулминацијата на вечерта ќе биде со настапите на културно-уметничките друштва КУД „Јонче Христовски“, КУД „Лилјан“ и ЖКУД „Владо Тасевски“.

Култура и забава за сите генерации

Со разновидна програма за сите возрасти, „Културното лето 2025“ во Ѓорче Петров продолжува да ја зближува локалната заедница преку музика, уметност, традиција и забава. Централниот парк повторно ќе биде местото кое ќе пулсира со културна енергија и заеднички дух.

Реклама
Продолжи со читање
Реклама

Шоу Биз

Сека Алексиќ и Раста на иста сцена во Арена „Јане Сандански“

Објавено

на

Од

Скопје на 14 март 2026 година ќе биде центар на регионалната музичка сцена. Во сабота, во Арена „Јане Сандански“, публиката ќе има можност да присуствува на вистински музички спектакл на кој за првпат на иста сцена ќе настапат две големи ѕвезди – Сека Алексиќ и Раста.

Организаторите најавуваат вечер исполнета со врвна продукција, моќен звук и светлосно шоу, како и сет-листи составени од најголемите хитови на двајцата артисти. Концертот ветува спој на силни емоции, балади и препознатливата енергија на Сека Алексиќ, надополнети со урбаниот ритам и модерниот музички израз на Раста.

Овој музички настан се очекува да привлече илјадници посетители од земјава и регионот, кои ќе ја наполнат арената и ќе создадат атмосфера што долго ќе се памети. Комбинацијата на две различни, но подеднакво моќни музички естетики, според најавите, ќе понуди уникатно концертно доживување за сите генерации.

Реклама

Влезниците наскоро ќе бидат пуштени во продажба преку платформите www.vleznica.mk, www.karti.com.mk и www.ticketx.com.mk.

14 март 2026 – датум што љубителите на добрата музика веќе го заокружуваат во своите календари.

Реклама
Продолжи со читање
Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
Реклама

ПОПУЛАРНИ