Поврзете се со нас

Шоу Биз

Ѓоко Јовиќ и Јована Богдановска со песна што ја разбуди македонската гордост – „Како се раѓа Македонец“

Објавено

на

Во пресрет на 11 Октомври – Денот на македонското востание, македонската музичка сцена доби нова химна на патриотизмот. Ѓоко Јовиќ и Јована Богдановска ја претставија својата песна „Како се раѓа Македонец“, дело што ја разбуди гордоста и емоциите кај илјадници Македонци ширум светот.

Песната е вдахновена од вековната борба на македонскиот народ за слобода, идентитет и опстанок. Со силен текст, што продира право во срцето, и со гласови кои носат гордост и достоинство, Јовиќ и Богдановска успеаја да создадат дело што не се слуша – туку се чувствува со душа.

Во спотот, кој повеќе личи на патриотски филм отколку на музичко видео, се појавуваат момците од САЕ „Тигар“, а самата песна и видео спот се токму на нив посветени на припадниците од САЕ „Тигар“ и ЕБР – хероите кои загинааа бранејќи ја Македонија со чест и вера. Секоја сцена е полна со симболика – знаме, униформа, земја и народ, обединети во едно: љубовта кон Македонија.

„Како се раѓа Македонец“ не е само песна. Таа е поклон на сите кои ја сакаат татковината, на сите што го чувале македонското име низ времињата, на сите што и денес стојат исправени пред неа.

За само неколку дена, видеото собра илјадници прегледи и илјадници срца, со коментари полни со емоции, гордост и благодарност. Слушателите ја нарекуваат песна „најубавиот подарок за 11 Октомври“.

Со овој проект, Ѓоко Јовиќ и Јована Богдановска уште еднаш потврдија дека македонската песна живее – дека духот на борбата, достоинството и љубовта кон татковината не згаснуваат.

Реклама
Во Твоја Зона

„Како се раѓа Македонец“ е песна што не потсетува дека Македонецот не се создава, туку се раѓа со љубов кон својата земја! 🇲🇰

Реклама
Во Твоја Зона
Продолжи со читање
Реклама Во Твоја Зона

Шоу Биз

Штипска Пастрмајлијада 2026 – Два дена уживање, повеќе од 30 угостители и големи музички имиња

Објавено

на

Од

Штип и годинава се подготвува за едно од најпосетените гастрономско-забавни случувања во земјава. На 18 и 19 септември, градот повторно ќе биде домаќин на „Пастрмајлијада 2026“, манифестација која одамна ја надмина локалната традиција и прерасна во препознатлив настан за посетители од цела Македонија и регионот.

Овогодишното издание ќе се одвива на две локации – шеталиштето „Ванчо Прќе“ и Градскиот стадион. На двете места ќе има можност за дегустација на штипската пастрмајлија, а продажбата ќе се одвива преку унифицирани објекти, поставени неколку дена пред почетокот на манифестацијата. Новиот концепт е дел од настојувањето организацијата да биде пофункционална и попрегледна за гостите.

Програмата започнува во петок од 13 часот, со традиционалното сечење на џиновската штипска пастрмајлија, по што следуваат настапи на културно-уметнички друштва, диџеј-програма и музички настапи. На шеталиштето „Ванчо Прќе“ ќе настапат Лара Ивановска, Таско и српската пејачка Сара Јо.

Централната концертна вечер е закажана на Градскиот стадион, каде публиката ќе има можност да ужива во настапите на Јован Јованов и Елвир Мехиќ, а главната ѕвезда на вечерта ќе биде познатиот српски пејач Жељко Јоксимовиќ.

Покрај музичката програма, во фокусот останува она по што Штип е надалеку препознатлив – пастрмајлијата. За подготовката и понудата на специјалитетот ќе се погрижат повеќе од 30 угостители, а организаторите најавуваат дека цената ќе остане 250 денари, и покрај зголемените трошоци.

Реклама
Во Твоја Зона

За полесно пристигнување и движење на очекуваните илјадници посетители, ќе бидат обезбедени дополнителни паркинг-површини, а во текот на манифестацијата ќе има и измени во сообраќајниот режим.

Со спојот на традиционалниот вкус, музиката и гостопримството, „Пастрмајлијада 2026“ и годинава го потврдува Штип како град во кој добрата храна и добрата забава одат заедно.

Реклама
Во Твоја Зона

18 и 19 септември – Штип ве очекува на Пастрмајлијада 2026!

Реклама
Во Твоја Зона
Продолжи со читање
Реклама
Реклама
Реклама Во Твоја Зона
Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
Реклама

ПОПУЛАРНИ