Шоу Биз
Полицијата го прекина настапот на Аца Лукас во Кавадарци – пејачот спроведен во станица
Ноќта во познат локал во Кавадарци заврши бурно, откако нешто по полноќ настапот на српскиот фолк-пејач Аца Лукас бил прекинат од полицијата. Според информациите што ги пренесуваат медиумите, пејачот бил симнат од сцената од страна на полициски службеници и спроведен во полициска станица, а на социјалните мрежи веќе кружат видеа на кои се гледа како Лукас го напушта локалот во придружба на полицијата.
Присутните сведочат дека настапот бил во полн ек и дека атмосферата била одлична до моментот кога полицијата интервенирала. Гостите останале во локалот во надеж дека пејачот ќе се врати, но по околу триесет минути преку разглас било соопштено дека настапот е завршен, бидејќи изведувачот е однесен во полициската станица.
По инцидентот се огласи и менаџерот на Лукас, Саша Мирковиќ, кој на социјалните мрежи упати обвинувања дека приведувањето било политички мотивирано. Тој тврди дека интервенцијата била „по наредба“ на премиерот Христијан Мицкоски, но јавноста потсетува дека Мирковиќ е познат по контроверзни и недокажани изјави.
Од СВР Велес имаат поинакво објаснување. Портпаролката Биљана Ѓаковска изјави дека интервенцијата следела при спроведување акциска контрола на угостителски објекти.
„Во угостителски објект во Кавадарци било констатирано дека А.В. настапувал без потребната дозвола“, истакна Ѓаковска.
Покрај тоа, инспекциските служби утврдиле и серија други прекршоци: неиздавање фискални сметки (констатирано од УЈП), кршење на Законот за пушење, присуство на поголем број гости од дозволениот капацитет (констатирано од Државниот пазарен инспекторат).
За сите прекршоци ќе следуваат соодветни поднесоци. Пренатрупаноста на локалот повторно ја отвора чувствителната тема за безбедноста во угостителските објекти – особено по неодамнешната трагедија во Кочани, по која јавноста очекуваше построга контрола и поголема одговорност.
Дали сето ова ќе го доведе во прашање и оддржувањето на најавениот голем концерт на Аца Лукас на 20 декември во арената „Јане Сандански“ во Скопје останува да видиме. На овој концерт треба да му се придружат и Мира Шкориќ, Мирослав Илиќ, како и гости, изведувачите Жаре Бербер и Галама бенд.
Шоу Биз
Сека Алексиќ и Раста на иста сцена во Арена „Јане Сандански“
Скопје на 14 март 2026 година ќе биде центар на регионалната музичка сцена. Во сабота, во Арена „Јане Сандански“, публиката ќе има можност да присуствува на вистински музички спектакл на кој за првпат на иста сцена ќе настапат две големи ѕвезди – Сека Алексиќ и Раста.
Организаторите најавуваат вечер исполнета со врвна продукција, моќен звук и светлосно шоу, како и сет-листи составени од најголемите хитови на двајцата артисти. Концертот ветува спој на силни емоции, балади и препознатливата енергија на Сека Алексиќ, надополнети со урбаниот ритам и модерниот музички израз на Раста.
Овој музички настан се очекува да привлече илјадници посетители од земјава и регионот, кои ќе ја наполнат арената и ќе создадат атмосфера што долго ќе се памети. Комбинацијата на две различни, но подеднакво моќни музички естетики, според најавите, ќе понуди уникатно концертно доживување за сите генерации.
Влезниците наскоро ќе бидат пуштени во продажба преку платформите www.vleznica.mk, www.karti.com.mk и www.ticketx.com.mk.
14 март 2026 – датум што љубителите на добрата музика веќе го заокружуваат во своите календари.
-
Народнапред 1 месецВладимир Поповски ја оживеа „Непокорни Македонци“ – песна што зборува во името на народот
-
Шоу Бизпред 3 месеци„Аска 2“ доаѓа на 2 декември – нов музички бум од Теа Таировиќ
-
Шоу Бизпред 1 месецАлександар Митевски и хорот „Фрида“ со музички спомен за Фросина Кулавкова
-
Народнапред 2 месециЛени Партикова со прес-конференција го најави концертот и новиот албум „Горда сум Македонка“
-
Шоу Бизпред 2 месециСо емоции и почит – Александар Јосифовски со ковер на „Кому да запеам“
-
Шоу Бизпред 3 месециРадио Зона М1 во блесок и сјај го одбележа својот 32-ри роденден – ноќ исполнета со музика, емоции и вистински гламур
-
Шоу Бизпред 2 месециНова кавер-приказна од младиот вокал Никола Милосковски – Емотивната балада „Лутка“ доби нова душа
-
Шоу Бизпред 6 месециНа 18-ти септември село Булачани ќе чука „во ритам на хуманоста“ со голем концерт
