Шоу Биз
Бојана Скендеровски со прв солистички концерт „Бесмртна“ – музичка приказна за љубовта и времето
По повеќе од дваесет години посветена работа, искрени интерпретации и песни што оставија длабок траг, Бојана Скендеровски ќе ја заокружи една значајна етапа од својата кариера со својот прв самостоен концерт. Настанот, симболично насловен „Бесмртна“, претставува омаж на чувствата, спомените и уметноста што остануваат да живеат засекогаш – и во неа, и во нејзината публика.
На 13 декември во Македонската филхармонија, со почеток во 20:00 часот, публиката ќе ја види Бојана во поинакво светло – подлабоко, посозреано и поемотивно од кога било. Концертот се најавува како вечер исполнета со искрени емоции, љубов, спомени и нови почетоци, во која ќе се спојат 23 години музичка приказна во едно незаборавно искуство.
Со внимателно избран репертоар што ќе ги поврзе минатото и сегашноста, Бојана ветува концерт што ќе ја раскаже нејзината животна и уметничка патека низ звук, збор и чувство.

Како и предходните години, Бојана беше дел и од проектот „Македонијо, во срце те носам“, каде што настапува со емоционалната песна „Запејте сите ангели“ – композиција што уште еднаш ја потврдува нејзината искреност и посветеност кон македонската песна и традиција.

„Овој концерт е мојот начин да кажам благодарам – на музиката, на сите што беа покрај мене и на публиката што ме инспирира сите овие години. Ќе пеам со сето срце, ќе споделам дел од мојата приказна. Се надевам дека заедно ќе создадеме нешто што ќе трае,“ изјави Скендеровски.
„Бесмртна“ е повеќе од концерт – тоа е потсетник дека вистинската музика, како и љубовта, никогаш не исчезнува.
Шоу Биз
Сека Алексиќ и Раста на иста сцена во Арена „Јане Сандански“
Скопје на 14 март 2026 година ќе биде центар на регионалната музичка сцена. Во сабота, во Арена „Јане Сандански“, публиката ќе има можност да присуствува на вистински музички спектакл на кој за првпат на иста сцена ќе настапат две големи ѕвезди – Сека Алексиќ и Раста.
Организаторите најавуваат вечер исполнета со врвна продукција, моќен звук и светлосно шоу, како и сет-листи составени од најголемите хитови на двајцата артисти. Концертот ветува спој на силни емоции, балади и препознатливата енергија на Сека Алексиќ, надополнети со урбаниот ритам и модерниот музички израз на Раста.
Овој музички настан се очекува да привлече илјадници посетители од земјава и регионот, кои ќе ја наполнат арената и ќе создадат атмосфера што долго ќе се памети. Комбинацијата на две различни, но подеднакво моќни музички естетики, според најавите, ќе понуди уникатно концертно доживување за сите генерации.
Влезниците наскоро ќе бидат пуштени во продажба преку платформите www.vleznica.mk, www.karti.com.mk и www.ticketx.com.mk.
14 март 2026 – датум што љубителите на добрата музика веќе го заокружуваат во своите календари.
-
Народнапред 2 месециВладимир Поповски ја оживеа „Непокорни Македонци“ – песна што зборува во името на народот
-
Шоу Бизпред 2 неделиСека Алексиќ и Раста на иста сцена во Арена „Јане Сандански“
-
Шоу Бизпред 4 месеци„Аска 2“ доаѓа на 2 декември – нов музички бум од Теа Таировиќ
-
Шоу Бизпред 1 месецАлександар Митевски и хорот „Фрида“ со музички спомен за Фросина Кулавкова
-
Народнапред 2 месециЛени Партикова со прес-конференција го најави концертот и новиот албум „Горда сум Македонка“
-
Шоу Бизпред 2 месециСо емоции и почит – Александар Јосифовски со ковер на „Кому да запеам“
-
Шоу Бизпред 3 месециРадио Зона М1 во блесок и сјај го одбележа својот 32-ри роденден – ноќ исполнета со музика, емоции и вистински гламур
-
Шоу Бизпред 3 месециНова кавер-приказна од младиот вокал Никола Милосковски – Емотивната балада „Лутка“ доби нова душа
