Поврзете се со нас

Народна

Владимир Поповски ја оживеа „Непокорни Македонци“ – песна што зборува во името на народот

Објавено

на

Пред неколку месеци, на социјалните мрежи се појави едно младо име кое брзо го привлече вниманието на јавноста – Димче Ѓорѓиовски, на социјалните мрежи познат како ,,Горд Македонец”. Млад, искрен и исполнет со ентузијазам и длабок патриотизам, Димче несебично ја промовира Македонија и македонската музика, користејќи ги можностите на современата технологија. Секојдневно создава текстови и, со помош на AI програми, комплетни песни придружени со видеа, носејќи силни пораки за идентитетот, историјата и духот на македонскиот народ.

Во неговите почетоци се роди песната „Непокорни Македонци“ – дело кое за кратко време ги освои неговите следбеници и предизвика силни емоции кај публиката. Но нејзината моќ и квалитет не останаа забележани само на социјалните мрежи. Песната го привлече вниманието и на познатиот пејач Владимир Поповски, кој ги откупи авторските права и ѝ даде нов, сценски живот.

„Непокорни Македонци“ во изведба на Владимир Поповски доби силна музичка поддршка од врвни музичари: Дино Милосављевиќ на тапани, Горан Гешовски на бас гитара, Нико Сребров на пијано и Танче Гроздановски на гитара. За песната е снимен и впечатлив видео спот во продукција на Студио Анастасија, кој дополнително ја заокружува нејзината порака.

Реклама

На својот Фејсбук профил, Владимир Поповски емотивно напиша дека ова е неговата прва авторска композиција и дека со неа ја отвора приказната за еден народ што со векови носи тешки бремиња, поделби, неправди, прогонства и тишини но никогаш не се откажал од себе и од своето достоинство.

„Непокорни Македонци“, како што истакнува Поповски, не е само песна, туку глас на оние што не влегле во учебниците, на оние што тивко ја чувале земјата, на сите што биле разделени со линии на карта и казнувани само затоа што биле Македонци. Песна за пирејот што не се суши, за гордоста што не исчезнува и за љубовта кон Македонија која обединува дури и кога сè друго се руши.

Особено значаен момент е и фактот што, во преписката со екипата на Естрада.мк околу авторските права, Владимир Поповски нагласи:
„Небитно е, оваа песна е на македонскиот народ.“

Реклама

Видео спотот е делумно снимен и со екипата на ЕБР (Единица за брзо распоредување), со што симболично и достоинствено им се оддава чест на загинатите припадници на оваа единица, момци кои ги положиле своите животи во служба на татковината.

„Непокорни Македонци“ денес стои како музички споменик и почит кон сите непокорни души, кон сите што издржаа, опстанаа и продолжуваат со крената глава. Потсетник дека можат да нè делат, да нè бришат и да нè потиснуваат, но никогаш да ни ја земат душата. Затоа што Македонија живее преку своите луѓе и преку песни како оваа.

Реклама
Продолжи со читање
Реклама

Народна

Лени Партикова со прес-конференција го најави концертот и новиот албум „Горда сум Македонка“

Објавено

на

Од

Вчеравечер, во пријатна и свечена атмосфера во познатиот македонски ресторан „Камин Кама“, се одржа прес-конференција на една од најпрепознатливите македонски фолк пејачки – Лени Партикова. Поводот беше нејзиниот претстоен трет солистички концерт, кој ќе се одржи на 17 јануари 2026 година во Домот на културата во Тетово, како и официјалната најава на нејзиниот нов албум со наслов „Горда сум Македонка“.

Во улога на водител на прес-конференцијата беше познатата радио водителка од Радио Зона М1, Биљана Коцева, која со својата професионалност и топлина ја водеше средбата со медиумите.

Пред присутните новинари, Лени Партикова истакна дека и концертот ќе го носи насловот „Горда сум Македонка“, а публиката ќе има можност во живо да ги слушне песните од новиот албум, како и дел од старите изворни македонски песни, обработени во нов, современ аранжман.

На сцената со неа ќе настапат Крпа Круна, Орде Неделковски и Кире Наумовски, а како специјални гости ќе се претстават и дечињата од Клуб „Шара“, кои ќе имаат свој автентичен настап. Посебен белег на концертната вечер ќе даде и Дувачкиот оркестар на Мануел Аметовиќ од Србија.

Реклама

„Нашата цел е целокупната македонска традиција и култура да ја пренесеме на сцена и публиката да ужива заедно со нас“, истакна Лени, најавувајќи и специјално изненадување кое намерно не го откри на прес-конференцијата, оставајќи го како вистинско изненадување за присутните на концертот. Таа додаде дека станува збор за момент кој силно ќе ја подигне атмосферата.

Лени Партикова ја изрази и својата желба, надеж и верба дека вакви концерти би сакала да одржува во сите градови низ државата, но и пред македонската дијаспора ширум светот.

Реклама

Картите за концертот може да се набават во „Гранд Тобако“ во Тетово, како и на самата билетара во Домот на културата во Тетово.

На прес-конференцијата накратко се обрати и нејзиниот сопруг Жарко Ѓоргески, кој ја искажа својата безрезервна поддршка и верба во квалитетите на Лени, нагласувајќи дека секогаш стои и ќе стои зад неа – како сопруг, менаџер, личен возач и кореограф.

Реклама

Лени упати благодарност и до медиумите кои континуирано ја поддржуваат нејзината работа, меѓу кои Радио Зона М1, Балкан Мјузик, Ин ТВ и Ване Петковски.

За време на пресот, Лени неколкупати запеа, се фотографираше со присутните, а новинарите имаа можност ексклузивно да го погледнат и видеоспотот за истоимената песна „Горда сум Македонка“, реализиран во продукција на Арт Студио продукција и Балкан Мјузик телевизија.

Реклама



По официјалниот дел, присутните беа почестени со мала закуска, а вечерта продолжи во духот на музиката, дружењето и позитивната енергија, токму онака како што и самата Лени Партикова ја најавува својата голема концертна приказна.

Продолжи со читање
Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
Реклама

ПОПУЛАРНИ