Поврзете се со нас

Народна

„Каде сте Македончиња“ уште еднаш оживува – Андријана Јаневска со моќна изведба

Објавено

на

Во рамки на проектот ,,Македонијо во срце те носиме”, нашата Андријана Јаневска го претстави своето ново препевање на легендарната песна ,,Каде сте македончиња”, емотивна композиција која длабоко го допира секој што ја слушнал.



Песната, која за прв пат ја испеа Александар Сарев во 1987 година на Фолк фест Валандово, е дело на Бранко Ѓоргиевски-Кецовски и претставува музички споменик за егзодусот на Македонците од Егејскиот дел на Македонија. Со своите зборови, песната ја пренесува болката на генерации кои биле присилени да ги напуштат своите домови, но и неизгасливата љубов кон татковината.


Во новата верзија, гласот на Андријана Јаневска ѝ дава свежа и современа интерпретација, притоа задржувајќи ја оригиналната сила на пораката. Музичкото видео, кое ја следи песната, е дополнето со архивски сцени и фотографии од бегалците од Егејска Македонија, потсетувајќи нè на вистинските луѓе и приказни зад стиховите.


Проектот ,,Македонијо во срце те носиме” има за цел да ги оживее и зачува македонските патриотски песни преку современи изведби, носејќи ги поблиску до помладите генерации и пренесувајќи ја историјата низ музика.


Со ова препевање, „Каде сте Македончиња“ уште еднаш оживува како глас на минатото што нè повикува да не заборавиме кои сме и да го чуваме нашето наследство.

Реклама
Продолжи со читање
Реклама

Народна

Кој стои зад „Горд Македонец“

Објавено

на

Од

Од нигде-никаде, но со срце полно македонски жар – на Фејсбук се појави ново име кое брзо го освои вниманието на публиката – „Горд Македонец“. Зад овој патриотско музички проект, стои младиот ентузијаст Димче Ѓорѓиовски, 30-годишно момче од познатото село Прибилци, селото опеано во легендарната песна „Ја излези Ѓурѓо“.

Со своето прво музичко појавување, Димче направи вистински бум меѓу љубителите на македонската народна и патриотска песна. Неговита песна ..Непокорни Македонци” полна со емоции, гордост и љубов кон татковината ги потсети сите дека патриотизмот не е заборавен, туку само чека некој млад и храбар да го продолжи.

Горд сум на моето потекло, на моето Прибилци – селото опеано во песната ‘Ја излези Ѓурѓо’. Таа песна за мене е химна, гордост и инспирација,“ вели Димче, чија љубов кон традицијата го води во секој чекор.

Нашата култура, јазикот, носијата, архитектурата, фолклорот – тоа се нашите богатства. Им се восхитувам на предците и ги поддржувам сите млади кои со срце ја промовираат Македонија,“ додава тој.

Иако млад, Димче зборува со зрелост за љубовта кон Македонија:
Не сме голем народ можеби, но имаме голема душа. Господ ја гледа љубовта во нашите срца. Немаме зло кон никого – само ја сакаме нашата земја и нашата слобода.

Реклама

Плановите и желбите на Димче се големи, но како што самиот вели, за нив се потребни многу време и финансии. Засега со скромни финансиски услови, но со огромна волја, Димче сам ги пишува и создава своите песни – користејќи AI технологии за аудио и видео продукција. „Сѐ уште сум почетник, но верувам дека Господ ќе даде сила и можности да ги снимам песните професионално. Моја желба е да остане присутен фолклорот, македонското, оригиналното. Плановите ми се да чекорам по патот што го започнав, ширење и промоција на македонската народна песна, поддршка на младите таленти. “

Димче ја љуби Македонија и со тоа што сака да ја запознае цела, па така, во 2024 година, тој ја обиколил речиси цела Македонија — од југоисток до североисток, восхитен од убавините на земјата. „Во иднина сакам да направам повторно тура низ Македонија, само што овој пат нема да биде одредена рута, туку ќе одам од едно место на друго, сакам да ги видам и да ги претставам местата што треба да се знаат и ценат.

Реклама

Како новитет за негови следбеници, чиј број од ден на ден се зголемува, Димче најавува и нова песна со наслов „Таму во гората“, која ќе биде уште поемоционална и посилна со порака за љубовта кон татковината. Со нетрпение ја очекуваме оваа нова творба која ветува да го продолжи патриотскиот бран што тој веќе го започна.

Планови има многу, ентузијазам уште повеќе — а Димче не планира да застане тука. Една од неговите желби е еден ден можеби да запее во бенд, каде што неговиот глас и енергија ќе можат да допрат до уште повеќе срца.

Реклама

Естрада.мк му посакува на младиот патриот и вистински горд Македонец – Димче Ѓорѓиовски, да успее на патот што го започна, да го оствари својот сон и преку песна да продолжи да ја љуби и носи Македонија низ светот.

Реклама
Продолжи со читање
Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
Реклама

ПОПУЛАРНИ