Поврзете се со нас

Шоу Биз

3POD – нов гранџ состав што го оживува култниот звук на Alice in Chains!

Објавено

на

Тешки гитарски рифови, мрачна атмосфера и препознатливи вокални хармонии – љубителите на гранџот добиваат нова причина за музичко уживање! 3POD – Tribute to Alice in Chains е бенд кој со голема посветеност го оживува звукот на еден од највлијателните рок-состави и ја враќа енергијата на легендарната сиетлска гранџ-сцена.

Формиран во 2025 година, 3POD обединува шест музичари со заедничка љубов кон Alice in Chains и нивната музика, која остави длабока трага во рок-историјата. Нивната мисија е јасна – што поверно да го пренесат автентичниот звук на култниот американски бенд, со сите негови специфичности, емоции и препознатлива атмосфера.

Во изминатите неколку месеци членовите интензивно се посветиле на подготовките, вложувајќи многу време и труд во пробите и во секој музички детаљ. За нив, ова не е само изведување на познати песни, туку обид да се долови духот на музиката што одбележа една цела ера.

Реклама
Во Твоја Зона

Посебен предизвик се карактеристичните вокални хармонии на Alice in Chains, по кои бендот е препознатлив и кои му даваат посебна тежина и длабочина на неговиот звук. Токму затоа, 3POD настапува со два вокала, придружени од две гитари, бас-гитара и тапани, создавајќи ја основата за моќна гранџ-изведба.

Бендот го сочинуваат Златко Крапачовски и Катерина Кајевска на вокалите, Никола Веселиновски на бас-гитара, Дејан Которчевиќ на тапани, како и Филип Исаков и Раде Марковиќ на гитарите.

Реклама
Во Твоја Зона

3POD веќе ја претстави својата музичка приказна и пред скопската публика. На 24 октомври, бендот настапи во клубот „Станица 26“ во Скопје, во рамките на настанот „Skopje in Chains“, посветен на тешкиот рок-звук и гранџ-енергијата. Настапот беше можност љубителите на овој музички правец да се потсетат на звукот што ја одбележа една генерација, но и одблиску да го запознаат новиот состав посветен на музичкото наследство на Alice in Chains.

Кога станува збор за Alice in Chains, неизбежни се песните „Man in the Box“, „Rooster“, „Would?“, „Down in a Hole“ и „Nutshell“ – композиции што и денес се слушаат со истата страст и ја потврдуваат безвременоста на нивната музика. Заедно со Nirvana, Pearl Jam и Soundgarden, Alice in Chains се меѓу имињата што го дефинираа гранџ-движењето во Сиетл во деведесеттите години.

Токму таа музичка енергија е инспирацијата на 3POD, кој сака да им овозможи на долгогодишните фанови повторно да го почувствуваат препознатливиот звук, а на помладите генерации да им го доближи наследството на еден од култните бендови на светската рок-сцена.

Реклама
Во Твоја Зона

Со шест музичари, многу ентузијазам и сериозна посветеност на оригиналниот звук, 3POD покажува дека гранџот и понатаму има свое место на сцената, бидејќи вистинската рок-музика не старее, таа продолжува да живее преку оние што ја чувствуваат, ја свират и ја пренесуваат на новите генерации!

Реклама
Во Твоја Зона
Продолжи со читање
Реклама Во Твоја Зона

Шоу Биз

ПРВАТА ПЕСНА Е ТУКА – ДЕЈАН СТЕВАНОВ СО „МАГИЧЕН КРУГ“ ЗАПОЧНУВА НОВО МУЗИЧКО ПОГЛАВЈЕ

Објавено

на

Од

На македонската музичка сцена пристигнува нова музичка приказна! Дејан Стеванов денеска премиерно го претставува своето музичко првенче, песната „Магичен круг“, со која го прави првиот официјален чекор кон поширока музичка афирмација. Песната промотивно денеска се пушта во етерот на Радио Зона М1, од каде што започнува нејзиниот пат до слушателите и љубителите на добрата музика.

Станува збор за песна зад која застанува проверена авторска и продукциска екипа. Музиката и текстот се дело на Баже Темелков, аранжманот и продукцијата ги потпишува Саше Младеновски, додека со својот пратечки вокал песната ја збогатува Емилија Иванова. „Магичен круг“ е снимена во студиото на Саше Младеновски, каде што е создадена и финалната звучна приказна на оваа композиција.

Инаку, Дејан Стеванов не е непознат за публиката кога станува збор за живите настапи. Активно настапува по клубови, кафани и на приватни прослави, каде што со својата енергија, музика и непосредна комуникација со публиката знае да направи одлична атмосфера и незаборавни забави.

Со „Магичен круг“ Дејан сега прави чекор повеќе, од настапите во живо кон сопствена музичка приказна, оставајќи го својот прв авторски музички печат.

Реклама
Во Твоја Зона

Секој почеток носи посебна возбуда, но и можност за нови успеси. За Дејан Стеванов ова е почеток на едно ново музичко поглавје, а останува да видиме колку брзо „Магичен круг“ ќе го освои патот до срцата на слушателите.

Со „Магичен круг“ Дејан Стеванов не само што го потврдува своето музичко присуство на музичката сцена, туку испраќа јасна порака дека е подготвен за нови предизвици, нови настапи и освојување на публиката и со сопствена музика. Првото музичко првенче е тука, а амбициите се насочени кон многу повеќе од еден музички почеток!

Публиката што веќе го познава од неговите настапи сега има можност да го запознае и преку неговата прва песна. А кој знае, можеби токму „Магичен круг“ ќе биде композицијата со која името на Дејан Стеванов сè почесто ќе се слуша на музичките фреквенции и насекаде каде што се бара добра песна и вистинска забава!

Реклама
Во Твоја Зона

Слушнете ја, запознајте ја и поддржете ја новата музичка приказна на Дејан Стеванов! „Магичен круг“ денеска премиерно во етерот на Радио Зона М1 затоа што секоја голема музичка приказна започнува со една прва песна!

Реклама
Во Твоја Зона
Продолжи со читање
Реклама Во Твоја Зона
Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
Реклама

ПОПУЛАРНИ