Поврзете се со нас

Шоу Биз

Наум Петрески со остар став за препеаните песни „Ги уништивте македонските народни песни“

Објавено

на

Познатиот пејач и доајен на македонската народна песна, Наум Петрески, вчера предизвика големо внимание на социјалните мрежи со свој статус во кој остро ја критикуваше современата изведба на традиционалните македонски песни.

Во објавата, Петрески изрази револт кон, како што вели, „новите изведувачи“ кои, според него, ги изобличуваат оригиналните народни хитови и класични песни.

Реклама
Во Твоја Зона

„Значи, тотално ги уништивте сите стари хитови од 85-та наваму, ама им влеговте и на старите македонски песни и мислите дека сте ги отпеале подобро од оригиналот или некој така ви рекол. Но всушност, многу непријатно и неправилно ги пеете и неправилно се отсвирени… Па вас ако ве бивало, ќе сте направеле свои песни и немаше да се китите со туѓи перја“, напиша Петрески во статусот.

Тој додаде дека, според него, доколку државата била „постабилна“, ова „лудило“ ќе било забрането, и упати препорака до младите музичари „сами да си ја создадат иднината“ преку оригинални песни, наместо да се докажуваат преку туѓи хитови.

Реклама
Во Твоја Зона

Објавата за кратко време предизвика бројни реакции на социјалните мрежи — дел од публиката му даде поддршка на познатиот пејач, додека други оценија дека секоја нова генерација има право на сопствена интерпретација и уметнички израз.

Денеска, статусот на Петрески веќе е избришан од неговиот профил, а причината за тоа засега не е позната.

Наум Петрески важи за еден од најпознатите и најпочитувани изведувачи на македонската народна песна, со повеќедецениска кариера и бројни хитови кои се сметаат за класици во македонската музичка традиција.

Реклама
Во Твоја Зона
Продолжи со читање
Реклама Во Твоја Зона

Шоу Биз

Ѕвездени носталгии тема – Срцето не е камен 28.07.2026

Објавено

на

Од

Каменот не чувствува тежина од она што го носи, а срцето ја памети секоја љубов, секоја болка и секое простување. Колку повеќе се обидува да стане тврдо за да не биде повредено, толку повеќе ја губи својата вистинска природа. Зашто силата на срцето не е во тоа да не чувствува, туку да остане живо и способно да љуби, дури и кога светот го учи на спротивното. Бог не му дал на човекот срце за да стане камен, туку за преку неговата мекост да ја препознае вечноста. Каменот останува ист низ вековите, но срцето расте секогаш кога избира милост наместо омраза, вистина наместо гордост и љубов наместо страв. Само срце што знае да се скрши може повторно да биде составено од Божјата благодат. Науката вели дека тоа непрестајно се приспособува – неговиот ритам се менува со секоја емоција, со секоја мисла и со секој здив.

Реклама
Во Твоја Зона

Она што е живо не е создадено да биде неподвижно, туку да одговара на животот. Затоа, ако срцето се претвори во камен, не ја губи само својата чувствителност, туку и својата суштина. Вистинската сила не е во нечувствителноста, туку во способноста повторно да се отвори, да простува и да љуби, и покрај сите рани. На крајот, не се мери големината на човекот по тоа колку успеал да го стврдне своето срце, туку по тоа колку успеал да го сочува живо. Каменот не страда, но ниту љуби. Срцето, иако ранливо, е единственото место каде што болката може да се преобрази во мудрост, простувањето во слобода, а љубовта во вечност. Само срце што останало човечко може да стане храм на Божјото присуство.

Реклама
Во Твоја Зона
Продолжи со читање
Реклама
Реклама
Реклама Во Твоја Зона
Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
Реклама

ПОПУЛАРНИ