Народна
Зуица Лазова со емотивна изведба на „Горда Македонка“ во рамки на проектот „Македонијо, во срце те носиме“
Во рамки на културно-музичкиот проект „Македонијо, во срце те носиме“, кој има за цел да ја зачува и реафирмира македонската музичка традиција, вчера беше промовирана нова песна – „Горда Македонка“. Овојпат во современа, но верна на духот на оригиналот, интерпретација од популарната фолк-пејачка Зуица Лазова.

Песната првично ја изведуваше Славка Младеновска, чиешто име е синоним за традиционалната македонска музика. Нејзината оригинална верзија на „Горда Македонка“ остана врежана во меморијата на публиката како химна на македонската жена – достоинствена, силна и полна со љубов кон своите корени.

Зуица Лазова, која зад себе има богата кариера и многубројни настапи во земјата и дијаспората, успеа преку оваа нова изведба да внесе свежина и емоционална длабочина, притоа почитувајќи го автентичниот дух на композицијата. Со нејзиниот препознатлив вокал и сценска енергија, Лазова уште еднаш потврдува зошто е една од највлијателните гласови на македонската народна сцена.

Проектот „Македонијо, во срце те носиме“ продолжува да ги поврзува генерациите преку музика, носејќи ги старите народни песни до нова публика. Преку професионални аранжмани, визуелни продукции и избор на врвни интерпретатори, проектот не само што ја чува македонската културна историја, туку ја ревитализира и прави достапна за новите генерации.

Промоцијата на песната беше придружена со видеоспот, кој дополнително ја нагласува пораката за женската сила, љубовта кон татковината и гордоста да се биде Македонка. Реакциите од публиката не изостанаа – социјалните мрежи се преплавени со позитивни коментари и споделувања, а многумина ја нарекуваат „новата химна на македонската жена“.

Со оваа интерпретација, Зуица Лазова потврди дека македонската народна песна живее, се развива и добива нова вредност преку вакви проекти.
Народна
Анета Љумаковска со моќна нова песна „Жена“ – ода за силата, достоинството и емоцијата на современата жена!
Македонската пејачка Анета Љумаковска повторно го воодушеви својот круг на обожаватели со новиот сингл „Жена“, песна која уште од првото слушање допира длабоко во душата. Со моќна интерпретација и искрена емоција, Анета испраќа силна порака за жената како симбол на сила, љубов и достоинство, а нејзиниот глас во себе носи моќ, сила и гордост што е и таа една од тие жени.


Песната е дело на текстописецот Анита Даева, додека за музиката и аранжманот стои Дејан Момироски од XL Studio, кој успеал да создаде совршена емотивна мелодика што ја издигнува нумерата на едно повисоко уметничко ниво.


Посебен печат на проектот му дава и видеоспотот, кој е снимен низ познатите улици и места на Рим. Под режисерска палка на Art Studio – Дејан Ѓоргиев и Давид Стојковски, визуелната приказна ја следи емоцијата на песната, жена која минувала низ искушенија, но гордо и достоинствено стои исправена, како симбол на сила и љубов.

Анета со „Жена“ покажува дека нејзината музика е повеќе од звук, тоа е исповед, порака и инспирација за сите жени кои секојдневно се борат, љубат и простуваат, но никогаш не се предаваат.

Со оваа нумера, Љумакова уште еднаш докажа дека има уникатен вокал и стил што не може да се игнорира. „Жена“ е песна која не само се слуша, таа се чувствува со срце.
-
Некатегоризиранопред 1 недела„Аска 2“ доаѓа на 2 декември – нов музички бум од Теа Таировиќ
-
Шоу Бизпред 3 месециНа 18-ти септември село Булачани ќе чука „во ритам на хуманоста“ со голем концерт
-
Шоу Бизпред 3 месециНастапот на Раде Младеновски на Тумба Фест го потврди неговиот подем на македонската сцена
-
Шоу Бизпред 5 месециВодителката Биљана Коцева – Алексова на пат за Острог
-
Шоу Бизпред 5 месециИмпресиите на Бици по враќањето од Острошкиот манастир
-
Шоу Бизпред 4 месециМиро Костовски – Бизнисмен со срце, југоносталгичар со душа и човек кој знае да го слави живот
-
Шоу Бизпред 2 месециНино и Мац со голем исчекор – склучија договор со продукција ‘Зона М1’ и тргнуваат кон регионален успех!
-
Народнапред 3 неделиКој стои зад „Горд Македонец“
