Шоу Биз
Сека Алексиќ и Раста на иста сцена во Арена „Јане Сандански“
Скопје на 14 март 2026 година ќе биде центар на регионалната музичка сцена. Во сабота, во Арена „Јане Сандански“, публиката ќе има можност да присуствува на вистински музички спектакл на кој за првпат на иста сцена ќе настапат две големи ѕвезди – Сека Алексиќ и Раста.
Организаторите најавуваат вечер исполнета со врвна продукција, моќен звук и светлосно шоу, како и сет-листи составени од најголемите хитови на двајцата артисти. Концертот ветува спој на силни емоции, балади и препознатливата енергија на Сека Алексиќ, надополнети со урбаниот ритам и модерниот музички израз на Раста.
Овој музички настан се очекува да привлече илјадници посетители од земјава и регионот, кои ќе ја наполнат арената и ќе создадат атмосфера што долго ќе се памети. Комбинацијата на две различни, но подеднакво моќни музички естетики, според најавите, ќе понуди уникатно концертно доживување за сите генерации.
Влезниците наскоро ќе бидат пуштени во продажба преку платформите www.vleznica.mk, www.karti.com.mk и www.ticketx.com.mk.
14 март 2026 – датум што љубителите на добрата музика веќе го заокружуваат во своите календари.
Шоу Биз
Деки и Мац – дуо што ја освојува публиката со емоција, енергија и врвна музичка хемија
Веќе неколку години наназад, на македонската музичка сцена сè слуша за дуото Деки и Мац, составено од Дејан Сиљаноски и Мартин Митевски, двајца музичари кои со својата искрена љубов кон музиката и професионален пристап успеваат да создадат препознатлив звук и атмосфера каде и да настапуваат.

Мартин Митевски важи за вистински мајстор на сајзер, човек кој со леснотија „чита“ акорди, аранжмани и ритмови, и кој знае како да ја подигне енергијата во секој простор од клубските сцени до големи приватни прослави. Од друга страна, Дејан Сиљаноски е вокалот што остава впечаток уште со првите тактови моќен, емотивен и сигурен глас, кој знае да допре директно до срцето на публиката.
Деки и Мац се дуо кое функционира како совршена музичка хемија, клавијатурите и вокалот се надополнуваат природно, без наметнување, создавајќи чувство на спонтаност и искреност во секој настап. Нивната програма опфаќа широк репертоар од домашни и балкански хитови, а досега зад себе имаат голем број успешни кавери и препеви кои наидоа на одличен прием кај публиката.

Покрај бројните настапи низ клубови, локали и приватни настани, дуото може да се пофали и со успешна соработка со Радио Зона М1, каде нивната музика секојдневно може да се слушне во етерот, а во иднина можна да дојде и поширока соработка со Продукција Зона М1, што претставува сериозен чекор напред во нивната кариера.
Најинтересното допрва следува, Деки и Мац паралелно со каверите, активно работат и на сопствен авторски материјал. Тоа значи дека публиката во некоја блиска иднина ќе има можност да ги слушне и во ново светло, со песни кои целосно ќе го носат нивниот печат, стил и емоција.
Со посветеност, професионалност и искрена љубов кон музиката, Деки и Мац полека, но сигурно го градат својот пат кон поширока препознатливост. Ако продолжат со исто темпо, нема сомнеж дека ова дуо ќе стане едно од поинтересните имиња на домашната естрадна сцена во периодот што следува.
-
Народнапред 1 месецВладимир Поповски ја оживеа „Непокорни Македонци“ – песна што зборува во името на народот
-
Шоу Бизпред 3 месеци„Аска 2“ доаѓа на 2 декември – нов музички бум од Теа Таировиќ
-
Шоу Бизпред 1 месецАлександар Митевски и хорот „Фрида“ со музички спомен за Фросина Кулавкова
-
Народнапред 2 месециЛени Партикова со прес-конференција го најави концертот и новиот албум „Горда сум Македонка“
-
Шоу Бизпред 2 месециСо емоции и почит – Александар Јосифовски со ковер на „Кому да запеам“
-
Шоу Бизпред 3 месециРадио Зона М1 во блесок и сјај го одбележа својот 32-ри роденден – ноќ исполнета со музика, емоции и вистински гламур
-
Шоу Бизпред 2 месециНова кавер-приказна од младиот вокал Никола Милосковски – Емотивната балада „Лутка“ доби нова душа
-
Шоу Бизпред 6 месециНа 18-ти септември село Булачани ќе чука „во ритам на хуманоста“ со голем концерт
