Шоу Биз
„Аска 2“ доаѓа на 2 декември – нов музички бум од Теа Таировиќ
По серијата успешни концерти и спектакуларна сезона со која освои бројни градови низ Балканот, популарната Теа Таировиќ подготвува нов музички проект што веќе предизвикува огромно внимание. Нејзиниот албум „Аска 2“ е официјално најавен за 2 декември, а пејачката во изминатите денови пушташе кратки сегменти од неколку нови песни—доволно за да ја разбуди љубопитноста на публиката.
Како што истакна и самата Теа, новиот албум ќе биде „она што е Теа“, музика со силен, препознатлив и експлозивен ритам. Веќе по најавите, фановите очекуваат продолжение на нејзиниот модерен звук, динамични хитови и хитовски рефрени кои ја поставија Теа на врвот на регионалната сцена.
„Аска 2“ се предвидува да донесе уште повозбудливи мелодии, визуелни приказни и енергични настапи, а кратките тизери што ги објави на својот Инстаграм профил, веќе собираат стотици илјади прегледи и позитивни реакции. Публиката со нетрпение го очекува официјалното претставување на албумот, уверенa дека Теа повторно ќе ја подигне летвичката.
Со најавениот датум 2 декември, „Аска 2“ се подготвува да биде еден од најочекуваните проекти на крајот од годината и уште една потврда за непрекинливиот подем на Теа Таировиќ на балканската музичка сцена.
Шоу Биз
25 години музика во една вечер – „Љубојна“ со јубилеен концерт во Скопје
Една од најпрепознатливите и најавтентични македонски музички групи, Љубојна, годинава одбележува значаен јубилеј – 25 години од своето постоење. По тој повод, бендот ја започнува 2026 година со голем целовечерен концерт во Скопје, со кој ќе прослави четврт век музичко творештво.
Јубилејниот концерт ќе се одржи на 29 март со почеток во 20 часот во Големата сала на Македонска филхармонија, каде публиката ќе има можност да ужива во богатата музичка приказна која „Љубојна“ ја создава веќе две и пол децении.
Во текот на годините, „Љубојна“ се изгради многу повеќе од музички состав, таа стана препознатлив културен феномен, кој со својот уникатен пристап, успеа да ѝ даде нов живот на традиционалната музика, претворајќи ја во модерен и космополитски звук што лесно комуницира со публиката.
Препознатливиот звук на групата се создава преку спојот на различни музички стилови од фолк и џез, до поп, фанк и соул, збогатени со ориентални и етно елементи. Нивните настапи се познати по силната сценска енергија и страстната изведба, која често потсетува на енергијата на рок-бенд.
Централна фигура во музичката приказна на „Љубојна“ е вокалистката Вера Милошевска, чиј впечатлив вокал со години ја носи емоционалната тежина на нивните песни. Заедно со контрабасистот, композитор и продуцент Оливер Јосифовски, таа претставува столб на бендот и еден од главните двигатели на неговиот препознатлив стил.
На концертот во Скопје публиката ќе има можност да слушне дел од најзначајните композиции од нивната кариера, изведени во автентичниот стил по кој бендот е познат. Настанот ветува вечер исполнета со силни емоции, богата музичка атмосфера и посебен сценски набој, а организаторите најавуваат и специјални гости чии имиња ќе бидат објавени наскоро.
Влезниците за концертот веќе се пуштени во продажба и можат да се набават онлајн и преку продажната мрежа на Мк Тикетс.
Со овој концерт „Љубојна“ ќе го заокружи своето 25-годишното музичко патување, потврдувајќи уште еднаш дека нивната музика останува мост помеѓу традицијата и современиот звук.
-
Шоу Бизпред 2 неделиСека Алексиќ и Раста на иста сцена во Арена „Јане Сандански“
-
Народнапред 2 месециВладимир Поповски ја оживеа „Непокорни Македонци“ – песна што зборува во името на народот
-
Шоу Бизпред 2 месециАлександар Митевски и хорот „Фрида“ со музички спомен за Фросина Кулавкова
-
Народнапред 2 месециЛени Партикова со прес-конференција го најави концертот и новиот албум „Горда сум Македонка“
-
Шоу Бизпред 2 месециСо емоции и почит – Александар Јосифовски со ковер на „Кому да запеам“
-
Шоу Бизпред 3 месециРадио Зона М1 во блесок и сјај го одбележа својот 32-ри роденден – ноќ исполнета со музика, емоции и вистински гламур
-
Шоу Бизпред 3 месециНова кавер-приказна од младиот вокал Никола Милосковски – Емотивната балада „Лутка“ доби нова душа
-
Шоу Бизпред 6 месециНа 18-ти септември село Булачани ќе чука „во ритам на хуманоста“ со голем концерт
