Поврзете се со нас

Некатегоризирано

По 11 години пауза – Меморијален турнир во мал фудбал во чест на Роберт Петковски

Објавено

на

Естрада.мк, покрај континуираната поддршка на македонската естрада, секогаш посветува внимание и на настани од пошироко општествено значење. Овој пат, ја информираме јавноста за повторното одржување на меморијалниот турнир во мал фудбал, посветен на Роберт Петковски.

Роберт Петковски е роден на 27 август 1974 година во Скопје, а израснал во село Бунарџик, од каде потекнува неговото семејство. Од 1995 година бил професионален војник и припадник на Баталјонот за специјални намени „Волци“ при АРМ. Како македонски бранител, учествувал во воениот конфликт во Македонија во 2001 година, каде трагично го загубил животот на 28 април 2001 година, во заседа кај Вејце.

Во негова чест, по пауза од 11 години, повторно ќе се одржи турнирот во мал фудбал во село Бунарџик, на спортско-рекреативниот центар кој го носи неговото име. Настанот има за цел да го зачува споменот за неговата жртва, но и да ја обедини заедницата преку спорт и дружење.

Реклама
Во Твоја Зона

Пријавувањето на екипите е во тек и ќе трае до 30 април 2026 година, додека извлекувањето на групите е закажано за 1 мај 2026 година. Турнирот официјално ќе започне на 2 мај 2026 година.

Во пресрет на настанот, на 28 април ќе се одржи состанок на организаторите, на кој ќе се финализираат последните подготовки. На средбата ќе присуствуваат и претставници на Радио Зона М1, кои како и на многи настани од општествено значење и овој пат се појавува како медиумски покровител на турнирот.

Организаторите упатуваат покана до сите љубители на спортот и хуманите вредности да бидат дел од овој значаен настан и заеднички да оддадат почит на ликот и делото на Роберт Петковски.

Реклама
Во Твоја Зона
Продолжи со читање
Реклама Во Твоја Зона

Некатегоризирано

„Скопско лето 2026“ во полн ек – ако сè уште не сте слушнале, Естрада.мк ве потсетува што не треба да пропуштите

Објавено

на

Од

Доколку досега не сте слушнале дека е во тек едно од најголемите културни случувања во главниот град, Естрада.мк ве потсетува дека фестивалот „Скопско лето 2026“ веќе повеќе од еден месец ги разубавува скопските вечери со богата програма исполнета со музика, театар, изложби и бројни уметнички настани.

Речиси секоја вечер, на повеќе локации низ Скопје, посетителите имаат можност да уживаат во концерти, театарски претстави, книжевни вечери, изложби и настапи на врвни домашни и меѓународни уметници. Градот живее во фестивалски дух, а секој ден носи ново културно доживување.

Реклама
Во Твоја Зона

Музеи, галерии, културни институции и отворени сцени се претвораат во вистински центри на уметноста. Посебен шарм и оваа година има Старата скопска чаршија, каде што фестивалските содржини добиваат уникатна атмосфера и привлекуваат бројни посетители.

И покрај богатата и разновидна програма, има граѓани кои сè уште не се информирани дека фестивалот е во тек. Затоа, доколку барате поинаков начин да ги поминете топлите летни вечери, „Скопско лето“ е вистинскиот избор. Без разлика дали сте љубител на класичната музика, театарот, современата уметност или книжевноста, програмата нуди содржини за сечиј вкус.

Реклама
Во Твоја Зона

До завршувањето на фестивалот остануваат уште многу интересни настани, па сега е вистинскиот момент да ја разгледате програмата и да станете дел од оваа долгогодишна културна традиција што со децении го збогатува животот во главниот град.

Фестивалот „Скопско лето 2026“ се одржува под покровителство на Министерството за култура и туризам и Град Скопје, а негов организатор е Дирекцијата за култура и уметност – Скопје, во соработка со бројни национални културни институции и меѓународни партнери.

Реклама
Во Твоја Зона

Естрада.мк и во наредниот период ќе продолжи да ве информира за најинтересните фестивалски случувања, концерти и културни настани кои се дел од богатата програма на „Скопско лето 2026“.

Реклама
Во Твоја Зона

Реклама
Во Твоја Зона
Продолжи со читање
Реклама
Реклама
Реклама Во Твоја Зона
Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
Реклама

ПОПУЛАРНИ