Поврзете се со нас

Шоу Биз

ДАЦ И АЛЕКСАНДАР ВО КУМАНОВО – ВИНСКА ВЕЧЕР СО МНОГУ МУЗИКА, ВИНО, РАКИЈА И ВИСТИНСКО УЖИВАЊЕ!

Објавено

на

Куманово се подготвува за една поинаква, елегантна и исполнета со уживање вечер! На 21 октомври, во ресторанот „Бастион“, пристигнуваат „Вински приказни – Издание Куманово“, настан кој ветува спој на добро вино, вкусна храна, музика и дружење во одлична атмосфера.

За музичкиот дел од вечерта ќе се погрижат Дац и Александар, кои од 19:00 до 23:30 часот ќе ја забавуваат публиката и ќе придонесат за незаборавно доживување. Покрај нив, гостите ќе имаат можност да уживаат во винските приказни и дружењето со Горан Илиќ – Гиле, кој ќе ја збогати вечерта со интересни разговори и винска атмосфера.

А ова не е обична вечерно излегување! Со билетот по цена од 1.800 денари, гостите добиваат целосно винско-гурманско искуство. Во цената се вклучени дегустација на внимателно одбрани вина и ракии, вкусна храна сервирана на шведска маса, како и посебен подарок за секој гостин – шише вино со потпис од енолог.

Организаторите најавуваат вечер во која секој детал е осмислен за уживање, од чашата квалитетно вино и богатата трпеза, до музиката, разговорите и пријатното друштво.

Реклама
Во Твоја Зона

„Вински приказни – Издание Куманово“ е покана за сите љубители на доброто вино, гастрономијата и убавите моменти да си подарат една вечер поинаква од секојдневието.

На 21 октомври, Куманово ќе наздравува со вино, музика и приказни што вреди да се раскажуваат!

Реклама
Во Твоја Зона

Локација: Ресторан „Бастион“, Куманово
Време: 19:00 – 23:30 часот
Цена на билет: 1.800 денари

Повеќе информации и билети на официјалната веб-страница: www.vinskiprikazni.com.

Реклама
Во Твоја Зона
Продолжи со читање
Реклама Во Твоја Зона

Шоу Биз

Скопје се подготвува за новогодишна ноќ со македонска музика – Орце Ѓорѓиевски најави дочек на плоштадот

Објавено

на

Од

Скопје полека ги прави првите подготовки за најлудата ноќ во годината, а според најавите на градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, и годинава новогодишната прослава ќе биде во знакот на македонската музика и домашните изведувачи.

Централниот градски плоштад повторно се очекува да стане место каде што граѓаните и посетителите заеднички ќе ја испратат старата и ќе ја дочекаат Новата година, со добра музика, празнична атмосфера и настапи на македонски музичари.

Градоначалникот Ѓорѓиевски информираше дека подготовките за новогодишниот дочек веќе се во тек, а намерата е празничната вечер да биде исполнета со музика и забава, во духот на домашната естрада.

Реклама
Во Твоја Зона

Ѓорѓиевски ги откри плановите во вклучување во живо на Фејсбук, каде што разговараше со граѓаните за подготовката на градскиот буџет за 2027 година.

Тој извести дека сепак имало различни мислења во неговиот тим и меѓу граѓаните за изборот на музичката програма, но без размислување предност да им даде на домашните изведувачи.

Реклама
Во Твоја Зона

Засега, сепак, не е објавена официјалната програма, ниту се познати имињата на изведувачите кои ќе настапат на плоштадот. Кои музички ѕвезди ќе ја забавуваат публиката, каква ќе биде програмата и што сè ќе понуди новогодишната вечер, останува да дознаеме во периодот што следува.

Естрада.мк будно ќе ги следи сите информации поврзани со новогодишната прослава во Скопје, а штом бидат објавени официјалните детали за програмата и изведувачите, дополнително ќе ги информираме нашите читатели.

Реклама
Во Твоја Зона

Едно е сигурно – Скопје веќе се подготвува за новогодишната магија, а останува да видиме со кои музички имиња ќе ја започнеме 2027 година!

Реклама
Во Твоја Зона
Продолжи со читање
Реклама Во Твоја Зона
Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
Реклама

ПОПУЛАРНИ