ЗАБАВНА
ДВЕ НЕЗАБОРАВНИ МУЗИЧКИ ВЕЧЕРИ – АКУСТИЧНИ КОНЦЕРТИ НА КАЛИОПИ “100% LIVE“
Македонската музичка дива Калиопи подготвува две специјални концертни вечери во Скопје, со исклучително акустично издание насловено “100% LIVE“.
Концертите ќе се одржат на 6 и 7 декември во концертната сала на Македонската филхармонија, каде публиката ќе има ретка можност да ужива во сосема поинакво, интимно и емоционално музичко доживување.

Во ова двојно музичко патување, Калиопи ќе ги изведе своите најголеми хитови и евергрини од богатата кариера, но во нови акустични аранжмани, создадени специјално за ова издание. Со свежа звучна естетика, автентична интерпретација и препознатливиот моќен вокал, концертите ветуваат вистински уживање за сите љубители на квалитетната музика.
Билетите се веќе во продажба и може да се набават преку продажната мрежа на www.kupikarta.com
ЗАБАВНА
„Три лица на љубовта“ – нов мултимедијален проект на Митко Чешларов што ја спојува поезијата, музиката и драмата
На 10 декември 2025 година, со почеток во 19:30 часот, во Малата сала на Филхармонија ќе се одржи промоцијата на „Три лица на љубовта“ – нов, концептуален мултимедијален проект на авторот Митко Чешларов, издаден од Сигмапрес. Станува збор за дело што ги спојува литературата, музиката и драмската уметност во една заокружена целина, нудејќи му на читателот и слушателот сосема ново уметничко доживување.
Книгата комбинира три различни форми — лирски записи, авторски музички композиции и драмски текст — преку кои се истражуваат теми длабоко вкоренети во секој човек: љубовта, осаменоста, копнежот и личните внатрешни светови. Секоја композиција содржи свој лирски запис, а во изданието се вклучени и QR-кодови што водат директно до сите веќе објавени песни на официјалниот YouTube-канал на авторот. Засега се снимени осум композиции, но проектот продолжува динамично — и во македонска изведба и во паралелна подготовка за хрватскиот пазар.
Особено внимание привлекува драмскиот текст „Кој сум јас“, инспириран од начинот на кој музиката нè поврзува со сопствените чувства. Според авторот, секој човек во еден стих, тон или момент од песна може да го пронајде својот личен емоционален одраз, како да е создадена токму за него. Од оваа универзална реакција се родила драмата — третото лице на љубовта во рамки на проектот.
Музичките изведби во проектот ги носи импресивна листа вокални уметници: Мариана Бошковска, Ана Петановска, Горан Наумовски, Агни Авшар, Биба Додева, Жаклина Стевковска и Зорица Поп Панкова. За некои од нив, токму овие композиции претставуваат прво ново музичко остварување по подолг временски период. Музиката и текстовите се на Митко Чешларов, а аранжманите се дело на познатите аранжери Ангел Ќосев, Кристијан Габроски, Стефан Петановски, Давор Јордановски и Владимир Дојчиновски.
Промоцијата ќе ја водат Драги Павлевски и Жаклина Стевковска, а публиката ќе може да доживее ретка комбинација на лирски читања, музички изведби и драмски сегменти — уметнички спој што ретко се среќава на домашната сцена.
Настанот е отворен за сите љубители на литературата и музиката. Влезот е слободен, пристигнувањето е препорачано од 19:15 часот, а официјалниот почеток е закажан за 19:30 часот.
-
Шоу Бизпред 2 недели„Аска 2“ доаѓа на 2 декември – нов музички бум од Теа Таировиќ
-
Шоу Бизпред 3 месециНа 18-ти септември село Булачани ќе чука „во ритам на хуманоста“ со голем концерт
-
Шоу Бизпред 4 денаРадио Зона М1 – 32 години музичка приказна што не престанува да пулсира
-
Шоу Бизпред 3 месециНастапот на Раде Младеновски на Тумба Фест го потврди неговиот подем на македонската сцена
-
Шоу Бизпред 6 месециВодителката Биљана Коцева – Алексова на пат за Острог
-
Шоу Бизпред 5 месециИмпресиите на Бици по враќањето од Острошкиот манастир
-
Шоу Бизпред 5 месециМиро Костовски – Бизнисмен со срце, југоносталгичар со душа и човек кој знае да го слави живот
-
Шоу Бизпред 3 месециНино и Мац со голем исчекор – склучија договор со продукција ‘Зона М1’ и тргнуваат кон регионален успех!
