Шоу Биз
Започнува Тиквешкиот Гроздобер 2025 Кавадарци подготвено за тридневна магија
Утре, Кавадарци ќе блесне во боите на традицијата, музиката и виното. Започнува Тиквешкиот Гроздобер – најголемата културно-забавна манифестација во регионот, која ќе трае три дена, од 5-ти до 7-ми септември.
Покана до сите љубители на традицијата и виното
Градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев кој се погрижи целата манифестација да биде оддржана на највисоко можно ниво, упати покана во која ги повикува сите граѓани и гости од земјата и странство да се придружат во овие три незаборавни денови исполнети со музика, вино, традиција и забава. Кавадарци е подготвено за најубавиот празник на Тиквешијата – Гроздоберот“, порача тој.

Гроздоберско изненадување за посетителите
По иницијатива на градоначалникот Митко Јанчев, сите гости кои ќе го посетат фестивалот ќе бидат пречекани на трите бесплатни влеза во градот со насоки за паркирање и симболично изненадување – пакетче со бело и црно грозје од „Кав Комерц Кавадарци“.

Програмата е внимателно подготвена за да ја прикаже љубовта кон македонската традиција, култура и богатата винска традиција на Тиквешијата.
Настани за сите вкусови
Во Паркот на револуцијата ќе настапат народните групи и изведувачи од регионот: Акустико бенд, Трио Мањифико и Акустико Лајт. Преку ден, на повеќе локации низ градот ќе се одржуваат настани поврзани со храна, вино, уметност и литература, а навечер забавата ќе се префрли на Градскиот плоштад.
Таму, посетителите ќе можат да се забавуваат со DJ Oky Doky, да пеат со Тајзи, Куку Леле, Андријана Петрушовска и Либеро бенд. За најмладите, специјалната радост ќе ја донесат детскиот хор „Гроздоберче“ и традиционалниот детски карневал – срцето на манифестацијата.
Културна и спортска програма
Посетителите ќе имаат можност да проследат кошаркарски турнир, промоции на книги од македонски автори, фото-монографија за Бранко Иванов, изложба на Мирослав Масин и бројни други културни содржини. Карневалски делегации од регионот и уметници од соседните земји ќе придонесат за духот на пријателство и поврзување што отсекогаш го носи Гроздоберот.
Големи балкански имиња на главната сцена
Оваа година, Кавадарци ќе биде домаќин и на некои од најголемите балкански музички имиња. На главната сцена ќе настапат:
- Теодора Џехверовиќ со својата енергична програма,
- Наташа Беквалац, една од најпознатите балкански пејачки,
- Харис Џиновиќ, легендата на боемската музика,
- Марија Шерифовиќ, победничка на Евровизија, која за првпат ќе настапи во Кавадарци.
Кавадарци ве очекува.
Шоу Биз
ЈАКОВ ЈОЗИНОВИЌ ДОАЃА ВО СКОПЈЕ – РЕГИОНАЛНАТА СЕНЗАЦИЈА СО ПРВ КОНЦЕРТ ВО МАКЕДОНИЈА
Регионално сè попопуларниот изведувач Јаков Јозиновиќ во рамки на својата турнеја за 2026 година, насловена „Ја за чуда летим“, за првпат ќе настапи пред македонската публика. Концертот е закажан за 9 април во Арена „Јане Сандански“ во Скопје.
Настапот во главниот град е дел од големата регионална турнеја што опфаќа повеќе значајни музички центри. Меѓу нив се концерт во Арена Загреб, серија од дури пет настапи во белградскиот Сава Центар, како и концерти во Нови Сад, Риека, Сплит, Осиек и Љубљана.

Турнејата доаѓа во период кога Јозиновиќ го најавува новото поглавје во својата кариера. Неодамна беше објавен и неговиот прв сингл „Поље ружа“, кој веќе привлекува внимание кај публиката и најавува свеж музички правец.

Со зад себе низа успешни и распродадени концерти низ регионот, Јаков Јозиновиќ се профилира како едно од највпечатливите нови имиња на музичката сцена. Неговиот настап во Скопје се очекува да предизвика голем интерес и да донесе уште едно силно концертно доживување за љубителите на современата музика.
Картите за предстојниот концер на Јаков Јозиновиќ се во продажба на МК Тикетс.
-
Шоу Бизпред 3 неделиСека Алексиќ и Раста на иста сцена во Арена „Јане Сандански“
-
Шоу Бизпред 2 денаЈАКОВ ЈОЗИНОВИЌ ДОАЃА ВО СКОПЈЕ – РЕГИОНАЛНАТА СЕНЗАЦИЈА СО ПРВ КОНЦЕРТ ВО МАКЕДОНИЈА
-
Шоу Бизпред 2 дена25 години музика во една вечер – „Љубојна“ со јубилеен концерт во Скопје
-
ЗАБАВНАпред 13 часа„Оваа недела не е во ред да пееме“: Владо Георгиев го помести својот концерт во Скопје за 24-ти април
-
Народнапред 2 месециВладимир Поповски ја оживеа „Непокорни Македонци“ – песна што зборува во името на народот
-
Шоу Бизпред 4 месеци„Аска 2“ доаѓа на 2 декември – нов музички бум од Теа Таировиќ
-
Шоу Бизпред 2 месециАлександар Митевски и хорот „Фрида“ со музички спомен за Фросина Кулавкова
-
Народнапред 2 месециЛени Партикова со прес-конференција го најави концертот и новиот албум „Горда сум Македонка“
