Шоу Биз
Импресии од Тиквешки гроздобер 2026 – Кавадарци три дена живееше во ритамот на виното, традицијата и музиката
Кавадарци уште еднаш покажа зошто „Тиквешки гроздобер“ е една од најпрепознатливите и најпосетените манифестации во Македонија. Од 4 до 6 септември 2026 година, Градскиот плоштад и централните улици на градот беа исполнети со музика, вино, традиција, дружење и празнична атмосфера, со која и официјално беше одбележан почетокот на гроздоберот во Тиквешијата.
Тридневната манифестација понуди богата културно-уметничка, забавна и традиционална програма, обединувајќи ги љубителите на тиквешките вина, гастрономијата, карневалот и добрата музика. Покрај концертите на главната сцена, посетителите имаа можност да уживаат во вински дегустации, традиционални содржини, изложби, спортски активности, мото-рели и карневалски дефилеа. Посебно внимание привлече традиционалниот Тиквешки карневал, кој и годинава внесе дополнителна живост и боја во градот.



Музичкиот дел започна во петок, 4 септември, со настапите на Zee Bomb, Девито и DJ Galoski. Саботната вечер, пак, донесе настапи на „Нокаут“, „Дупер“ и големата балканска ѕвезда Жељко Самарџиќ, кој со своите познати хитови ја разигра многубројната публика.
Големото финале се одржа во недела, 6 септември. Вечерната програма започна со Слободанка Танева и Мирјана Митрева, по што на сцената настапи младата музичка ѕвезда Џејла Рамовиќ. Завршницата му припадна на познатиот пејач Пеџа Јовановиќ, кој со својот настап стави музички печат на овогодинешното издание на „Тиквешки гроздобер“.
Фестивалот официјално заврши во 01:00 часот по полноќ со спектакуларен огномет, кој симболично го означи крајот на тридневната прослава и почетокот на новата гроздоберска сезона во Тиквешијата.
На манифестацијата присуствуваше и екипата на Зона М1 радио, која од Кавадарци ги пренесе импресиите од фестивалот, атмосферата и случувањата што го одбележаа овој значаен културно-туристички настан. За нашиот медиум, „Тиквешки гроздобер“ е повеќе од фестивал – тој е приказна за традицијата, гостопримството, лозарството и богатото културно наследство на Тиквешијата.
Упатуваме искрена благодарност до градоначалникот на Општина Кавадарци, до Општината и до целиот организациски тим за успешната реализација на манифестацијата, за професионалниот однос кон медиумите и за почитта што им беше укажана на присутните новинари и медиумски екипи. Благодарност и до сите учесници, музичари, карневалски групи, изложувачи, винари и граѓани кои придонесоа Кавадарци повторно да биде центар на една голема, весела и достоинствена прослава.
„Тиквешки гроздобер 2026“ заврши, но впечатоците остануваат – како уште една потврда дека кога традицијата, виното, музиката и гостопримството се спојуваат, се создава настан кој со право го носи епитетот празник на Тиквешијата.
Шоу Биз
ЏОН ИЛИЈА АПЕЛГРЕН ОДБЕЛЕЖУВА 40 ГОДИНИ МУЗИЧКА КАРИЕРА СО ЕКСКЛУЗИВЕН ЈУБИЛЕЕН КОНЦЕРТ ВО МНТ!
Македонската музичка сцена се подготвува за вечер посветена на врвната музика, џезот и уметноста! Еден од најпрепознатливите македонски џез-вокалисти, Џон Илија Апелгрен, на 31 октомври ќе одбележи четири децении музичко творештво со голем јубилеен концерт во Македонскиот народен театар во Скопје.
Под насловот „40 лета музика“, Апелгрен ја носи публиката на музичко патување низ својата богата кариера, исполнето со различни стилови, незаборавни настапи и композиции што оставиле белег во неговиот уметнички развој.
Концертот ќе биде ретроспектива на неговите музички почетоци, вклучувајќи го периодот со рок-групата „Деус“ од 1984 година, потсетување на култните настапи на „Макфест“, но и дел од успешната концертна серија „Музичка прошетка“, со композиции на француски, португалски и шпански јазик.
Публиката ќе има можност да ужива и во безвременските композиции на маестро Драган Ѓаконовски – Шпато, како и во џез-стандардите од репертоарот на легендарниот Френк Синатра. Посебно место ќе имаат и премиерните изведби на авторски композиции на самиот Апелгрен, како и дела напишани специјално за него од истакнатиот македонски џез-пијанист, композитор и аранжер Гордан Спасовски.
За музичката магија да биде комплетна, Апелгрен ќе настапи со џез-комбо состав со кој често соработува, овојпат збогатен со гудачки квартет. Специјален гостин на вечерта ќе биде нашиот реномиран џез-контрабасист Мартин Ѓаконовски, музичар со богато меѓународно искуство и соработки со врвни светски џез-имиња.
Интересен момент е што Ѓаконовски е дел од музичката приказна на Апелгрен уште од неговите први џез-чекори, како член на составот М2, со кој започнува неговото посериозно навлегување во џез-музиката.
Музичките аранжмани и адаптации за овој специјален концерт ги потпишува Гордан Спасовски, кој во 2026 година победи на светски натпревар за најдобра џез-композиција за биг-бенд во Холандија.
Јубилејот „40 лета музика“ не е само потсетување на четири децении кариера, туку и прослава на музиката што ги надминува границите на жанровите и јазиците. Вечер во која македонската музичка традиција, светските џез-стандарди и современото авторско творештво ќе се сретнат на една сцена.
Јубилејниот концерт на Џон Илија Апелгрен ќе се одржи на 31 октомври 2026 година, со почеток во 20 часот, во Големата сала на Македонскиот народен театар во Скопје.
Вечер за љубителите на квалитетната музика, за оние што ги следат четирите децении творештво на Апелгрен, но и за сите што сакаат да доживеат врвна музичка уметност – „светско, а наше“!
-
Шоу Бизпред 7 месециМала ѕвезда со голем глас – Ива Пауновиќ чекори сигурно кон музичкиот врв!
-
Народнапред 6 месециДарко Билбиловски претстави нова песна исполнета со емоција – „Само да си моја“
-
Шоу Бизпред 6 месециЗошто македонската музика „тапка во место“ и како легендите како Александар Сариевски го чуваат идентитетот
-
Шоу Бизпред 3 месециЅвездени носталгии тема – Горчлива чаша 14.07.2026
-
Шоу Бизпред 6 месеци„Позитив бенд“ – музика, еуфорија, енергија – гаранција за добра забава
-
Шоу Бизпред 5 месециКога ќе се спојат Илчо Париси и Спасе Антевски атмосферата станува спектакл!
-
Некатегоризиранопред 6 месециМладата Викторија Ефтимова го претстави новиот сингл „Идеали“
-
Шоу Бизпред 3 месециЅвездени носталгии тема – Гламур 07.07.2026
