Поврзете се со нас

Шоу Биз

Со емоции и почит – Александар Јосифовски со ковер на „Кому да запеам“

Објавено

на

Со огромна почит кон македонската музичка традиција и длабока емоција, Александар Јосифовски кој го освои регионот по учеството во Ѕвездите на Гранд, каде го освои високото второ место, на својот Фејсбук профил ни го претстави својот најнов музички проект – ковер верзија на легендарната песна „Кому да запеам“, првично изведена од незаборавниот Благоја Грујовски.

Јосифовски не крие дека станува збор за една од неговите најомилени композиции, песна која, како што вели, не е само музика, туку вистинско сведоштво за едно време, една генерација и емоции што не стареат. Токму затоа, овој проект е замислен како искрен омаж за човекот и делото што оставиле длабока трага во македонската музичка историја.

Авторскиот тим зад ова безвременско музичко дело е составен од големи имиња: текстот е дело на велемајсторот Огнен Неделковски, музиката ја потпишува легендарниот музички творец Григор Копров, додека аранжманот е на музичкиот великан Дамир Имери. Комбинацијата на нивниот талент создаде песна која и денес, со ист интензитет, допира до срцата на слушателите.

Со својата интерпретација, Александар Јосифовски се обидува да ја пренесе истата тежина и убавина што ја носи оваа легендарна композиција, притоа внесувајќи личен печат и современа сензибилност, но без да ја наруши нејзината автентичност.

Реклама

„За Благоја. За времето што го одбележа. За песните што живеат засекогаш“, порачува Јосифовски, потврдувајќи дека вистинската музика нема рок на траење, туку продолжува да живее низ нови гласови и нови генерации.

Реклама
Продолжи со читање
Реклама

Шоу Биз

Среќна 2026 – Естрада.мк со честитка и благодарност до сите што нè поддржуваат

Објавено

на

Од

Како релативно нов портал во интернет-заедницата, Естрада.мк во изминатата година успешно го помина почетниот пат кон своето позиционирање и градење на сопствен идентитет. Годинава што ја испраќаме беше исполнета со многу предизвици, но и со уште повеќе инспиративни приказни што заслужија да бидат раскажани.

На нашите страници се најдоа изведувачи од македонската и балканската естрада, млади и нови надежи кои допрва го градат својот пат, но и веќе докажани имиња кои со својата работа оставаат траен белег. Пишувавме и за хумани луѓе, за убави настани, прослави, лични и професионални успеси, сѐ она што ја прави естрадата жива, човечна и блиска до публиката.

Годината ја завршуваме задоволни од сработеното, со чувство дека сме на вистинскиот пат, но и со јасна визија дека најдоброто допрва доаѓа. Во новата 2026 година влегуваме со уште поголем елан, желба и верба, подготвени да продолжиме да информираме, да поддржуваме и да ги следиме сите позитивни приказни кои вреди да се споделат.

Реклама

На крајот од оваа година, сакаме искрено да им се заблагодариме на сите наши соработници, на уметниците и јавните личности кои ни ја укажаа довербата, како и на читателите, верните конзументи на нашиот пишан збор, кои секојдневно нѐ следат и нѐ поддржуваат.

Воедно, на сите им ја честитаме Новата 2026 година, со желби за здравје, успех и лична среќа. Нека периодот што следи биде исполнет со нови победи и убави приказни, а имињата на нашите читатели и соработници нека се најдат на страниците на Естрада.мк испишани исклучиво со успеси.

Реклама

Естрада.мк на сите свои соработници и читатели им посакува среќна и успешна Нова 2026 година. ✨

Реклама
Продолжи со читање
Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
Реклама

ПОПУЛАРНИ