ЗАБАВНА
NUCCI, VOYAGE и BIBA во Скопје – музички спектакл што не смеете да го пропуштите!
На 13 декември, арената „Јане Сандански“ ќе биде центарот на регионалната музичка сцена. Тројцата најпопуларни артисти од новата генерација – Nucci, Voyage и Biba – доаѓаат во Скопје за една незаборавна вечер исполнета со енергија, хитови и врвна атмосфера.

Публиката ќе има прилика да ужива во голем број познати песни кои ги освојуваат топ-листите низ целиот Балкан, во настап кој ветува вистински музички спектакл.

Настанот се најавува како една од најочекуваните музички вечери оваа зима, со продукција која ќе го подигне сценскиот настап на највисоко ниво.

Влезниците се веќе во продажба преку платформите vleznica.mk, ticketx.com.mk како и на добро познатите продажни места низ земјата.
Не пропуштајте ја шансата да бидете дел од вечерта кога NUCCI, VOYAGE и BIBA ќе ја запалат арената „Јане Сандански“ со својата музика, стил и енергија!
ЗАБАВНА
ПО ГОЛЕМИОТ ИНТЕРЕС СЕРГЕЈ ЧЕТКОВИЌ ЌЕ ОДРЖИ И ВТОР КОНЦЕРТ ВО СКОПЈЕ – ДВЕ ВЕЧЕРИ ЗА ЉУБОВ, ЕМОЦИИ И БЕЗВРЕМЕНСКИ ХИТОВИ
Скопје повторно ќе живее во знакот на љубовта и музиката на Сергеј Четковиќ. По најавата за концертот на 31 октомври, регионалната музичка ѕвезда закажа и втор концерт во Македонската филхармонија, на 1 ноември, со почеток во 20 часот.
По минатогодишните две магични вечери на истата сцена, Сергеј повторно се враќа пред македонската публика, подготвен да приреди уште една музичка приказна исполнета со љубов, носталгија и искрени емоции. Интересот за неговото враќање во Скопје донесе уште еден концертен термин, па љубителите на неговата музика ќе имаат дополнителна можност да уживаат во неговите песни во живо.
Со својот препознатлив вокал, харизма и непосредност, Сергеј Четковиќ со години ја гради посебната врска со публиката низ регионот. Неговите песни не се само хитови што се слушаат на радио, тие се музички приказни за љубовта, разделбите, копнежот, спомените и сите оние чувства во кои секој може да се препознае.
Токму затоа неговите концерти се многу повеќе од обични музички настапи. Кога ќе почнат да се нижат добро познатите рефрени, публиката станува дел од приказната, пее заедно со него и ги претвора концертните вечери во заедничко доживување што долго се памети.
Скопските концерти се дел од актуелната турнеја „Live Tour 2026 – 5.0“, во рамките на која Сергеј настапува со својот бенд, носејќи комбинација од нова енергија и безвременски хитови.
Две вечери по ред, Македонската филхармонија ќе биде место за сите оние што веруваат дека најубавите песни се оние што допираат до срцето, будат спомени и потсетуваат на луѓето и моментите што ни значат.
Сергеј Ќетковиќ во Скопје:
- 31 октомври 2026 – прв концерт
- 1 ноември 2026 – втор концерт
- Почеток: 20:00 часот
- Локација: Македонска филхармонија, Скопје
Билетите за вториот концерт се достапни преку e-ticket.mk.
Скопје добива уште една можност за вечер исполнета со музика, љубов и емоции – затоа што некои песни едноставно не се слушаат само со ушите, туку и со срцето.
-
Шоу Бизпред 7 месециМала ѕвезда со голем глас – Ива Пауновиќ чекори сигурно кон музичкиот врв!
-
Народнапред 6 месециДарко Билбиловски претстави нова песна исполнета со емоција – „Само да си моја“
-
Шоу Бизпред 6 месециЗошто македонската музика „тапка во место“ и како легендите како Александар Сариевски го чуваат идентитетот
-
Шоу Бизпред 3 месециЅвездени носталгии тема – Горчлива чаша 14.07.2026
-
Шоу Бизпред 6 месеци„Позитив бенд“ – музика, еуфорија, енергија – гаранција за добра забава
-
Шоу Бизпред 5 месециКога ќе се спојат Илчо Париси и Спасе Антевски атмосферата станува спектакл!
-
Некатегоризиранопред 6 месециМладата Викторија Ефтимова го претстави новиот сингл „Идеали“
-
Шоу Бизпред 3 месециЅвездени носталгии тема – Гламур 07.07.2026
