ЗАБАВНА
РОК – ИКОНИТЕ НА СЦЕНА – DEEP PURPLE НА 11 ОКТОМВРИ ВО СКОПЈЕ
Повеќе од половина век се на светската рок-сцена, зад себе имаат безброј концерти, легендарни албуми и песни што ги знаат генерации, а сега Deep Purple повторно се на европска турнеја и пристигнуваат во Скопје.
Една од највлијателните рок-групи во историјата на музиката на 11 октомври ќе настапи во „T Арената“, во рамките на турнејата „Mad In Europe 2026“. За љубителите на вистинскиот рок ова ќе биде можност во живо да се почувствува енергијата на бенд кој остави неизбришлива трага врз развојот на хард-рокот и хеви-металот.
Deep Purple ја започнаа својата приказна во 1968 година, а низ годините прераснаа во една од најголемите британски музички институции. Заедно со Led Zeppelin и Black Sabbath, се сметаат за дел од легендарната „света тројка“ на хард-рокот, а нивното влијание врз музиката се чувствува и денес.
Особено важна страница во историјата на бендот е периодот на славната постава Mark II, со Ијан Гилан, Ричи Блекмор, Џон Лорд, Роџер Гловер и Ијан Пејс. Токму оваа екипа ги создаде албумите кои станаа темел на рок-историјата – „Deep Purple in Rock“, „Fireball“ и „Machine Head“.
Од тој период до денес многу нешта се промениле, но препознатливиот звук останал. Моќните гитарски рифови, виртуозните клавијатури, жестоките тапани и препознатливиот вокал се дел од формулата со која Deep Purple успеаја да преживеат децении музички промени и да останат релевантни.
Денешната постава ја предводат Ијан Гилан, Роџер Гловер и Ијан Пејс, заедно со клавијатуристот Дон Еири и гитаристот Сајмон Мекбрајд.
Иако нивните најголеми класици се одамна запишани во историјата, Deep Purple не живеат само од минатото. Во последните години продолжија активно да создаваат нова музика, а албумите „Now What?!“, „inFinite“, „Whoosh!“ и „=1“ покажаа дека легендарниот бенд сè уште има што да каже.
Токму затоа концертот во Скопје нема да биде само патување низ минатото. Публиката ќе има можност да ги слушне безвременските „Smoke on the Water“, „Highway Star“, „Hush“, „Black Night“ и уште низа песни кои одамна ги надминаа границите на рок-музиката.
Deep Purple во Скопје носат звук кој преживеал генерации, а 11 октомври е датумот кој љубителите на рокот треба да го запишат со големи букви.
Преостанатите влезници се достапни онлајн преку avalonbooking.mk, како и преку продажната мрежа на karti.com.mk низ Македонија.
ЗАБАВНА
Северина со голем роденденски концерт на 5 декември во Скопје!
На 5 декември во арената „Борис Трајковски“ во Скопје, Северина ќе одржи голем солистички концерт во рамките на актуелната турнеја „Ja samo pjevam“. Оваа концертна вечер ќе има и посебна, роденденска димензија, бидејќи пејачката заедно со македонската публика ќе го прослави својот роденден, претворајќи го настапот во уште еден посебен момент за паметење.
Повеќе од три децении Северина успешно го одржува статусот на една од највлијателните и најпрепознатливи музички личности во регионот. Таа е уметник кој знае како да ги спои музиката, емоцијата, модата и спектаклот во единствена сценска приказна. Автентична, впечатлива и секогаш подготвена да ја изненади публиката, Северина останува верна на својот израз, без оглед на промените во музичките трендови.



Нејзината поврзаност со македонската публика е добро позната. Со години нејзините настапи во Македонија се проследени со голем интерес, исполнети сали и многу емоции. Токму затоа и претстојниот концерт во Скопје се очекува да биде вечер исполнета со добра музика, незаборавни рефрени и заедничко пеење.
Публиката ќе има можност да ужива во внимателно одбран репертоар, составен од нејзините најголеми хитови, но и понови музички остварувања. Сето тоа ќе биде надополнето со впечатлива сценографија, атрактивни светлосни ефекти и моќна звучна продукција, кои ветуваат вистински музичко-сценски спектакл.
Она што ја прави Северина посебна на сцената е нејзината непосредност и способноста да воспостави блиска врска со публиката. Нејзините концерти не се само низа изведени песни, туку вистински музички доживувања во кои публиката активно учествува, пее и ја споделува секоја емоција.
Ова се очекува да биде настан со високи продукциски стандарди и амбиција Скопје да биде домаќин на уште една голема регионална музичка вечер.
Билетите се веќе во продажба! Сите заинтересирани можат да ги набават преку продажната мрежа на www.kupikarta.com, како и на продажните места Розе Веро 2, ЈК Травел во Бисер и ЈК Травел Дајмонд.
На 5 декември Скопје ќе пее со Северина, а роденденската прослава во арената „Борис Трајковски“ ветува вечер за која долго ќе се раскажува!
-
Шоу Бизпред 8 месециМала ѕвезда со голем глас – Ива Пауновиќ чекори сигурно кон музичкиот врв!
-
Народнапред 6 месециДарко Билбиловски претстави нова песна исполнета со емоција – „Само да си моја“
-
Шоу Бизпред 7 месециЗошто македонската музика „тапка во место“ и како легендите како Александар Сариевски го чуваат идентитетот
-
Шоу Бизпред 4 месециЅвездени носталгии тема – Горчлива чаша 14.07.2026
-
Шоу Бизпред 7 месеци„Позитив бенд“ – музика, еуфорија, енергија – гаранција за добра забава
-
Шоу Бизпред 6 месециКога ќе се спојат Илчо Париси и Спасе Антевски атмосферата станува спектакл!
-
Некатегоризиранопред 7 месециМладата Викторија Ефтимова го претстави новиот сингл „Идеали“
-
Шоу Бизпред 4 месециЅвездени носталгии тема – Гламур 07.07.2026
