Народна
Кој стои зад „Горд Македонец“
Од нигде-никаде, но со срце полно македонски жар – на Фејсбук се појави ново име кое брзо го освои вниманието на публиката – „Горд Македонец“. Зад овој патриотско музички проект, стои младиот ентузијаст Димче Ѓорѓиовски, 30-годишно момче од познатото село Прибилци, селото опеано во легендарната песна „Ја излези Ѓурѓо“.

Со своето прво музичко појавување, Димче направи вистински бум меѓу љубителите на македонската народна и патриотска песна. Неговита песна ..Непокорни Македонци” полна со емоции, гордост и љубов кон татковината ги потсети сите дека патриотизмот не е заборавен, туку само чека некој млад и храбар да го продолжи.
„Горд сум на моето потекло, на моето Прибилци – селото опеано во песната ‘Ја излези Ѓурѓо’. Таа песна за мене е химна, гордост и инспирација,“ вели Димче, чија љубов кон традицијата го води во секој чекор.

„Нашата култура, јазикот, носијата, архитектурата, фолклорот – тоа се нашите богатства. Им се восхитувам на предците и ги поддржувам сите млади кои со срце ја промовираат Македонија,“ додава тој.
Иако млад, Димче зборува со зрелост за љубовта кон Македонија:
„Не сме голем народ можеби, но имаме голема душа. Господ ја гледа љубовта во нашите срца. Немаме зло кон никого – само ја сакаме нашата земја и нашата слобода.“
Плановите и желбите на Димче се големи, но како што самиот вели, за нив се потребни многу време и финансии. Засега со скромни финансиски услови, но со огромна волја, Димче сам ги пишува и создава своите песни – користејќи AI технологии за аудио и видео продукција. „Сѐ уште сум почетник, но верувам дека Господ ќе даде сила и можности да ги снимам песните професионално. Моја желба е да остане присутен фолклорот, македонското, оригиналното. Плановите ми се да чекорам по патот што го започнав, ширење и промоција на македонската народна песна, поддршка на младите таленти. “
Димче ја љуби Македонија и со тоа што сака да ја запознае цела, па така, во 2024 година, тој ја обиколил речиси цела Македонија — од југоисток до североисток, восхитен од убавините на земјата. „Во иднина сакам да направам повторно тура низ Македонија, само што овој пат нема да биде одредена рута, туку ќе одам од едно место на друго, сакам да ги видам и да ги претставам местата што треба да се знаат и ценат.“
Како новитет за негови следбеници, чиј број од ден на ден се зголемува, Димче најавува и нова песна со наслов „Таму во гората“, која ќе биде уште поемоционална и посилна со порака за љубовта кон татковината. Со нетрпение ја очекуваме оваа нова творба која ветува да го продолжи патриотскиот бран што тој веќе го започна.
Планови има многу, ентузијазам уште повеќе — а Димче не планира да застане тука. Една од неговите желби е еден ден можеби да запее во бенд, каде што неговиот глас и енергија ќе можат да допрат до уште повеќе срца.
Естрада.мк му посакува на младиот патриот и вистински горд Македонец – Димче Ѓорѓиовски, да успее на патот што го започна, да го оствари својот сон и преку песна да продолжи да ја љуби и носи Македонија низ светот.
Народна
Песните од Егејот – тивкиот отпор што го чува македонскиот идентитет
Музиката отсекогаш била многу повеќе од уметност, таа е сведоштво, емоција и чувар на корените. Во таа насока, Естрада.мк продолжува да потсетува дека токму преку песната, македонскиот народ успеал да го сочува својот идентитет и во најтешките времиња.
Овој пат се навраќаме на песните од егејскиот дел на Македонија, песни кои не се само мелодија, туку и симбол на отпор, болка и непокор.
Во минатото, за многу Македонци од Егејска Македонија, пеењето на македонски песни не било дозволено. Според сведоштвата што се пренесуваат од генерација на генерација, тие што биле фатени како пеат на својот мајчин јазик, без разлика дали јавно или во приватност, биле строго казнувани. Во такви услови, песната не исчезнала, туку станала потивка, но уште посилна.
Македонските песни се пееле кришум, во домовите, по полињата, на пат, тивко, со страв некој да не ги чуе. Но и покрај тоа, тие опстанале. Се пренесувале од уста на уста, од срце на срце, станувајќи дел од колективната меморија на народот.
Меѓу тие песни што го преживеале времето и забраните се „Твојте очи, Лено мори“, „Излегу да се расшета“, „Ој јаворе, јаворе“, „Мори чупи Костурчанки“, „Киниса да ода В’бел на гости“ и многу, многу други. Во нив се вплетени љубовта, тагата, носталгијата и копнежот по родниот крај, чувства кои не можеле да бидат замолчени.
Денес, овие песни се слободно пеени и прифатени како дел од македонското музичко богатство. Она што некогаш било шепот, денес е гласно изразена традиција. Но нивната вистинска вредност лежи токму во тоа што успеале да опстанат и покрај обидите да бидат избришани.
Зачувувањето на овие песни не е само прашање на музика, туку и на идентитет. Тие се жив доказ за истрајноста на еден народ, за неговата врска со корените и за силата на културата која не може да биде забранета.
Затоа, секоја испеана строфа од овие песни денес не е само уживање, туку и почит кон минатото бидејќи, чувајќи ги песните од заборав, ги чуваме и сопствените корени.
-
Шоу Бизпред 3 неделиМала ѕвезда со голем глас – Ива Пауновиќ чекори сигурно кон музичкиот врв!
-
Некатегоризиранопред 7 денаМладата Викторија Ефтимова го претстави новиот сингл „Идеали“
-
Шоу Бизпред 1 месецСека Алексиќ и Раста на иста сцена во Арена „Јане Сандански“
-
Народнапред 2 неделиДа не ги заборавиме корените – Петранка Костадинова
-
Народнапред 3 денаПесните од Егејот – тивкиот отпор што го чува македонскиот идентитет
-
ЗАБАВНАпред 3 недели„Оваа недела не е во ред да пееме“: Владо Георгиев го помести својот концерт во Скопје за 24-ти април
-
Шоу Бизпред 1 ден„Позитив бенд“ – музика, еуфорија, енергија – гаранција за добра забава
-
Шоу Бизпред 4 неделиЈАКОВ ЈОЗИНОВИЌ ДОАЃА ВО СКОПЈЕ – РЕГИОНАЛНАТА СЕНЗАЦИЈА СО ПРВ КОНЦЕРТ ВО МАКЕДОНИЈА

