Народна
Васка Илиева – гласот што ја претвори македонската песна во идентитет
Естрада.мк продолжува со сведоштвата дека и песната може да биде најсилен чувар на идентитетот, потсетувајќи на уметниците кои преку своите гласови го овековечиле животот, чувствата и духот на македонскиот народ.
Овој пат, во фокусот е доајенот на македонската народна песна Васка Илиева, една од најпознатите и најпочитувани изведувачки во македонската музичка историја.
Нејзината музичка кариера започнува уште пред 1950 година, како дел од Државниот ансамбл за народни песни и игри Танец. Со својот неповторлив глас, автентичен стил и силна емоција во интерпретацијата, таа многу брзо го освојува срцето на публиката.
Популарноста на Илиева не останува ограничена само на Македонија. Таа настапува на безброј концерти низ тогашна Југославија, но и ширум светот, секаде каде што живеат Македонци, носејќи ја со себе македонската песна како дел од националниот идентитет.
Нејзиниот богат репертоар вклучува безвременски песни како „Земјо македонска“, „Имала мајка“, „Излегол Невен Пејо“, „Аир да не сториш мајко“, „Сестра кани брата на вечера“ и многу други, кои и денес се пеат со истата емоција и почит.
За време на својата долга и плодна кариера, Васка Илиева добива епитети што најдобро ја опишуваат нејзината големина „Жива легенда“ на македонската народна песна, „Кралица на македонската народна песна“ и „Амбасадор на македонската народна музика“. Нејзиниот глас одекнува на сите континенти каде постои и опстојува македонец, пренесувајќи ја приказната за Македонија, нејзината традиција, љубов, тага и непоколеблив патриотизам.
Со секоја испеана строфа, таа не само што ја претставуваше македонската музика, туку ја живееше. Нејзиното творештво е одраз на македонската душа искрена, силна и длабоко емотивна.
Зад себе остави богата музичка ризница, над 800 снимени песни за Македонското радио, повеќе од 150 плочи и касети, од кои околу 70 се нејзино авторско дело. Иако автор на многу од песните што ги изведуваше, тие со текот на времето станаа дел од народното богатство, како да постоеле отсекогаш.
Васка Илиева со своето големо македонско срце и живот посветен на песната замина во легендите, но нејзиниот глас останува да живее. Нејзините песни денес се дел од бесмртните рефрени, потсетник дека токму преку музиката се чуваат корените и се негува идентитетот.
Народна
Љупчо Јовановски – Бубе – Години кариера, безброј настапи и публика која го сака
Македонската фолк сцена има свои препознатливи имиња, музичари кои не се појавуваат само за да отпеат песна, туку знаат да направат вистинска атмосфера. Еден од нив е Љупчо Јовановски – Бубе, пејач и музичар со долгогодишно искуство, кој и денес активно настапува и ја одржува блиската врска со публиката.
Бубе своето музичко образование го стекнал на Факултетот за музичка уметност во Скопје, каде што дипломирал, а неговиот животен пат низ годините го однел и далеку од Македонија. Тој извесен период живеел и работел со семејството во Австралија, но животот повторно го враќа во Македонија каде и се враќа и на љубовта кон музиката и домашната сцена.




По враќањето продолжува активно да се занимава со музика, а зад себе има настапи на повеќе фестивали, меѓу кои и Тумба Фест и Охрид Фест, фестивалски сцени кои низ годините беа важен дел од македонската забавна и фолк музика.
Публиката го препознава и по неговите песни „Кумановска брука“, „Насмевни се за збогум“, „Ноќва е лом“ и „Војна и љубов“, песни кои се дел од неговиот музички печат и кои продолжуваат да живеат меѓу љубителите на македонската фолк музика.



Но, она по што Бубе особено го препознава неговата публика е живиот настап. Без разлика дали станува збор за ресторан, клуб или друга прослава, неговите настапи се исполнети со музика, расположение и директна комуникација со публиката. А токму тоа е нешто што не се учи само во музичките училишта – потребно е искуство, чувство за публика и способност од обичен настап да се направи вечер за паметење.
Со својот карактеристичен пристап, богат репертоар и долгогодишно сценско искуство, Љупчо Јовановски – Бубе и понатаму е активен на македонската музичка сцена. Настапите во локалите се неговата секојдневна средба со публиката, а кога Бубе ќе застане пред микрофонот, очигледно е дека вечерта не е резервирана само за слушање музика, туку за песна, дружење и добра забава до последниот рефрен.
И додека музичките трендови се менуваат, имињата кои зад себе имаат години работа, искуство и љубов кон сцената остануваат препознатливи. А Љупчо Јовановски – Бубе продолжува токму по тој пат со музика, настапи и публика која знае што може да очекува кога тој ќе го земе микрофонот.
-
Шоу Бизпред 7 месециМала ѕвезда со голем глас – Ива Пауновиќ чекори сигурно кон музичкиот врв!
-
Народнапред 6 месециДарко Билбиловски претстави нова песна исполнета со емоција – „Само да си моја“
-
Шоу Бизпред 6 месециЗошто македонската музика „тапка во место“ и како легендите како Александар Сариевски го чуваат идентитетот
-
Шоу Бизпред 3 месециЅвездени носталгии тема – Горчлива чаша 14.07.2026
-
Шоу Бизпред 6 месеци„Позитив бенд“ – музика, еуфорија, енергија – гаранција за добра забава
-
Шоу Бизпред 5 месециКога ќе се спојат Илчо Париси и Спасе Антевски атмосферата станува спектакл!
-
Некатегоризиранопред 6 месециМладата Викторија Ефтимова го претстави новиот сингл „Идеали“
-
Шоу Бизпред 3 месециЅвездени носталгии тема – Гламур 07.07.2026
