Поврзете се со нас

Шоу Биз

Зона М1 го раздрма теренот – сензационално во полуфинале!

Објавено

на

Вчера вечер, на 6 септември 2025 година, во рамки на четвртфиналните натпревари од 9. турнир во мал фудбал „Милко Илиевски“, екипата на Радио Зона М1 приреди сензација со убедлива победа над фаворизираната ФК Пчиња7:3. Со оваа брилијантна партија, Зона М1 уште еднаш докажа дека екипата не се плаши од големи предизвици и дека нивното срце и борбеност можат да направат разлика.

Со триумфот, Зона М1 обезбеди место во второто полуфинале, каде вечерва ќе се сретне со Енерго Монт, состав исполнет со врвни и искусни футсал играчи. Според многумина, Енерго Монт е благ фаворит, но Зона М1 веќе покажа дека за нив не постојат „недостижни“ противници. Екипата игра со страст, верба и колективен дух, што ја прави најпријатното изненадување на турнирот.

Во првото полуфинале ќе се одмерат силите Пин Петрол и ВМРО, во дуел кој ќе реши дали ВМРО ќе стигне до своето трето финале по ред, или пак цврстата игра на Пин Петрол ќе го сопре нивниот поход.

Полуфиналната вечер ќе биде дополнета и со ревијален натпревар на најмладите – дечињата од Пчиња, кои секогаш носат насмевки и радост на публиката.

Стартот на возбудливата програма е закажан за 20:45 часот, а сите љубители на спортот со нетрпение очекуваат да видат дали Зона М1 ќе продолжи да ја пишува својата неверојатна приказна и да стане вистинската сензација на годинашниот турнир.

Реклама
Во Твоја Зона
Продолжи со читање
Реклама Во Твоја Зона

Шоу Биз

Ѕвездени носталгии тема – Срцето не е камен 28.07.2026

Објавено

на

Од

Каменот не чувствува тежина од она што го носи, а срцето ја памети секоја љубов, секоја болка и секое простување. Колку повеќе се обидува да стане тврдо за да не биде повредено, толку повеќе ја губи својата вистинска природа. Зашто силата на срцето не е во тоа да не чувствува, туку да остане живо и способно да љуби, дури и кога светот го учи на спротивното. Бог не му дал на човекот срце за да стане камен, туку за преку неговата мекост да ја препознае вечноста. Каменот останува ист низ вековите, но срцето расте секогаш кога избира милост наместо омраза, вистина наместо гордост и љубов наместо страв. Само срце што знае да се скрши може повторно да биде составено од Божјата благодат. Науката вели дека тоа непрестајно се приспособува – неговиот ритам се менува со секоја емоција, со секоја мисла и со секој здив.

Реклама
Во Твоја Зона

Она што е живо не е создадено да биде неподвижно, туку да одговара на животот. Затоа, ако срцето се претвори во камен, не ја губи само својата чувствителност, туку и својата суштина. Вистинската сила не е во нечувствителноста, туку во способноста повторно да се отвори, да простува и да љуби, и покрај сите рани. На крајот, не се мери големината на човекот по тоа колку успеал да го стврдне своето срце, туку по тоа колку успеал да го сочува живо. Каменот не страда, но ниту љуби. Срцето, иако ранливо, е единственото место каде што болката може да се преобрази во мудрост, простувањето во слобода, а љубовта во вечност. Само срце што останало човечко може да стане храм на Божјото присуство.

Реклама
Во Твоја Зона
Продолжи со читање
Реклама
Реклама
Реклама Во Твоја Зона
Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
Реклама

ПОПУЛАРНИ