Поврзете се со нас

Народна

Орде Неделковски ја стартува Новата година со нешто ново – „Жено неверна“ излегува на 5 јануари

Објавено

на

Пејачот Орде Неделковски не губи време и Новата година ја започнува работно, со јасна порака дека 2026 ќе биде година на нови песни, емоции и силни музички приказни. Во неговата уметничка работилница веќе „се крчка“ нешто ново, а резултатот публиката ќе го добие многу брзо.

На 5 јануари официјално ќе биде објавена неговата најнова песна со наслов „Жено неверна“, нумера која носи силна емоционална тежина и препознатлива балканска чувствителност. Текстот е дело на Орце Зафировски, кој уште еднаш потврдува дека знае како да ја преточи животната приказна во стихови што допираат директно до срцето. За музиката и аранжманот е задолжен Бобан Мојсовски, чие име е гаранција за квалитетен и современ звук, а како пратечки вокал се појавува и одличната Анета Љумакова, која со својата боја дополнително ја збогатува песната.

„Жено неверна“ е снимена во Art Studio, каде што на секој детал му е посветено посебно внимание, со цел финалниот производ да ја долови целосната емоција што Орде сака да ја пренесе до публиката. Но приказната не завршува тука, песната ќе биде заокружена и со видео спот, кој се снима под режисерската палка на Дејан Ѓорѓиев, познат по својата визуелна естетика и умешност да ја раскаже музичката приказна и преку слика.

Реклама
Во Твоја Зона

Со оваа песна, Орде Неделковски најавува силен старт на годината и уште една песна која лесно може да го најде својот пат до публиката и радиостаниците.

Останува да го одбројуваме до 5 јануари и да видиме каква емоција ни подготвува Орде на самиот почеток од новата година.

Реклама
Во Твоја Зона
Продолжи со читање
Реклама Во Твоја Зона

Народна

,,Фолк Фест Роса“ слави 27 години – Една ноќ, многу хитови и незаборавни музички емоции!

Објавено

на

Од

Македонската фолк-музика има уште една причина за славење! Еден од фестивалите што оставија свој белег на домашната естрадна сцена, „Фолк Фест Роса“, годинава одбележува 27 години постоење, а големиот јубилеј ќе биде прославен на 9 ноември во Националната опера и балет во Скопје.

Под мотото „Една ноќ – многу хитови“, публиката ја очекува музичка вечер посветена на песните, емоциите и имињата што низ годините ја градат приказната на овој фестивал.

Од своето прво издание во 1999 година, „Фолк Фест Роса“ претставува дел од македонската музичка традиција, овозможувајќи им на афирмираните изведувачи, но и на новите музички надежи, да ја претстават својата песна пред публиката. Низ годините, фестивалската сцена ја споделувале бројни познати фолк-имиња, а дел од песните продолжиле да живеат и долго по нивните премиерни изведби.

Реклама
Во Твоја Зона

Јубилејната вечер е можност повторно да се потсетиме на музиката што буди спомени, на рефрените што се пеат во еден глас и на емоциите што само добрата народна песна може да ги пренесе. Фолкот е музика што ги спојува генерациите, раскажува приказни за љубовта, животот, радоста и тагата, а токму таа блискост со публиката е дел од неговата трајна вредност.

Очекувањата се дека и ова издание ќе донесе вечер исполнета со добра музика, познати естрадни имиња и вистински фестивалски дух. Имињата на учесниците и дополнителните детали за програмата се очекува да бидат објавувани во периодот што следува.

Реклама
Во Твоја Зона

27 години „Фолк Фест Роса“ – 27 години музика, традиција и хитови!

Големиот музички настан ќе се одржи на 9 ноември 2026 година, со почеток во 20 часот, во Националната опера и балет во Скопје. Влезниците се по цена од 400 денари и се достапни преку продажната мрежа на Karti.com.mk.

Реклама
Во Твоја Зона

За дополнителни информации, заинтересираните можат да се обратат на телефонскиот број 070 266 266.

Една вечер, многу хитови и 27 години музичка приказна што продолжува!

Реклама
Во Твоја Зона
Продолжи со читање
Реклама
Реклама
Реклама Во Твоја Зона
Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
Реклама

ПОПУЛАРНИ