Поврзете се со нас

Народна

Фолклорните ансамбли Танец“од Македонија и „Ладо“ од Хрватска на заеднички ексклузивен концерт во Скопје

Објавено

на

Скопје ќе биде повторно ќе биде домаќин на уникатен културен настан кој ќе ги обедини македонската и хрватската традиција на една сцена. Македонскиот национален ансамбл за народни игри и песни „Танец“ и хрватскиот национален фолклорен ансамбл „Ладо“ ќе настапат заедно на ексклузивен концерт што ќе се одржи на 10 јули во Македонската опера и балет.

Почетокот на концертот е закажан за 20:30 часот, а публиката ќе има ретка можност да ужива во богатството на народната музика, игра и културно наследство на двете земји, претставени од ансамбли кои со децении се амбасадори на традицијата и националниот идентитет.

„Танец“, симбол на македонскиот фолклор и чувар на вековните обичаи и песни, ќе ја сподели сцената со реномираниот хрватски ансамбл „Ладо“, познат по своите врвни изведби и посветеност на зачувувањето на културното наследство. Заедничкиот концерт претставува вистински празник на традицијата и уметноста, но и можност за продлабочување на културната соработка меѓу Македонија и Хрватска.

Реклама
Во Твоја Зона

Во атмосфера исполнета со емоции, раскошни народни носии, виртуозни музички изведби и впечатливи кореографии, посетителите ќе можат да доживеат вечер која ги поврзува минатото и сегашноста преку универзалниот јазик на фолклорот.

На 10 јули, Македонската опера и балет ќе стане место каде традицијата ќе оживее во својот најубав облик, носејќи незаборавно доживување за сите љубители на народната уметност.

Билети преку kupikarta.com

Реклама
Во Твоја Зона
Продолжи со читање
Реклама Во Твоја Зона

Народна

,,Фолк Фест Роса“ слави 27 години – Една ноќ, многу хитови и незаборавни музички емоции!

Објавено

на

Од

Македонската фолк-музика има уште една причина за славење! Еден од фестивалите што оставија свој белег на домашната естрадна сцена, „Фолк Фест Роса“, годинава одбележува 27 години постоење, а големиот јубилеј ќе биде прославен на 9 ноември во Националната опера и балет во Скопје.

Под мотото „Една ноќ – многу хитови“, публиката ја очекува музичка вечер посветена на песните, емоциите и имињата што низ годините ја градат приказната на овој фестивал.

Од своето прво издание во 1999 година, „Фолк Фест Роса“ претставува дел од македонската музичка традиција, овозможувајќи им на афирмираните изведувачи, но и на новите музички надежи, да ја претстават својата песна пред публиката. Низ годините, фестивалската сцена ја споделувале бројни познати фолк-имиња, а дел од песните продолжиле да живеат и долго по нивните премиерни изведби.

Реклама
Во Твоја Зона

Јубилејната вечер е можност повторно да се потсетиме на музиката што буди спомени, на рефрените што се пеат во еден глас и на емоциите што само добрата народна песна може да ги пренесе. Фолкот е музика што ги спојува генерациите, раскажува приказни за љубовта, животот, радоста и тагата, а токму таа блискост со публиката е дел од неговата трајна вредност.

Очекувањата се дека и ова издание ќе донесе вечер исполнета со добра музика, познати естрадни имиња и вистински фестивалски дух. Имињата на учесниците и дополнителните детали за програмата се очекува да бидат објавувани во периодот што следува.

Реклама
Во Твоја Зона

27 години „Фолк Фест Роса“ – 27 години музика, традиција и хитови!

Големиот музички настан ќе се одржи на 9 ноември 2026 година, со почеток во 20 часот, во Националната опера и балет во Скопје. Влезниците се по цена од 400 денари и се достапни преку продажната мрежа на Karti.com.mk.

Реклама
Во Твоја Зона

За дополнителни информации, заинтересираните можат да се обратат на телефонскиот број 070 266 266.

Една вечер, многу хитови и 27 години музичка приказна што продолжува!

Реклама
Во Твоја Зона
Продолжи со читање
Реклама Во Твоја Зона
Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
Реклама

ПОПУЛАРНИ