Поврзете се со нас

ЗАБАВНА

Доволно ретро за да биде повеќе од модерно: „Коктел“ од љубовни нежности и комплименти во – „Само ти“

Објавено

на

Онаму каде што го започнаа своето возобновено музичко патешествие кон крајот на минатата 2025 година со нивното ново првенче „Каде ти, таму јас“, македонскот поп рок дуо „Коктел“ сега продолжува со нова песна. Стевче Грозданов и Блаже Темелков, добро познатите музички имиња на македонската музичка јавност својот камбек одново го зачинија со тема која јасно го детерминира нивниот стил. „Само ти“ е уште едно спакувано поп рок бонбонче во нивната новотворена музичка бонбониера.

Задржувајќи ја истата линија на стилот кој решиле да го негуваат или поточно продолжат уште откако започнаа пред 30 години, „Коктел“ и натаму ја покажуваат својата музичка автентичност на свој сопствен начин по рецептура која отсекогаш била едеиница мерка за успех: хитовски ориентирана песна, со едноставен ритам, лесно певлив рефрен кој на прва влага в уши и виртоузна гитарска бравура.

Поп рок парче, налик на оние стари добри екс – ЈУ хитови кои повозрасните ги потсетуваат на нивнита најубави младешки години. Без тјуниран вокал, без вештачки фајлови, набилдан ритам, купишта синтетизирани звуци… Само чиста, природна енергија, со соло вовед, искрен, емотивен текст отпеан од суптилниот вокал на Блаже и гитара која плаче, вреска и реже под прстите на Стевче. Доволно ретро за да биде повеќе од модерно!

Реклама
Во Твоја Зона

Песната е визуелизирана со едноставно, но симпатично видео кое делува мошне искрено и на моменти толку романтично, особено ако се знае дека во него е за прв пат заедно, но само во музички видеоспот, најпознатата македонска модно-брачна двојка, Светлана и Мики Црнокрак. Приказна која дава дополнителна убавина дека вистинската љубов може да трае и да биде вечна, без оглед на јавната професија и популарноста на обајцата сопружници. Музиката и стиховите се авторско дело на пејачот Блаже Темелков, аранжманот на Стевче Грозданов, кој го потпишува и видеоспотот, додека миксот и мастерингот ги изработил Горан Гешовски.

Реклама
Во Твоја Зона
Продолжи со читање
Реклама Во Твоја Зона

ЗАБАВНА

Радовиш на 28 август во знакот на македонскиот рок – „Меморија“ и „Ареа“ на една сцена

Објавено

на

Од

Летото полека се ближи кон својот крај, а последните августовски денови се исполнети со бројни културни и музички збиднувања низ Македонија. Естрада.мк е тука, колку што може, да ги проследи најинтересните настани и да ги доближи до пошироката публика, особено оние што носат добра музика, емоции и сеќавања.

Еден таков настан нè очекува на 28 август во Радовиш, каде што љубителите на македонскиот рок ќе имаат можност да уживаат во концертна вечер со две добро познати имиња од домашната музичка сцена – „Меморија“ и „Ареа“. Концертот се организира по повод Денот на македонските рудари, а локацијата е Паркинг „Орел“ во Радовиш.

Музичката вечер ќе започне во 21:00 часот, кога на сцената ќе настапи „Меморија“. Групата ќе ги потсети присутните на своите добро познати песни и на македонските рок-хитови кои со години се дел од музичкото паметење на повеќе генерации.

Реклама
Во Твоја Зона

Од 23:00 часот сцената ќе биде резервирана за „Ареа“, еден од најпрепознатливите македонски рок-бендови, чиј репертоар со години е присутен во македонскиот музички простор.

Она што дополнително го прави концертот привлечен е фактот што влезот е слободен, па се очекува на Паркинг „Орел“ да се соберат љубители на македонската рок-музика од Радовиш и околината, но и посетители кои сакаат последните августовски денови да ги поминат со добра музика и добро друштво.

Реклама
Во Твоја Зона

Настанот е поддржан од Општина Радовиш и Рудник „Бучим“, а концертната програма е дел од одбележувањето на Денот на македонските рудари. Според најавите, со оваа концертна вечер продолжува и традицијата на јавно одбележување на 28 август во Радовиш.

Така, август во Радовиш ќе заврши со звукот на македонскиот рок, познатите рефрени и песни кои ги поврзуваат различните генерации. „Меморија“ и „Ареа“ на една сцена се доволна покана за уште една музичка вечер под отворено небо и уште едно убаво збогување со летото.

Реклама
Во Твоја Зона

Естрада.мк ќе продолжи да ги следи настаните низ Македонија и да ви ги носи најинтересните фестивали, концерти и културни случувања.

Реклама
Во Твоја Зона
Продолжи со читање
Реклама
Реклама
Реклама Во Твоја Зона
Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
Реклама

ПОПУЛАРНИ