Шоу Биз
Панчо од ДНК ја изгуби битката по несреќата во Кочани – погребот ќе биде на 16 октомври
На 14 октомври 2025 година, во болницата “Систина” во Скопје, почина Владимир Блажев – Панчо, другата половина од легендарното музичко дуо ДНК. Тој ја изгуби битката со повредите што ги задоби на 16 март оваа година, кога во дискотеката „Пулс“ во Кочани избувна пожар.
По несреќата, Панчо беше пренесен од Кочани во клинички центар во Скопје, а подоцна префрлен во приватна болница, каде што месеци наназад беше подложен на бројни интервенции и интензивна нега.
Панчо е официјално 63-та жртва во трагедијата која ја однесе пожарот во Кочани.
Загубата на дуото ДНК остава неизбришлива празнина во македонската музичка сцена. Заедно со Андреј Мицевски, кој загина непосредно во пожарот, музиката и песната на ДНК, повеќе од две децении влијаеше врз развојот и трансформацијата на македонскиот поп, хип-хоп и урбан звук.
Како уметник, Панчо беше прочуен по својата искреност, посветеност, енергија и верувањето дека музиката е терапија, за себе и за публиката. Со секоја нота, секој стих, тој вградуваше дел од својата душа, оставајќи трајна емотивна врска со своите слушатели.
Колегите, пријателите, бројни обожаватели и јавни личности веќе втор ден искажуваат сочувство и поделуваат спомени за неговата човечност, топлина и талент. Во јавноста се споделуваат фотографии, видеа и пораки кои сведочат за влијанието што го имаше врз многумина.
Панчо ќе биде погребан утре 16 10 2025 година, телото ќе биде изложено во црквата Св Илија во Аеродром. Молитвениот чин ќе започне во 9 часот, роднините и пријателите ќе може да изразат сочуство од 10-12 часот, а опелото ќе почне во 12 часот. Погребот ќе биде на гробиштата во Бутел во 13:30 часот.
Сè додека музиката се слуша и стиховите од ДНК се испеваат, духот на Андреј и Панчо ќе живее и понатаму. Македонија загуби еден големи уметник, но нивните дела остануваат како непрекината врска помеѓу времето, емоцијата и сеќавањето.
Шоу Биз
Сека Алексиќ и Раста на иста сцена во Арена „Јане Сандански“
Скопје на 14 март 2026 година ќе биде центар на регионалната музичка сцена. Во сабота, во Арена „Јане Сандански“, публиката ќе има можност да присуствува на вистински музички спектакл на кој за првпат на иста сцена ќе настапат две големи ѕвезди – Сека Алексиќ и Раста.
Организаторите најавуваат вечер исполнета со врвна продукција, моќен звук и светлосно шоу, како и сет-листи составени од најголемите хитови на двајцата артисти. Концертот ветува спој на силни емоции, балади и препознатливата енергија на Сека Алексиќ, надополнети со урбаниот ритам и модерниот музички израз на Раста.
Овој музички настан се очекува да привлече илјадници посетители од земјава и регионот, кои ќе ја наполнат арената и ќе создадат атмосфера што долго ќе се памети. Комбинацијата на две различни, но подеднакво моќни музички естетики, според најавите, ќе понуди уникатно концертно доживување за сите генерации.
Влезниците наскоро ќе бидат пуштени во продажба преку платформите www.vleznica.mk, www.karti.com.mk и www.ticketx.com.mk.
14 март 2026 – датум што љубителите на добрата музика веќе го заокружуваат во своите календари.
-
Шоу Бизпред 2 неделиСека Алексиќ и Раста на иста сцена во Арена „Јане Сандански“
-
Народнапред 2 месециВладимир Поповски ја оживеа „Непокорни Македонци“ – песна што зборува во името на народот
-
Шоу Бизпред 4 месеци„Аска 2“ доаѓа на 2 декември – нов музички бум од Теа Таировиќ
-
Шоу Бизпред 1 месецАлександар Митевски и хорот „Фрида“ со музички спомен за Фросина Кулавкова
-
Народнапред 2 месециЛени Партикова со прес-конференција го најави концертот и новиот албум „Горда сум Македонка“
-
Шоу Бизпред 2 месециСо емоции и почит – Александар Јосифовски со ковер на „Кому да запеам“
-
Шоу Бизпред 3 месециРадио Зона М1 во блесок и сјај го одбележа својот 32-ри роденден – ноќ исполнета со музика, емоции и вистински гламур
-
Шоу Бизпред 3 месециНова кавер-приказна од младиот вокал Никола Милосковски – Емотивната балада „Лутка“ доби нова душа
