Поврзете се со нас

Шоу Биз

АДИ ШОШЕ ДОАЃА ВО СКОПЈЕ! ВЕЧЕР ИСПОЛНЕТА СО ЕМОЦИИ, ХИТОВИ И МОЌЕН ВОКАЛ ВО МАКЕДОНСКАТА ФИЛХАРМОНИЈА

Објавено

на

Еден од највпечатливите млади вокали на регионалната музичка сцена, Ади Шоше, на 18 октомври пристигнува во Скопје, каде што ќе одржи солистички концерт во Македонската филхармонија. Публиката ја очекува музичка вечер исполнета со големи хитови, искрени емоции и препознатливиот вокал на пејачот кој освојува сè поголем број обожаватели низ регионот.

Концертот е закажан за недела, со почеток во 20 часот, а љубителите на квалитетната регионална музика ќе имаат можност да уживаат во изведби што допираат до срцето. Ади Шоше е препознатлив по својот специфичен глас, емотивната интерпретација и способноста преку песната да создаде посебна врска со публиката.

Неговите настапи се повеќе од обично музичко изведување – тие се спој на глас, чувство и атмосфера во која секоја песна добива своја приказна. Токму затоа неговите концерти се вистинско доживување за сите оние кои ја сакаат музиката што буди спомени, предизвикува емоции и долго се памети.

Македонската филхармонија на 18 октомври ќе биде местото каде што музиката и емоциите ќе се спојат во една вечер посветена на љубителите на добриот звук и моќните вокални изведби.

Реклама
Во Твоја Зона

За сите што сакаат да бидат дел од ова музичко доживување, билетите се достапни преку e-ticket.mk, како и во Fruttissimo Juice Bar во центарот на Скопје, спроти Грчката амбасада.

Ако сте љубители на регионалната музичка сцена и на пејачи кои знаат да ја претворат секоја песна во емоција, тогаш концертот на Ади Шоше е настан што вреди да се најде во вашиот октомвриски календар.

Ади Шоше во Скопје – 18 октомври, 20 часот, Македонска филхармонија!

Реклама
Во Твоја Зона
Продолжи со читање
Реклама Во Твоја Зона

Шоу Биз

Скопје се подготвува за новогодишна ноќ со македонска музика – Орце Ѓорѓиевски најави дочек на плоштадот

Објавено

на

Од

Скопје полека ги прави првите подготовки за најлудата ноќ во годината, а според најавите на градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, и годинава новогодишната прослава ќе биде во знакот на македонската музика и домашните изведувачи.

Централниот градски плоштад повторно се очекува да стане место каде што граѓаните и посетителите заеднички ќе ја испратат старата и ќе ја дочекаат Новата година, со добра музика, празнична атмосфера и настапи на македонски музичари.

Градоначалникот Ѓорѓиевски информираше дека подготовките за новогодишниот дочек веќе се во тек, а намерата е празничната вечер да биде исполнета со музика и забава, во духот на домашната естрада.

Реклама
Во Твоја Зона

Ѓорѓиевски ги откри плановите во вклучување во живо на Фејсбук, каде што разговараше со граѓаните за подготовката на градскиот буџет за 2027 година.

Тој извести дека сепак имало различни мислења во неговиот тим и меѓу граѓаните за изборот на музичката програма, но без размислување предност да им даде на домашните изведувачи.

Реклама
Во Твоја Зона

Засега, сепак, не е објавена официјалната програма, ниту се познати имињата на изведувачите кои ќе настапат на плоштадот. Кои музички ѕвезди ќе ја забавуваат публиката, каква ќе биде програмата и што сè ќе понуди новогодишната вечер, останува да дознаеме во периодот што следува.

Естрада.мк будно ќе ги следи сите информации поврзани со новогодишната прослава во Скопје, а штом бидат објавени официјалните детали за програмата и изведувачите, дополнително ќе ги информираме нашите читатели.

Реклама
Во Твоја Зона

Едно е сигурно – Скопје веќе се подготвува за новогодишната магија, а останува да видиме со кои музички имиња ќе ја започнеме 2027 година!

Реклама
Во Твоја Зона
Продолжи со читање
Реклама Во Твоја Зона
Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
Реклама

ПОПУЛАРНИ