Поврзете се со нас

Некатегоризирано

Младата Викторија Ефтимова го претстави новиот сингл „Идеали“

Објавено

на

Младата македонска пејачка Викторија Ефтимова (21) го промовираше својот најнов сингл „Идеали“, со кој најавува поинаков музички правец и амбиција за летен хит. Промоцијата се одржа на 2 април во кафе барот „Мартини“ во Скопје, каде пред присутните беше претставен и видеоспотот за песната.

Настанот беше заокружен со настап во живо, при што Ефтимова, придружувана од својот бенд, изведе дел од своите песни, вклучувајќи го и новиот сингл. Таа е веќе препознатлива кај помладата публика, особено на социјалната мрежа ТикТок, каде брои повеќе од 146 илјади следбеници и речиси три милиони допаѓања.

„Идеали“ претставува летна поп-композиција, која носи поинаква емоционална и звучна естетика во споредба со нејзините претходни изданија. Песната тематски се осврнува на современиот начин на живот и вредностите во општеството, со акцент на личната перспектива и искрен израз.

Ефтимова се издвојува како комплетен автор на својата музика – таа стои зад текстот, музиката и аранжманот на „Идеали“, како и на сите нејзини досегашни песни. Ова е нејзин десетти сингл по ред, кој ќе биде дел од нејзиниот претстоен албум, најавен за крајот на годината.

Покрај објавените песни, младата авторка има и богата архива од 214 напишани, но сѐ уште необјавени композиции, дел од кои се очекува да бидат претставени во наредниот период, било преку нејзина интерпретација или во изведба на други артисти.

Реклама
Во Твоја Зона

Видеоспотот за „Идеали“ е снимен на Водно, во „Хедон ресорт“, и нуди визуелна приказна со симболика и силна емоционална нота. Во него, покрај повеќе статисти, главната улога ја толкува самата пејачка, прикажувајќи ја темата за губење на сопствениот идентитет во современиот свет.

Покрај поп музиката, Ефтимова има и класично музичко образование. Таа студира соло пеење на Факултетот за музичка уметност во класата на професорката Весна Ѓиновска-Илкова. Како алт-мецосопран, има настапувано на повеќе концерти, вклучително и во Националната опера и балет.

Реклама
Во Твоја Зона

Со новиот сингл „Идеали“, Викторија Ефтимова не само што го зацврстува своето место на домашната музичка сцена, туку и испраќа порака за поголема продуктивност и развој на македонската музика.

Реклама
Во Твоја Зона
Продолжи со читање
Реклама Во Твоја Зона

Некатегоризирано

„Скопско лето 2026“ во полн ек – ако сè уште не сте слушнале, Естрада.мк ве потсетува што не треба да пропуштите

Објавено

на

Од

Доколку досега не сте слушнале дека е во тек едно од најголемите културни случувања во главниот град, Естрада.мк ве потсетува дека фестивалот „Скопско лето 2026“ веќе повеќе од еден месец ги разубавува скопските вечери со богата програма исполнета со музика, театар, изложби и бројни уметнички настани.

Речиси секоја вечер, на повеќе локации низ Скопје, посетителите имаат можност да уживаат во концерти, театарски претстави, книжевни вечери, изложби и настапи на врвни домашни и меѓународни уметници. Градот живее во фестивалски дух, а секој ден носи ново културно доживување.

Реклама
Во Твоја Зона

Музеи, галерии, културни институции и отворени сцени се претвораат во вистински центри на уметноста. Посебен шарм и оваа година има Старата скопска чаршија, каде што фестивалските содржини добиваат уникатна атмосфера и привлекуваат бројни посетители.

И покрај богатата и разновидна програма, има граѓани кои сè уште не се информирани дека фестивалот е во тек. Затоа, доколку барате поинаков начин да ги поминете топлите летни вечери, „Скопско лето“ е вистинскиот избор. Без разлика дали сте љубител на класичната музика, театарот, современата уметност или книжевноста, програмата нуди содржини за сечиј вкус.

Реклама
Во Твоја Зона

До завршувањето на фестивалот остануваат уште многу интересни настани, па сега е вистинскиот момент да ја разгледате програмата и да станете дел од оваа долгогодишна културна традиција што со децении го збогатува животот во главниот град.

Фестивалот „Скопско лето 2026“ се одржува под покровителство на Министерството за култура и туризам и Град Скопје, а негов организатор е Дирекцијата за култура и уметност – Скопје, во соработка со бројни национални културни институции и меѓународни партнери.

Реклама
Во Твоја Зона

Естрада.мк и во наредниот период ќе продолжи да ве информира за најинтересните фестивалски случувања, концерти и културни настани кои се дел од богатата програма на „Скопско лето 2026“.

Реклама
Во Твоја Зона

Реклама
Во Твоја Зона
Продолжи со читање
Реклама
Реклама
Реклама Во Твоја Зона
Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
Реклама

ПОПУЛАРНИ