Шоу Биз
Осум години музика, љубов и посветеност – Бедндот на браќата Нуне најавија два нови албуми и 16 песни со видеоспотови
По повод осум години активно присуство на македонската музичка сцена, Бендот на браќата Нуне денес одржа прес-конференција на која ги споделија своите досегашни успеси, идни планови и нови музички проекти со кои ќе ја израдуваат својата публика.
Музичарите, кои во изминатите години станаа препознатливи по големиот број препеви, овојпат најавија нешто сосема поинакво и многу позначајно за нивната кариера, два нови албуми со вкупно 16 песни. Едниот албум ќе содржи осум народни композиции и ќе го носи насловот „Љубов“, додека вториот, со осум забавни песни, ќе биде објавен под името „Верувај ми“.

На средбата со новинарите тие истакнаа дека сакаат на своите верни слушатели да им подарат музика во која ќе може секој да се пронајде, без разлика дали повеќе ја сака народната или забавната музика.
„Се надеваме дека публиката ќе ужива во тоа што подеднакво пливаме и во народната и во забавната музика. Нашата најголема желба е да создадеме песни што ќе допрат до срцата на луѓето“, истакнаа браќата Нуне.

Во рамки на прес-конференцијата беа промовирани и два нови видеоспота, забавната песна „Љубов што е љубов“ и народната композиција „Тапаните силно ми чукаат“. Според бендот, сите песни од двата албуми ќе бидат инспирирани и посветени на љубовта, тема која, како што велат, е неисцрпна и секогаш блиска до публиката.

Тие открија и амбициозен план за наредниот период, на секои две недели да објавуваат по една нова песна проследена со видеозапис, со цел до септември сите 16 песни да бидат комплетно претставени пред јавноста. По објавувањето на албумите, бендот планира и голема промоција со која ќе го одбележи овој значаен музички проект.
На прашањето од новинарите кој албум, според нив, ќе има поголем успех, народниот или забавниот членовите на бендот одговорија дипломатски и со почит кон публиката.
„Тој избор им го оставаме на слушателите. Нашата цел е да создадеме квалитетна музика што ќе му се допадне на народот, а публиката најдобро знае што чувствува“, порачаа тие.
Шоу Биз
Ѕвездени носталгии тема – Срцето не е камен 28.07.2026
Каменот не чувствува тежина од она што го носи, а срцето ја памети секоја љубов, секоја болка и секое простување. Колку повеќе се обидува да стане тврдо за да не биде повредено, толку повеќе ја губи својата вистинска природа. Зашто силата на срцето не е во тоа да не чувствува, туку да остане живо и способно да љуби, дури и кога светот го учи на спротивното. Бог не му дал на човекот срце за да стане камен, туку за преку неговата мекост да ја препознае вечноста. Каменот останува ист низ вековите, но срцето расте секогаш кога избира милост наместо омраза, вистина наместо гордост и љубов наместо страв. Само срце што знае да се скрши може повторно да биде составено од Божјата благодат. Науката вели дека тоа непрестајно се приспособува – неговиот ритам се менува со секоја емоција, со секоја мисла и со секој здив.

Она што е живо не е создадено да биде неподвижно, туку да одговара на животот. Затоа, ако срцето се претвори во камен, не ја губи само својата чувствителност, туку и својата суштина. Вистинската сила не е во нечувствителноста, туку во способноста повторно да се отвори, да простува и да љуби, и покрај сите рани. На крајот, не се мери големината на човекот по тоа колку успеал да го стврдне своето срце, туку по тоа колку успеал да го сочува живо. Каменот не страда, но ниту љуби. Срцето, иако ранливо, е единственото место каде што болката може да се преобрази во мудрост, простувањето во слобода, а љубовта во вечност. Само срце што останало човечко може да стане храм на Божјото присуство.
-
Шоу Бизпред 4 месециМала ѕвезда со голем глас – Ива Пауновиќ чекори сигурно кон музичкиот врв!
-
Народнапред 3 месециДарко Билбиловски претстави нова песна исполнета со емоција – „Само да си моја“
-
Шоу Бизпред 4 месециЗошто македонската музика „тапка во место“ и како легендите како Александар Сариевски го чуваат идентитетот
-
Шоу Бизпред 3 неделиЅвездени носталгии тема – Горчлива чаша 14.07.2026
-
Шоу Бизпред 4 месеци„Позитив бенд“ – музика, еуфорија, енергија – гаранција за добра забава
-
Шоу Бизпред 3 месециКога ќе се спојат Илчо Париси и Спасе Антевски атмосферата станува спектакл!
-
Некатегоризиранопред 4 месециМладата Викторија Ефтимова го претстави новиот сингл „Идеали“
-
Шоу Бизпред 3 неделиЅвездени носталгии тема – Гламур 07.07.2026
