Шоу Биз
Радио Зона М1 во блесок и сјај го одбележа својот 32-ри роденден – ноќ исполнета со музика, емоции и вистински гламур
Во атмосфера која наликуваше на вистински радиобран фестивал, Радио Зона М1 го прослави својот 32-ри роденден со ексклузивна, префинета и гламурозна забава што долго ќе се памети. Главните уредници и сопственици, Светлана и Марјан Тасевски, приредија вечер исполнета со стил, елеганција и врвна организација, достојна за радио кое повеќе од три децении е меѓу најслушаните во земјата.
На роденденот беа поканети и присувствува роднини, пријатели, долгогодишни соработници и бројни јавни личности кои уживаа во свечен амбиент, сјајни светла и позитивна енергија. Меѓу гостите беа присутни Лени Партикова, Блаж Маротов, Марија Петковска, харизматичната Даниела Темелковска, која со извонредна интерпретација ја исполни химната на Радио Зона М1. Додека Раде Младеновски со својот хит „Ракија“, многу баран од публиката, ги размрда уште повеќе, веќе расположените гости.





За музичката позадина и непрекинатото добро расположение се погрижи ДЏ Гоце – мајстор зад пултот, кој со беспрекорен избор на хитови ја држеше енергијата на високо скалило во текот на целата вечер. Неговиот сет создаде атмосфера каква што и треба да има на големи гламурозни прослави.






Вистинската круна на спектаклот беа танчарките со своите егзотични ориентални настапи, полни со шарм, раскошни костими и сценски настап што ја заокружи вечерта со совршена доза мистичност и елеганција.
Со оваа свечена и блескава прослава, Радио Зона М1 уште еднаш докажа дека не е само радио – туку бренд, традиција и емоција која опстојува повеќе од 30 години меѓу својот народ и публика. И продолжува напред, посилно од кога било, таму каде што секогаш било, во срцето на слушателите.
Дел од роденденската атмосвера беше пренесувана и во етерот, преку 104,4 ФМ фрекфенцијата, со тоа Радио Зона М1 им ја пренесе пораката на своите верни слушатели од Скопје, Македонија, Балканот па и низ светот – 32 години сме тука, тука и остануваме, меѓу вас, нашите ценети слушатели.
Шоу Биз
Со емоции и почит – Александар Јосифовски со ковер на „Кому да запеам“
Со огромна почит кон македонската музичка традиција и длабока емоција, Александар Јосифовски кој го освои регионот по учеството во Ѕвездите на Гранд, каде го освои високото второ место, на својот Фејсбук профил ни го претстави својот најнов музички проект – ковер верзија на легендарната песна „Кому да запеам“, првично изведена од незаборавниот Благоја Грујовски.

Јосифовски не крие дека станува збор за една од неговите најомилени композиции, песна која, како што вели, не е само музика, туку вистинско сведоштво за едно време, една генерација и емоции што не стареат. Токму затоа, овој проект е замислен како искрен омаж за човекот и делото што оставиле длабока трага во македонската музичка историја.
Авторскиот тим зад ова безвременско музичко дело е составен од големи имиња: текстот е дело на велемајсторот Огнен Неделковски, музиката ја потпишува легендарниот музички творец Григор Копров, додека аранжманот е на музичкиот великан Дамир Имери. Комбинацијата на нивниот талент создаде песна која и денес, со ист интензитет, допира до срцата на слушателите.
Со својата интерпретација, Александар Јосифовски се обидува да ја пренесе истата тежина и убавина што ја носи оваа легендарна композиција, притоа внесувајќи личен печат и современа сензибилност, но без да ја наруши нејзината автентичност.
„За Благоја. За времето што го одбележа. За песните што живеат засекогаш“, порачува Јосифовски, потврдувајќи дека вистинската музика нема рок на траење, туку продолжува да живее низ нови гласови и нови генерации.
-
Шоу Бизпред 2 месеци„Аска 2“ доаѓа на 2 декември – нов музички бум од Теа Таировиќ
-
Народнапред 1 неделаВладимир Поповски ја оживеа „Непокорни Македонци“ – песна што зборува во името на народот
-
Шоу Бизпред 5 месециНа 18-ти септември село Булачани ќе чука „во ритам на хуманоста“ со голем концерт
-
Шоу Бизпред 2 месециРадио Зона М1 – 32 години музичка приказна што не престанува да пулсира
-
Народнапред 2 неделиЛени Партикова со прес-конференција го најави концертот и новиот албум „Горда сум Македонка“
-
Шоу Бизпред 3 неделиСо емоции и почит – Александар Јосифовски со ковер на „Кому да запеам“
-
Шоу Бизпред 1 месецНова кавер-приказна од младиот вокал Никола Милосковски – Емотивната балада „Лутка“ доби нова душа
-
Народнапред 4 неделиОрде Неделковски ја стартува Новата година со нешто ново – „Жено неверна“ излегува на 5 јануари
