Шоу Биз
Гази Баба слави 50 години – Голем музички настан на 18 септември на плоштадот во Автокоманда!
Половина век постоење, развој и приказни испишани низ времето ќе бидат одбележани со голем музички настан во Општина Гази Баба. На 18 септември, плоштадот во Автокоманда ќе биде местото каде што граѓаните ќе се соберат заеднички да го прослават значајниот јубилеј – 50 години Општина Гази Баба.
Според најавата на градоначалникот на општина Гази баба – Бобан Стефковски прославата ќе донесе голем музички спектакл, со богата сценографија, светлосни ефекти и празнична атмосфера, создадени за вечер исполнета со музика, дружење и забава.
Јубилејот од 50 години е значаен момент за една општина која низ децениите се развивала и растела, станувајќи важен дел од урбаниот и општествениот живот на Скопје. Токму затоа, ваквите прослави се можност да се потсетат досегашните достигнувања, но и да се погледне кон иднината со нова енергија.

Големиот музички настан е закажан за 18 септември на плоштадот во Автокоманда, а организаторите најавуваат прослава што треба да го одбележи јубилејот во голем стил.
По повод големиот јубилеј, организаторите најавуваат музички настан кој ветува вечер исполнета со енергија, познати хитови и настапи на повеќе македонски и регионални музички имиња.
На сцената ќе настапат Огнен Здравковски, Мелани Тарчуловска, Два Бона, Каролина Гочева и Пеџа Јовановиќ, кои со своите различни музички изрази ќе придонесат за празничната атмосфера и големото славење на јубилејот. Со нивните настапи прославата ветува разновидна програма и музичка вечер за различни генерации.
Јубилејот „50 години Општина Гази Баба“ е повод за заедничко одбележување на историјата, развојот и значењето на општината, но и можност граѓаните да уживаат во вечер посветена на музиката, дружењето и добрата атмосфера.
18 септември, петок – плоштад Автокоманда, почеток 20:00 часот. Гази Баба слави 50 години, а јубилејот ќе биде одбележан со музика, забава, голема заедничка прослава и многу, многу позитива енергија.
Шоу Биз
ЏОН ИЛИЈА АПЕЛГРЕН ОДБЕЛЕЖУВА 40 ГОДИНИ МУЗИЧКА КАРИЕРА СО ЕКСКЛУЗИВЕН ЈУБИЛЕЕН КОНЦЕРТ ВО МНТ!
Македонската музичка сцена се подготвува за вечер посветена на врвната музика, џезот и уметноста! Еден од најпрепознатливите македонски џез-вокалисти, Џон Илија Апелгрен, на 31 октомври ќе одбележи четири децении музичко творештво со голем јубилеен концерт во Македонскиот народен театар во Скопје.
Под насловот „40 лета музика“, Апелгрен ја носи публиката на музичко патување низ својата богата кариера, исполнето со различни стилови, незаборавни настапи и композиции што оставиле белег во неговиот уметнички развој.
Концертот ќе биде ретроспектива на неговите музички почетоци, вклучувајќи го периодот со рок-групата „Деус“ од 1984 година, потсетување на култните настапи на „Макфест“, но и дел од успешната концертна серија „Музичка прошетка“, со композиции на француски, португалски и шпански јазик.
Публиката ќе има можност да ужива и во безвременските композиции на маестро Драган Ѓаконовски – Шпато, како и во џез-стандардите од репертоарот на легендарниот Френк Синатра. Посебно место ќе имаат и премиерните изведби на авторски композиции на самиот Апелгрен, како и дела напишани специјално за него од истакнатиот македонски џез-пијанист, композитор и аранжер Гордан Спасовски.
За музичката магија да биде комплетна, Апелгрен ќе настапи со џез-комбо состав со кој често соработува, овојпат збогатен со гудачки квартет. Специјален гостин на вечерта ќе биде нашиот реномиран џез-контрабасист Мартин Ѓаконовски, музичар со богато меѓународно искуство и соработки со врвни светски џез-имиња.
Интересен момент е што Ѓаконовски е дел од музичката приказна на Апелгрен уште од неговите први џез-чекори, како член на составот М2, со кој започнува неговото посериозно навлегување во џез-музиката.
Музичките аранжмани и адаптации за овој специјален концерт ги потпишува Гордан Спасовски, кој во 2026 година победи на светски натпревар за најдобра џез-композиција за биг-бенд во Холандија.
Јубилејот „40 лета музика“ не е само потсетување на четири децении кариера, туку и прослава на музиката што ги надминува границите на жанровите и јазиците. Вечер во која македонската музичка традиција, светските џез-стандарди и современото авторско творештво ќе се сретнат на една сцена.
Јубилејниот концерт на Џон Илија Апелгрен ќе се одржи на 31 октомври 2026 година, со почеток во 20 часот, во Големата сала на Македонскиот народен театар во Скопје.
Вечер за љубителите на квалитетната музика, за оние што ги следат четирите децении творештво на Апелгрен, но и за сите што сакаат да доживеат врвна музичка уметност – „светско, а наше“!
-
Шоу Бизпред 7 месециМала ѕвезда со голем глас – Ива Пауновиќ чекори сигурно кон музичкиот врв!
-
Народнапред 6 месециДарко Билбиловски претстави нова песна исполнета со емоција – „Само да си моја“
-
Шоу Бизпред 6 месециЗошто македонската музика „тапка во место“ и како легендите како Александар Сариевски го чуваат идентитетот
-
Шоу Бизпред 3 месециЅвездени носталгии тема – Горчлива чаша 14.07.2026
-
Шоу Бизпред 6 месеци„Позитив бенд“ – музика, еуфорија, енергија – гаранција за добра забава
-
Шоу Бизпред 5 месециКога ќе се спојат Илчо Париси и Спасе Антевски атмосферата станува спектакл!
-
Некатегоризиранопред 6 месециМладата Викторија Ефтимова го претстави новиот сингл „Идеали“
-
Шоу Бизпред 3 месециЅвездени носталгии тема – Гламур 07.07.2026
